Среда, 06 Март 2013    PDF Печати Е-пошта
Херберт фон Карајан

Херберт фон Карајан има македонско потекло.

Herbert_von_Karajan-280Неговиот пра-пра-дедо Горги Јохан Карајанис е роден во Кожани, Егејскиот дел на Македонија.

Во 1767 година, кога по повеќе деценискиот притисок на Цариградската патријаршија била укината Охридската архиепископија, а во Западна Македонија владеела тотална анархија предизвикана од луѓето на Али Паша Јанински и албанските разбојнички  банди, Ѓорѓи Карајанис кој има македонско или арумунско потекло (Власи кои се нарекуваат Македонци), заминал за Виена, каде постоела колонија на македонски трговци. Потоа заминал за Кемниц, Саксонија, каде заедно со брат му успешно учествуваат во создавањето на саксонската конфекциска индустрија. На 1 јуни 1792 година, за заслугите за создавањето на саксонски Манчесетер, Фридрих Август I им доделува на браќата благороднички титули и префиксот “фон“ во презимето. Пра-пра-дедото го отфрла грчкото презиме Карајанис и го враќа македонското (славјанско) презиме, именувајќи се фон Карајан.

Херберт Ритер фон Карајан е роден на 5 април 1908 година во Салцбург, Австро-Унгарија, во семејството на хирургот д-р Ернест Карајан и Марија Космач. Иако традиционалните биографи на Карајан пишуваат за српско или само славјанско потекло на мајката, најновите генеолошки истражувања говорат дека неговото семејство од страна на мајка му, преку неговиот дедо кој бил роден во местото Мојстран, Војводство Крањска (денешна Словенија), било словенско.

Првото музичко образование Карајан го стекнал од својот татко, кој како аматер свирел пијано и кларинет и бил член на Салцбуршкото музичко друштво. Иако прво научил да свири кларинет, како пијанист Карајан бил вистинско чудо од дете. Од 1916 до 1926 година учел пијано како главен предмет на Моцартовиот конзерваториум во Салцбург. Неговиот учител ја приметил неговата дарба и го насочил Херберт да се сконцентрира на диригирањето. По завршувањето на Моцартовиот конзерваториум, Херберт продолжува на Виенската академија.

Покрај музиката, Херберт се интересирал за техниката и започнал да студира на Техничката висока школа. Тој ги сакал брзите автомобили и авионите, а го фасцинирале техниката во служба на човекот. Меѓутоа, Херберт никогаш професионално не се занимавал со техниката, туку целиот свој живот му го посветил на музиката. Паралелно со конзерваториумот дипломирал и филозофија, работел како кларинетист, давал часови по клавир, а со велосипед

патувал во Бајројт за да во живо го студира диригирањето на Тосканини и Фуртвенглер.

Во 1929 година, Херберт фон Карајан диригирал со операта Саломе во Фестспилхаус во Салцбург, а од 1929 па се` до 1934 година бил капелмајстор во Стадтеатарот во Улм. Во 1933 година, дебитира како диригент на Салзбуршкиот фестивал со Рајнхардтова продукција на сцената на Валпургиската ноќ од операта Фауст. Истата година станува член на Нацистичката партија, а следната година во Салцбург диригира за првпат со Виенската филхармонија.

Од 1934 до 1941 година Херберт фон Карајан диригира со оперските и синфониските оркестри на Ахенската опера и како триесетгодишник доживува големи успеси. Во 1935 година бил именуван за Генерален музички директор, па како гостин настапува во Брисел, Букурешт, Стокхолм, Амстердам и Париз. Уште пред почетокот на Втората Светска Војна тој станува познат во Италија, Франција, Белгија, Холандија и други земји.

Во 1937 година, дебитира со Берлинската филхармонија и со Берлинската државна опера. Првиот голем меѓународен успех го постигнува со операта „Тристан и Изолда“ во Виенската Стадопера. Една година покасно го потврдува успехот со Бетовеновата опера „Фиделио“ која ја поставува со Берлинската државна опера.  Берлинските критичари го нарекуваат „Чудесниот Карајан“ и го споредуваат со Вилхем Фуртвенглер и Виктор де Сабат, тогашните најголеми оперски диригенти. Истата година Херберт фон Карајан потпишува договор со Дојче Грамофон и ја прави првата од бројните снимки, диригира со увертирата Чаробна Фрула.

Херберт фон Карајан бил познат по тоа што диригирал со затворени очи и без партитура пред себе. После една претстава во Берлин, Хитлер му се обратил на Карајан со примедба: „ Момче, кога диригирате со Вагнер пред себе мора да имате партитура. Зошто диригирате напамет? Тоа е голем ризик, омаловажување на генијалниот композитор. „Иако е член на НСДАП, Херберт не водел многу грижа за примедбата на фирерот, а за ваквата практика изјавил дека „не гледа добро, но затоа со секој музичар во оркестарот диши заедно, а партитурата ја има во главата“.

Спротивно на тогашната политика, откако се развел со првата жена во 1942 година, Херберт по вторпат стапува во брак со Анита Гутерман чиј што дедо бил Евреин. Иако Карајан ја губи милоста на нацистичкото раководство, тој сепак концертира во Берлин се` до 18 февруари 1945 година. Набрзо потоа заедно со сопругата заминал за Италија.

На 18 март 1946 година, Австрискиот денацификациски истражен одбор го ослободува Карајан од обвинението дека соработувал со нацистите, по што ја продолжува својата кариера. Карајан го изведува својот прв повоен концерт во Виена со Виенската филхармонија, но советските окупациски власти му ги забрануваат понатамошните концертски активности заради учеството во нацистичката партија. Тоа лето анонимно учествува на фестивалот во Салцбург, а дури наредната година му е дозволено да продолжи со професионалната кариера.

Карајан бил назначен за уметнички директор на Друштвото на пријателите на музиката во Виена во 1949 година,, а истата година дебитирал со „Свадбата на Фигаро“ во нејпознатата оперска куќа во светот Ла Скала во Милано. Во овој период тој снима со новооформениот Филхармониски оркестар во Лондон, кој благодерајќи на доприносот на Карајан станува еден од најпознатите во светот. Од таа година, тој доживотно учествува на фестивалот во Луцерн.

Во периодот од 1957 до 1964 година бил уметнички директор на Виенската државна опера. Тој соработува со Виенската филхармонија и Салцбуршкиот фестивал, каде го втемелува Велигденскиот фестивал кој стана традиција на Берлинската филхармонија. Во меѓувреме, во 1958 година, тој се разведува од Анита и по третпат стапува во брак со францускиот модел Елиет Мурет со која има две ќерки.

Во живот на Карајан најголема љубов била музиката и Берлинската филхармонија, со која успева да изненадува, а преку македонскиот музички ген класичната музика постојано да ја претвора во авантура. Тој е првиот што ја прифаќа идејата за снимање на записи на ЦД дискови и го има снимено целиот свој репертоар, кој се состои во најголем дел од германските класици, Бетовен и Вагнер. Во историјата на музичката уметност Карајан останува со огромна колекција на музички записи, филмови и оперски претстави.

Карајан имал богата и успешна кариера, а на јавните настапи и снимања, диригирал главно со Берлинската и Виенската филхармонија. Засегогаш ќе остане запаметен неговиот настап со Виенската филхарминија на Новогодишниот коцерт во 1987 година.

Советот на Европа го покани австриецот со македонско потекло Херберт фон Карајан да изготви инструментални аранжмани на химната на Европа за соло пијано, дувачки и синфониски оркестар. Карајан е добитник на многу награди, а во 1983 година УНЕСКО ја воспоствува наградата Карајан за исклучителни заслуги за развивањето на музиката.

Херберт фон Карајан умира на 16 јули 1989 година во Аниф, Австрија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.