Среда, 17 Април 2013    PDF Печати Е-пошта
Михаил Сматракалев

mihail-smatraklievМихаил Сматракалев (15. XII. 1910 - 16. IV. 1998) е македонски национален деец, поет, раскажувач, новинар, публицист, револуционер. Познат под литературниот псевдоним Ангел Жеров, тој е еден од најпројавените активисти на напредната македонска емиграција во Бугарија меѓу двете светски војни. Пишувал на бугарски јазик. Посебноста на македонската нација и борбата на македонскиот народ за национални и социјални права и слободи е тема во неговиот шестдецениски новинарски и публицистички ангажман.

Михаил Сматракалев е роден на 12 декември 1910 година во Серез, Егејскиот дел на Македонија. Неговиот татко бил член на Македонската Револуционерна Организација, па по доѓањето на новите грчки власти во 1913 година, семејството било приморано да емигрира во Бугарија. Уште како дете, на три годишна возраст, Михаил бил доведен во Пазарџик и целиот свој живот го поминал во Бугарија.

Сматракалев завршил право на Софискиот универзитет и долго време работел како адвокат, а потоа бил и судија. Набргу по отворањето, неговата адвокатската канцеларија во Софија станала собиралиште на другите македонски емигранти. Во 1931 година станал член на ВМРО Обединета и ја организирал Македонската народна студентска група. На 8 март 1932 година Михаил Сматракалев бил уапсен заедно со брат му Борис и одведен во Пазарџик на распит. По ослободувањето, истата година бил избран за член на ЦК на ВМРО Обединета, а во 1934 година станал секретар за агитација и пропаганда.

Меѓу 1931 и 1934 година, Сматракалев како член на Македонскиот општонароден студентски сојуз бил еден од уредниците на весниците „Македонски студентски лист“ (4.12.1931 - 1.6.1932), „Македонска студентска трибуна“ (6.1932 - 5.4.1933) и „Македонско знаме“ (14.6.1932 - 1.7.1934) кој бил еден од најзначајните и најпрогресивните весници на македонската емиграција.

По забраната од бугарските власти да се издава „Македонско знаме“, Михаил Сматракалев во нередната 1935 година учествува во издавањето на неделното списание „Македонски вести“, кое е неофицијален орган на ВМРО Обединета. Инаку, весникот „Македонски вести“ (24.1.1935-16.9.1936.), во кој главен редактор бил Ангел Динев, бил забранет поради застапување на идејата за независна Македонија.

Сматракалев пишувал на бугарски јазик, а главна тема му биле посебноста на македонската нација и борбата на македонскиот народ за национални и социјални права и слободи. Во 1935 година ја објавил стихозбирката „Бура над родината“, која се смета како книга што на „голема врата во литературата ја внесува македонската тематика“.

Во 1938 година, Сматракалев заедно со Никола Јонков Вапцаров и неколкумина Македонци го официјализираат Македонскиот литературен кружок. Инаку, кружокот бил формиран уште во август 1936 година во Редакцијата на „Македонски вест“ во Софија. По укинување на весникот и прогонот на редакторите, кружокот работел илегално под името „Македонски публицистички кружок Нација и култура“ (1937 – 1938). Под раководство на македонскиот национален деец и револуционер Вапцаров, од есента 1938 година па се` до крајот на 1941 година, Македонскиот литературен кружок во Софија развил богата општествена литературно-културна, национално-политичка и  револуционерна активност.

Сматракалев бил мошне близок со Никола Ј. Вапцаров и неговото семејество. Кога поттикнат од членовите на кружокот, Вапцаров ја објавил стихозбирката „Моторни песни“, Сматракалев бил единствениот што во 1940 година објавил рецензија на новоиздаденото дело во весникот „Зарја“. Сматракалев како активист на македонските акциони комитети, заедно со Кирил Николов и Тодор Јанев ги потпомага кандидатите на БКП во парламентарните избори.

По формирањето на Народна Република Македонија во 1944 година, Сматракалев свесен дека се потребни образувани кадри сакал да дојде во Скопје за да и помогне на новата македонска држава. Како дипломиран правник бил поканет од Павел Шатев да работи како заменик министер на правосудството, но тоа го направил без прашање на повисоките структури во Македонија, па морал да го откаже договореното. Потоа, својата желба Сматракалев директно му ја пренел на Лазар Колишевски за време на една средба во текот на 1946 година, на која присуствувал и неговиот пријател Кирил Николов. Но, тие не добиле задоволителен одговор, очигледно поради недоверба кон македонските кадри кои доаѓале од Бугарија. На Сматракалев македонските власти му понудиле да го води филмот, но тој ги одбил зошто никогаш не се занимавал со таа дејност. Во меѓувреме и двајцата останале во Софија се` до моментот додека со решение на ЦК на БКП не биле распоредени да работат во Неврокоп.

Во поствоениот период Сматракалев бил претседател на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ (1945-1948) и на Литературниот кружок на студентите од Пиринска Македонија (1950-1951). Во овој период води жестоки дебати против сите кои ги негираат Македонците. На дебата за македонската нација која се одржала во февруари 1946 година  во Софија, Сматракалев ќе рече дека „повеќето Македонци кои претендираат дека се македонски патриоти тоа прашање го поставуваат непатриотски и дека еден патриот не може да има никакви дилеми дали постои или не постои македонска нација“.

Кога во 1948 година Информбирото фрли анатема на Југословенската федерација, се влошија и односите меѓу тогашна Југославија и Бугарија. Работите сосема се искомплицираа, а Сматракалев повеќе не помислил да дојде во Македонија, стравувајќи дека ќе биде сметан за инфорбировец и дека ќе го следат.

По осамостојувањето на Македонија во 1991 година, Михаил Сматракалев ја исполнува својата желба и во 1993 година зема македонско државјанство кое му го врачува македонскиот претседател Киро Глигоров. Станал почесен член на друштвото на писателите на Македонија. За жал поради својата верност кон Македонија, Сматракалев како писател со две татковини и покрај своите вредности, долго време бил прогонуван, запоставуван, оспоруван и премолчуван.

Заборавен од сите, умира на 16 април 1998 година во Софија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.