Среда, 15 Август 2012    PDF Печати Е-пошта
Кирил Манчевски

kiril-mancevski-240Кирил Манчевски (8. XI 1936 - 8.VIII 1975) е македонски пејач, еден од великаните на градската, лирска и елегична народна песна. Настапува како солист и во дует, особено со Виолета Томовска. Активен во шеесеттите и во почетокот на седумдесеттите години од XX век, тој ги остварил антологиските изведби на познатите песни:

„Девојче тенко, високо“,

„Изникнало криво крушче медено“,

„Кога си тргнав в туѓина“,

„Лино моме Севдалино“,

„Ајде сонце зајде“,

„Абер дојде Донке“,

„Бог да убие дебрани“,

„Запеј песна Македонко“, и многу други.

Кирил Манчевски е роден на 8 ноември 1936 година во селото Броштица, Дебарско. Израснат во виорот на Втората светска војна и обновата на земјата, новиот општествен поредок од него ќе создаде металски работник. Меѓутоа, песната ќе биде негов животен сопатник. Во својот краток но плоден живот тој целосно и се посветува на народната песна.

Неговиот музички талент е откриен во педесетите години на XX век. Но, во шеесетите и седумдесетите години, доаѓа до полн израз неговиот талент и музичката зрелост. Тогаш како вистински професионалец, ги остварил најдобрите изведби на низа познати македонски песни.

Во овој период, Кирил Манчевски ги пее македонските музички бисери. Гостувајќи со разни македонски фолклорни ансамбли, тој пред домашната и светската јавност ги презентира едни од најубавите песни на богатата македонска фолклорна музичка ризница. Во неговиот репертоар доминантно место имаат градските, лирските, печалбарските, патриотските и други песни.

Легендата на македонската народна музика Кирил Манчевски во текот на својата кариера изгради единствен интерпретаторски стил кој  исполнет со лиризам, широки и богати мелизми, издржани каденци и препознатливи прецизни мелодиски орнаменти. Неговиот префинет неповторлив глас, преполн со емоции, едноставно го хипнотизира слушателот, а неговите лирични експресивно обликувани рубато песни кои кон крајот се стопуваат со тишината како да преставуваат јавна молитва на македонскиот народ.

Кирил Манчевски настапува како солист или во дует, особено со Виолета Томовска.

Тој ги остварил антологиските изведби на низа познати песни, како што се:

„Девојче тенко, високо“,

„Изникнало криво крушче медено“,

„Кога си тргнав в туѓина“,

„Лино моме Севдалино“,

„Ајде сонце зајде“,

„Абер дојде Донке“,

„Бог да убие дебрани“,

Јано мори, Јано леле севдалино“,

„Запеј песна Македонко“ и многу други.

Кирил Манчевски во едно чуствително време знае силно да ги изрази своите патриотски чуства. Тој пее за разделените  браќа и сестри со граници, за поделената македонска земја. Во песната „Запеј песна Македонко“, тој ги повикува Македонците од сите три дела да се обединат:

„Запеј песна Македонко,
ти испрати голем поздрав надалеку.
Поздрави браќа, сестри на три страни
од Охрид, до Пирин, дур' до Солуна.


Твојта песна Македонко,
ќе расплаче многу срца разделени,
невидени браќа, сестри многу години
со тие граници разделени.


Запеј песна Македонко,
да се зберат браќа, сестри Македонци,
сите ние да запејме, да се чуе
од Охрид до Пирин, дур до Солуна.“

Кирил како човек бил едноставен, скромен и искрен човек, кој преку песната ја отвори својата благородна душа за пошироката јавност. Преку песната тој допираше до сечие срце, ја пренесуваше вечната тајна на македонскиот народ и никого не го оставаше равнодушен. Денес неговите музички бисери, неговите антологиски песни го имаат истиот ефект врз слушателот како и пред речиси четири децении.

По долго и тешко боледување, Кирил Манчевски  умира релативно млад. Во четвртата деценија од својот живот, Кирил почина на 8 август 1975 година во Скопје. Кирил ќе остане запишан како еден од великаните на градската, лирска и елегична Македонска народна песна.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.