Среда, 19 Септември 2012    PDF Печати Е-пошта
Аџи папа Теодосиј Синаитски

teodosij-sinaitskiАџи папа Теодосиј Синаитски е роден во Дојран во втората половина на XVIII век. Учел во грчки училишта во Цариград. Мирското име му било Теохар. По враќањето во Дојран се оженил и бил ракоположен за свештеник. Попадијата рано му починала и тогаш почнал да ги посетува македонските манастири, а во 1828 година се нашол во Синај - во манастирот „Света Катерина“ каде се замонашил под името Теодосиј, а по манастирот бил наречен Синаитски.

Синаитскиот манастир со векови ги привлекувал Македонците што копнееле за духовни христијански подвизи и за аскетска просвета. Уште во XI век таму престојувала цела македонска колонија, која ја развила старата македонска книжевност. Таму се најдени македонски глаголски споменици - Синајскиот псалтир и Синајскиот требник. Во таа средина Теодосиј станал дури и архимандрит на тој манастир. Таму почнал да ја учи словенската писменост и да преведува молитви од грчки на македонски, испраќајќи им ги овие преводи на своите синови во Дојран.

Во 1831 година тој престојувал во Солун, каде служел во црквата „Света Мина“ на македонски јазик. Истовремено ја извршувал и службата и собирал милостиња за својот манастир низ Македонија. Тогаш се запознал со Кирил Пејчиновиќ, со Јордан Хаџи-Константинов - Џинот и со други преродбеници. Силно сознава дека на неговиот македонски народ му е потребна македонска, а не неразбирлива грчка книга, па одлучил да отвори македонска печатница во Солун 1838 година.

Во првите три години во неговата печатница биле отпечатени три книги. Неговата печатница изгорела во голем пожар, кој бил подметнат, и бил уништен голем дел од солунската чаршија. Набргу по несреќата, со матрејална помош од Кирил Пејчиновиќ, печатницата била обновена и продолжила да печати нови книги, но потоа уште еднаш била изгорена. По вториот пожар Теодосиј во своето родно место Дојран стана воденичар. Таму го дочекал и крајот на својот живот некаде во почетокот на педесетите години од XIX век.

Во печатницата на Теодосиј се печатени книгите: „Началное учение со молитви утренија“ е еден вид буквар напишан од Анатолиј Зографски, кој бил роден во Лазарополе. „Крако е описание на дванаесет атонски манастири во Света Гора“ претставува водич по Атон и дава опис на манастирите.

Автор на втората книга е Даскал Камче од село Ваташа, Кавадаречко. Четврта книга е „Утешение грешним“ од Кирил Пејчиновиќ. Петта е „Книга за научение трих јазиков славјаноболгарскиј и греческија и карамалицкој“. Во таа книга се дадени зборови и реченици во три колони на македонски, грчки и турски.

Научните истражувања утврдиле, дека македонскиот и грчкиот текст се препечатени од познатиот Четиријазичник на молско-полскиот даскал Данаил, а турскиот го дал приредувачот на книгата.

Книгите печатени во печатницата на Теодосиј Синаитски значеле голем придонес за ширењето на сознанието за потребата на говорниот македонски јазик, значеле победа на нашиот народен јазик над мртвиот старомакедонски и над туѓиот грчки јазик.

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.