Среда, 20 Март 2013    PDF Печати Е-пошта
Мануш Георгиев - Турновски

Manush_GeorgievМануш Георгиев (10. VIII. 1881 – 7. II. 1908) е македонски револуционер, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Тој е уште еден од плејадата млади македонски дејци кој својот живот го посветува на македонското ослободително дело. Длабоко уверен од неопходноста на револуционерната борба, Мануш го става својот живот во служба на народот за извојување на подобри денови на македонскиот народ.

Мануш Георгиев е роден на 10 август 1881 година во Турново, Струмичко. Иако е роден во Турново, тој детството го поминува во блиското Ново Село. По завршувањето на Струмичката прогимназија, своето образование го продолжува во педагошкото училиште во Сер, каде завршува втор педагошки курс.

Уште како ученик на Струмичката прогимназија тој се посветува на светото дело на Организацијата и како млад апостол проповеда по градовите и селата за целите на македонската револуционерна борба. По доаѓањето во Сер веднаш застанува на чело на ученичкиот револуционерен кружок, а во 1903 година учествува во бунтот против директорот на училиштето, поради што бил исклучен. Набргу потоа, Мануш учителствува во Струмичките села Барбарево, Бориево, Робово и Стиник.

Во предвечерието на Илинденското востание, Мануш Георгиев дејствува како легален раководител во родниот крај, а потоа бил назначен за војвода на Струмичката и Петричката околија. Солунските атентати го принудуваат да ја напушти легалната борба и да замине по горските патишта. Прогонет од турските власти како револуционер, Мануш во 1903 година се приклучува кон четата на Христо Чернопеев, а потоа станува секретар на војводата Димитар Попстаматов.

Во 1904 година, Мануш Георгиев бил назначен за околиски војвода на Петричката револуционерна околија. Со својата самопрегорна работа допринесува за заздравување на месните револуционерни комитети. Тој ги обиколуваше селата и како даровит оратор држи слово за револуционерната борба. Секоја негова изречена мисла, била балсам за напатената македонска душа. По цели часови Мануш знаеше да говори и да го убедува народот. Без некого да принудува, народот со часови го слушал Мануш и од покорна раја стануваа борци.

Мануш Георгиев како делегат на Струмичкиот револуционерен округ учествува на Рилскиот конгрес на Македонската револуционерна организација во 1905 година. Со своите високи организаторски способности тој успева во двете наредни години да ја обнови растурената организација во Петричко. Во 1907 година, Мануш бил избран за помошник на окружниот струмички војвода Христо Чернопеев.

Наредната година, Мануш Георгиев бил повикан да ги расчисти недоразбирањата меѓу околискиот војвода и местниот комитет во градот Петрич. Со својата чета и членовите на месниот комитет од Петрич, Александар Јанев, Тома Митов, Михаил Вардев и Стојан Трнаџиев, Мануш заминува за Долна Рибница, село во пазувите на планината Огражден, каде со месните дејци на Организацијата на 6 февруари требал да го разгледа спорот.

Меѓутоа, поради предавство, селото било опкружено од многуброен турски аскер и башибозук. Војводата Мануш Георгиев ја извлекол надвор од селото четата, членовите на месниот комитет од Петрич и мобилизираната селска чета. Но, кај месноста Трнка, тие биле откриени и започнал неравноправна битка со турската војска.

На 7 февруари 1908 година, по десетчасовна драматична борба, загинал војводата Мануш Георгиев и уште 23 души членови на македонската револуционерна организација ги оставаат своите јуначки коски за слободата на Македонија. Меѓу, загинатите бил и околискиот војвода на Петрич Васил Скендеров. Во борбата кај месноста Трнка, која во историјата ќе остане запаметена како Петричка епопеја, никој не преживеал. Денес паметникот во кој се сместени коските на паднатите борци, на местото одалечено еден километар северно од Долна Рибница, а кое месното население го вика Манушов гроб, потсеќа на прерано прекинатите соништа на еден млад војвода за слободна Македонија.

Народниот пејач го опева јунаштвото и заштитничкиот однос кон македонскиот народ во песната „Мануш војвода“, во која тој го повикува младиот војвода да го „развие знамето над Струмичко поле, каде македонски мајки одат во црно, а момите бело цвеќе садат ама не се китат“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.