Среда, 01 Август 2012    PDF Печати Е-пошта
Димитар Николов Благоев - Дедото

Dimitar_BlagoevДимитар Николов Благоев - Дедото (1856 –1924) – револуционер, учител, писател и публицист. Тој е основоположник и предводник на социјалдемократското и комунистичкото движење во Бугарија (1891–1923). Се чуствува Македонец и пројавува револуционерна активност во Mакедонското Oслободително Движење.

Во 1917 г., како шеф на Социјалдемократската Парламентарна група во Бугарскиот парламент, сите бугарски војни што се воделе во Македонија ги оквалификува како завојувачки и како Македонец, бара Македонија да се оформи во самостојна балканска држава. Димитар Благоев како револуционер, учител и писател се појавува под псевдонимите Дедото, Братанов или Сенекс.

Димитар Благоев е роден на 14 јуни 1856 година во сиромашно македонско семејство во костурското село Загоричани, Егејскиот дел на Македонија. Додека мајка му се грижела за него и неговите двјца браќа и работела во полето, татко му за да го прехрани семејството морал да замине на печалба во Истанбул.

Во 1864 година Димитар почнал да учи во родното место, а во 1870 година татко му го зел во Цариград каде две години работел како кондураџиски помошник. Во 1872 година, Благоев се запишал во училиште во Фанар, а потоа го продолжува своето образвание во Одрин (1874 – 1875), Габрово (1875 - 1876) и Стара Загора (1876 – 1877).

Во 1876 година, како студент во Габрово учествувал во подготовката на Априлското востание, кое е дел од борбата за независност на бугарскиот народ под Османската империја. За време на Руско-турската војна (1877 – 1878), тој во 1877 година се засолнува во Свиштов и ги поддржувал доброволците (ополченци) кои дејствуваат во рамките на руската армија. Во 1878 година Димитар Благоев работи во тутунскиот склад во Свиштов, а истата година го продолжува своето образование во руската империја. Во 1880 година тој дипломирал во Одеса.

Во почетокот на 1880 година, како студент на Универзитетот во Сент Петерсбург, станува доста активен во студентската организација против царскиот гнет. Во 1883 година, под влијание на Маркс и популистиечките идеали на Прудон и Ласал, Благоев созрева и ја оформува првата социјалдемократска група во Русија, со партискиот орган, весникот „Работник“ (Рабочий). Во март 1855 година, заради илегални активности, руската полиција го апси Благоев и подоцна во недостаток на сериозни докази го депортира во Бугарија.

По враќањето во Бугарија, Димитар Благоев се населил во Софија и почнал да ги шири социјалистичките идеи. Во 1886 година работел како учител во Шумен, но поради своите ставови бил отпуштен, па заминал во Видин каде предавал во локалната гимназија. Во 1890 година бил осуден на 3 години затвор, но по поднесената жалба бил ослободен. Се преселил во Трново, каде пролета 1891 година се оддржува првата средба на социјалистичките групи.

На иницијатива на Благоев, во јули 1891 година социјалдемократските кругови на Габрово, Казанлак, Сливен, Стара Загора и Трново се обединиле во Социјалдемократска партија. Тоа е време во кое членовите на партијата биле изложени на страшна репресија на режимот на Станболов. По падот на Стамболов во 1894 година, Благоев заминал во Пловдив каде предава во средно училиште и ги уредува списанието „Ново време“ и весникот „Работник“.

Во овој период пишува повеќе трудови меѓу кои „Развојот на социјализмот во Бугарија“. Во интерес на работниот народ, во 1894 година партијата на Благоев се обединува со унионистите, новоформираната реформистичка Социјалдемократска унија (1893), во Бугарска социјалдемократска работничка партија (БСДРП). По децениска тврдоглава борба со реформистите доаѓа до разединување. Како основач и лидер на Социјалдемократите тој го води левото крило на социјалистите т.н. тесни социјалисти, кои во 1903 година се отцепуваат.

Димитар Благоев исто така бил активист на Македонско-одринскиот комитет во Пловдив, а од 1897 година и негов претседател. Во 1898 година, Гоце Делчев направил обид да го убеди Благоев да застане на чело на Врховниот Македонски комитет, но Благоев го одбил предлогот. На шестиот македонски конгрес на македонските друштва кој се одржал во Софија во мај 1899 година, Благоев предложил формирање на Балкански соединети држави, но тој бил отфрлен.

Меѓу 1897 и 1923 година, со прекини, Благоев објавил повеќе од 500 трудови во партиското списание „Ново Време“, вклучувајќи ги тука и списанијата „Работник “, „Работнички весник“ и „Социјалист“.  Истовремено тој превел на бугарски јазик повеќе дела од Маркс и Енгелс, меѓу кои и првиот том на „Капитал“(1905). Неговата монографија „Историја на социјализмот во Бугарија“(1906), го означува почетокот на бугарската марксистичка историографија.

Димитар Благоев ја предводеше делагацијата на бугарските социјалисти на Балканската социјалистичка конференција во Белград (1910) и Букурешт (1915), каде говореше за зближување  на балканските народи и нивната заедничка борба против експанзионистичките аспирации на империјалистите. Тој е против интервенцијата на големите сили во Југоисточна Европа, верува во балканска Федеративна Република и се спротивставува на военото ангажирање на Бугарија во Втората балканска војна и Првата светска војна.

Во октомври 1914 година, како член на Народното собрание на Бугарија (од 1902 г.), Благоев и неговата социјалистичка фракција гласаат против воените кредити, а тој се спротивставува на учеството на Бугаријата во војната. Во текот на Првата светска војна социјалистите на Благоев ја напуштаат Втората интернационала, а во 1919 година се преименуваат како Бугарска комунистичка партија (тесни социјалисти).

Во 1917 година, како шеф на Социјалдемократската Парламентарна група во Бугарскиот парламент, сите бугарски војни што се воделе во Македонија ги оквалификува како завојувачки и како Македонец, бара Македонија да се оформи во самостојна балканска држава.  Во својот говорот Благоев меѓу другото вели:

Која историја? Таа ли вие што ја фалсификувате? Таква историја ние не признаваме. Ние гледаме како е во стварноста... И тој процес, за кој ни говори г. Сак'зов и којшто го поддржуваат и други, не е за обединување на бугарското племе туку за завладување на...  Балканскиот Полуостров...

.. Јас сум родум од Загоричани, меѓутоа, јас не сум Бугарин. И како таков, ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како земја која ќе си има своја сопствена управа...

Ако сте вие убедени дека во Добруџа се Бугари, дека во Моравско, дека во Македонија се Бугари, дека во Серес, Драма и Кавала се Бугари, зошто вие се плашите од таа формула на рускиот мир? Ако сте убедени дека некаде има Бугари, нека се направи референдум и да видиме што ќе кажат. Зошто врескате? Значи несигурни сте, значи има нешто што ве тревожи, има некои области завладеани од вас кои ако се подложат на референдум ќе ви се измолкнат од рацете“.

Димитар Благоев како револуционер, учител и писател се појавува под псевдонимите Дедото, Братанов или Сенекс. Неговата писмена револуционерна активност е објавена во XX тома.

Димитар Николов Благоев – Дедото умира на 7 мај 1924 година во Софија. На последниот пат кон вечниот дом последна почест му оддаваат повеќе од 30.000 луѓе.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.