Среда, 29 Август 2012    PDF Печати Е-пошта
Стојан Христов

stojanHristovСтојан Христов (15.VIII.1897 - 24.I.1996) е американски писател, новинар, публицицист, политички аналитичар и сенатор на сојузната држава Вермонт од македонско потекло.

Стојан Христов е роден на 15 август 1897 година во селото Кономлади, Костурско, Егејскиот дел на Македонија. Тешката економско-политичка положба со која се соочува македонскиот народ во Отоманската империја пред Првата балканска војна, ќе предизвика голем број Македонци да заминат на печалба во прекуокеанските земји. Во 1911 година, Стојан Христов како четринаесетгодишник емигрира во САД.

По доаѓањето во САД, Христов работи како физички работник во ложилницата во Сент Луис, а потоа на изградбата на железницата во државите Монтана и Вајоминг. Откако заработува одредена сума на пари заминува за Чикаго, каде посетува вечерни часови по англиски јазик. По неколку месеци се запишува на Универзитетот „Валпараизо“, Индијана. По осумнаесет месеци, Христов ги прекинува студиите и повторно заминува да работи на железницата во Монтана. Таму работи во група со други Македонци и откако заработува доволно средства се враќа на Универзитетот. Студиите кои ги започнал во 1918 година, иако со прекини поради недостаток на средства, успешно ги завршува во 1922 година.

Откако дипломирал, Христов работи како новинар и уредник на неколку весници во Чикаго. Од 1922 до 1925 година работи како уредник на весникот „House Organ“ од Чикаго, а во меѓувреме се стекнува со американско државјанство (1924 г.). Во 1925 година, Христов започнал да работи како новинар во чикашкиот весник „Daily News“, во кој објавува повеќе натписи за емигрантите со кои го привлекува вниманието на јавноста. Како Македонец, Христов посебно се интересирал за политичката состојба во својата татковина, па во периодот од 1927 до 1929 година работи како специјален дописник од Балканот за „Daily News“.

Од 1929 до 1941 година, Христов со прекини работи како слободен писател во Њујорк, а потоа се сели во Вермонт, каде живее се` до крајот на животот. Во меѓувреме, во 1937 година стапува во брак со Маргарет Вутерс Халовел, која има индијанско потекло. Како писател пишува повеќе раскази и романи со историска тематика, која го обработува мачниот ропски живот на македонскиот народ, како и неговата борба за слобода.

Во овој период Стојан Христов ги пишува расказите: „Стариот пчеларник“  (1926), „Камбана“ (1927), „Балканските бездомни веселковци“ (1928), „Полуамериканец“ (1929), „Америкоманија“ (1930), „Неприродна натурализација“ (1930), „Низ долината на Балканот“ (1930), „Мојот пријател Слободата“ (1930) и други, како и романите:  „Мара“ (1937), „Ова е мојата таковина“ (1938) и „Лавот од Јанина“ (1941). Автобиографијата „Ова е мојата татковина“ станува омилено четиво на американскиот претседател Френкли Делано Рузвелт.

Во текот на Втората Светска војна, како добар познавач на балканските прилики, Христов станува американски воен разузнавач. Од 1942 до 1944 година, тој работи како аналитичар и предавач во Одделот за воени известувања во Пентагон.

По Втората Светска војна во 1952-1953 година, Стојан Христов престојува на Балканот како дописник на северноамериканското новинарско здружение „НАНА“. Во 1953 година на покана на тогашното раководство и Матицата на иселениците на Македонија, Христов со својата сопругата Маргарет Вутерс Халовел престојува во Македонија.

Стојан Христов активно се вклучува во општествено-полтичкиот живот по враќањето во САД. Во 1964 година Стојан Христов станува сенатор на американската држава Вермонт. На оваа позиција останува се` до 1973 година. Во текот на својот живот тој активно учествува во повеќе општествено-хуманитарни акции. Стојан Христов, со својата новинарска, законодавна и писателска работа оставил значаен белег во американското и во македонското општество.

Во 1985 повторно престојувал во РМ, кога му била доделена академската титула „Почесен доктор по филолошки науки“ на Универзитетот во Скопје и бил избран за дописен член на МАНУ. Тогаш во Друштвото на писателите на Македонија е формирана фондацијата „Стојан и Маргарет Христов“.

По повод доделувањето на титулата „Почесен доктор на филолошките науки“, Стојан Христов во својот говор во кој се осврнува за почетоците на своето пишување вели:: „...Македонската тема што доминираше во моите литературни дела, ги заинтерисира и другите уредници, така што веднаш се најдов на добар пат. Пишував на англиски, затоа што немав услови да пишувам на мојот мајчин јазик. Станав Американец. Америка ми постана втора татковина, но не можев да ја напуштам мојата Македонија, мојата прва мајка... Бев среќен и весел што можам да го пренесам сето она што го носев и во себе го чувствував за мојот народ и мојата родна земја...“.

Стојан Христов е автор на два јазика, на две литератури и како што самиот вели: „Ние сме Македонци по раѓање, Американци по избор… Ние сме усвоени синови и ќерки на Америка, но Македонија е нашата природна мајка и ние не можеме да ја заборавиме. Сакајќи ја Америка и должејќи и` ја верноста, ние би биле безвредни синови и ќерки на Америка ако немавме љубов во нашите срца за почвата што не хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборувавме како деца и што не го заборавивме...“.

Стојан Христов умира на 24 јануари 1996 година во Томпсон Хаус, Вест Довер, САД, на 99 години. Градот Довер, каде Христов го поминува најголемиот дел од својот живот, му се оддолжи на својот заслужен граѓанин  со поставување спомен-плоча пред градското собрание.

Христов е единственото лице родум од Македонија на кое САД му оддале ваква чест.

По смртта, дел од неговата архива била подарена на МАНУ. Неговото богато творештво опфаќа околу стотина раскази, книжевно-историски и мемоарски написи и романи чија тематика е историјата, традицијата и ентитетот на Македонија и македонскиот човек. Славата на Стојан Христов произлегува воглавно од неговите романи со македонско-американска тема: „Мара“ (1937), „Ова е мојата татковина“ (1938), „Мојот американски аџилак“ (1947) и „Орелот и штркот“ (1976). Со тема од Епир и за турското владеење на Балканот е романот „Лавот од Јанина“ (1941). Автор е и на хронологијата за настаните во Македонија од Илинденското востание до триесеттите години „Херои и атентатори“ (1935).

Американската критика за Стојан Христов говори, дека како раскажувач спаѓа во најславната група на писатели кои не пишувале на својот мајчин јазик. Тој бил споредуван со Бајрон, Емерсон, Витман. За “Орелот и штркот“ е пишувано како за најзначајно дело на деценијата што се појавило во Америка. Стојан Христов е писател од светски формат, кој е преведуван на повеќе јазици. Неговите дела овозможуваат македонската сторија да влезе не само во американската, туку и во светската литература.

Тихомир Каранфилов
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.