Среда, 08 Август 2012    PDF Печати Е-пошта
Аргир Манасиев

Argir_ManasievАргир Наков Манасиев (15. II. 1872 – 7. IX. 1932) – македонски револуционер, учител, гевгелиски околиски војвода и учесник во Илинденското востание. Во 1894 година станал член на Македонската револуционерна организација, а од 1901 до 1905 година бил гевгелиски околиски војвода и учесник на Рилскиот конгрес.

Аргир Манасиев е роден на 15 февруари 1872 година во селото Сехово (грч. Идомени), гевгелиско, Егејскиот дел од Македонија. Татко му Нако Манасиев се залагал за обнова на Охридската архиепископија и бил голем борец против Патријаршијата, а подоцна станал и член на Македонската револуционерна организација (МРО). Меѓутоа, нерешавањето на македонското црковно прашање отворило широк простор за продор на католичката пропаганда и унијатството во Македонија, особено во Кукушкиот крај. Во овој период Аргир Манасиев бил испратен да се образува во Католичката гимназија во Зејтинлик во Солун.

По завршувањето во 1891 година, Аргир Манасиев останува да работи во Католичката гимназија како професор. Се запознал со македонскиот револуционер Никола Наумов, кој го снабдува со револуционерна литература. По скандалот настанат при пречекот на католичкиот епископ од Рим, Л. Младенов, Манасиев заедно со 25 ученици ја напушта гимназијата во 1893 година. Меѓутоа, не се исполнува неговата желба да се запише на Военото училиште во Софија. Под влијание на Гоце Делчев и Даме Груев, Аргир Манасиев станува член на Македонската револуционерна организација во 1894 година и активно учествува во создавањето на нови комитети и проширувањето на организацијата.

Во 1894 година, Манасиев станал учител во Ново Село, а од есента по налог на МРО бил назначен за учител во солунското село Негован, кој бил важен организациски пункт меѓу Солун и Сер. Во Негован, Манасиев организирал револуционерен комитет во кој влегле сите способни за борба. Во учебната 1897/98 година, Манасиев предавал во гевгелиското село Смоквица, во кое имал задача да отвори канал за пренос на оружје за Гевгелиско и Битолско.

Во текот на октомври 1897 година, Манасиев ја организирал првата чета во гевгелиско и заедно со членот на Централниот Комитет Пере Тошев прави обиколка на селата Баровица, Конско, Лесково, Тушин и Серменин. Во септември 1898 година, Манасиев станува учител во Гевгелија, а по Солунската и Бајалската афера, разоткриен и баран од турските власти тој се повлекува во илегала во почетокот на 1901 година. До август 1901 година Манасиев бил секретар во четата на Михаил Апостолов, член на реонското тело во Кавадарци, а потоа по наредба на Централниот комитет го презема раководството на целата револуционерна околија.

Од август 1901 до август 1905 година, Аргир Манасиев бил гевгелиски околиски војвода и делегат на Рилскиот конгрес. Во овој период, во неговата чета бил идниот војвода Леонид Јанков. Кон крајот на 1901 година заминал во Софија, каде што учествувал на состаноците на

Задграничното преставништво. Во март 1902 година, Манасиев и Апостол војвода биле задржани на границата при обид да се вратат во Македонија, но, подоцна тој ја преминува границата со четите на Стојан Филипов и Христо Куслев.

Во текот на Илинденското востание, Манасиев заедно со Димитар Занешев и Петар Јуруков се наоѓа во главниот востанички штаб на револуционерниот округ Кожув. По прекинувањето на каналите за дотур на оружје, кое настанува по Солунските атентати, востаничкиот штаб се одлучува за спроведување на диверзанстки акции. Четите на Аргир Манасиев и Сава Михајлов, заедно со селската милиција од Бојмица, го креваат во воздух железничкиот мост на Вардар кај Гевгелија. Покрај мостот, во диверзијата била оштетена пругата во должина од 300 метра.

Во текот на август, четите на двајцата војводи сакаат да ја повторат акцијата кај Демир Капија, но, по извршеното предавство доаѓа до целодневна борба на обединетите чети со турската војска кај Клисура, во која имаат седум загинати и двајца ранети востаници. Месец дена потоа, заедно со Кукушката чета водат борба кај месноста Башбунар на Пајак планина.

По Илинденското востание, војводата Аргир Манасиев останува во реонот и работи на возобновување на организацијата, а се истакнува и како цврст противник на грчката вооружена пропаганда. На Солунски окружен конгрес одржан во август 1905 година во Солун, Манасиев бил вклучен во окружното управување и задно со Борис Мончев и Добри Даскалов бил избран за делегат на Солунскиот округ за престојниот Рилски конгрес.

На Конгресот одржан во октомври 1905 година во Рилскиот манастир, најголемиот собир на македонските револуционери по Илинденското востание, на тајно гласање за претседател бил избран Даме Груев, а за секретари биле избрани Илија Балтов и Аргир Манасиев. Во расправиите за идното уредување на Организацијата, Манасиев застанал на страната на Даме Груев и помалиот број делегати кои го претставувале конзервативното или десно крило. Меѓутоа, и покрај струењата на Конгресот бил постигнат компромис, по што бил усвоен новиот Устав и Правилник, според кој Организацијата го добила официјалното име „Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација“ (ВМРО).

Во 1906 година емигрирал во Софија каде живее се до 1908 година, кога за време на Младотурската револуција се враќа во Македонија и до 1912 година работи како учител во Гевгелија и Гуменџе.

Во текот на Првата Балканска војна во 1912 година, Аргир Манасиев бил доброволец во Македонско-одринското ополчение и војвода на Првата Гевгелиска чета, а подоцна  бил во 14–тата Воденска дружина. Од 1912 до 1913 година бил бугарски околиски управник на Гевгелија, а по меѓусојузничката војна станал околиски управник на Струмица (1913 – 1919).

По Првата Светска војна, Аргир Манасиев се населува во Горна Џумаја (денешен Благоевград) во 1919 година. Таму останува да живее до крајот на својот живот. Работел како секретар на Окружната училишна инспекција, а се вклучил и во „Спомагателната организација на ВМРО“. Манасиев бил претседател на Околиското управно тело на ВМРО во Горна Џумаја.

Војводата Аргир Манасиев умира крајно сиромашен на 7 септември 1932 година во Горна Џимаја.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.