Среда, 31 Јули 2013    PDF Печати Е-пошта
Аргир Маринчев

ArgirMarinchevАргир Маринчев (1870 – 31. VIII. 1903) е македонски револуционер, член и војвода на Македонскота Револуционерна Организација. Учествува во Илинденското востание 1903 година и се истакнал во крвавите борби кај Рашанец и Грмешница. За жителите во Охридско тој е пример за храброст и верност кон македонските идеали од Илинденското востание.

Аргир Маринчев или Маринов е роден во 1870 година во Охрид. Основно образование и прогимназија завршил во родното место, а учител му бил и Григор Прличев. Потоа учителствувал во Струга, Охрид и други места. Додека учителствувал во родниот град Аргир станал член на Македонската Револуционерна Организација. Во текот на 1902 година, по влошувањето на односите со егзархискиот владика, тој се повлекол во илегала, а во пролетта 1903 година бил назначен за самостоен војвода.

Од 2 до 7 мај 1903 година, Аргир Маринчев учествувал на Смилевскиот конгрес како делегат од Охридскиот реон, заедно со Лука Групчев, Христо Узунов, Тасе Христов и Дејан Димитров. На Конгресот на кој е донесена одлуката за кревање на востание,  било формирано Подвижно горско начелство за Охридскиот регон кој го предводи Христо Узунов. По враќањето во Охридскиот крај, Горското начелство извршило нова терторијална поделба на околијата на шест реони, а по добивањето на Одлуката за кревање на востанието, истото го донело планот за борбените дејствија.

Охридското реонско раководство, за разлика од Крушевското, Кичевското и Ресенското, не планирало ниту фактички, ниту демонстративни нападни дејства против градовите. Раководството предводено од војводата Христо Узунов предвидувало востанието да опфати осумдесетина села и да се води партизански начин на војување. За начинот на водењето на востанието Х. Узунов му дал упатства на војводата Аргир, кој бил назначен за раководител во Езерскиот реон.

Маринчев бил војвода на територијата меѓу Охрид и Дебарца, со база Копарница, Исток Планина и Илинска Планина. Во првите денови на востанието, во Езерскиот реон според планот се предвидувало извршување на одбранбени и диверзантски дејства. Дел од реонските сили (осум селски чети) на чело со војводата Аргир Маринчев ги разурнале телеграфската линија и патот Охрид – Ресен, а потоа го блокирала патот и успеала да заплени два големи контингенти со прехранбени артикли (65 товари брашно) кои биле наменети за охридскиот гарнизон. Два дена потоа, кај селото Опеница запленил уште 10 товари со сапун и други стоки кои ги однел во востаничката болница во селото Брежани.

Востаниците на Охридскиот револуционерен реон кај месноста Рашанец, планинска долина помеѓу селата Куратица, Речица и Свињишта, за да го спасат населението од терор и колеж формирале бегалски логор. По започнувањето на воените дејствија и по опожарувањето на селата во Охридско, во бегалскиот логор се засолниле околу 2.000 мажи, жени и деца, од 18 села. Логорот бил обезбедуван од околу 120 востаници од четите на војводите Аргир Маринчев, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други. Востаничките чети биле слабо вооружени и не биле доволни да се спротивстават на турската армија и башибозукот.

На 30 и на 31 август 1903 година логорот бил опколен од 3.000 – на турска армија и башибозук, која од страната на Куратица разместиле пет планински топови. Востаниците веднаш отвориле оган, а борбата траела повеќе од единаесет часа, дури до вечерта. Турците ја запалија планината и уште во текот на денот, аскерот се приближил до првите линии кои ги држеле востаниците. Првите редови востаниците ги задржале четири часа, а потоа се префрлуваа од едно место на друго, барајќи засолниште во пештерите и зад карпите.

Додека четата на Маринчев го задржувала аскерот, стотина востаници и дел од населението се извлекле од обрачот. Се` додека имале муниција, востаниците на Маринчев давале отпор. Пред да бидат фатени од турскиот аскер, Маринчев и неговите востаници се самоубиваат.

По кратко време битката се претворила во вистински колеж. Околу 190 жени, мажи и деца биле убиени, речиси секоја жена и девојка била обесчестена, храната и другиот имот во складовите биле уништени. Во тој крвав бој Турците имале околу 200 загинати, а востаниците имале 41 загинат. Покрај војводата Аргир Маринчев, меѓу загинатите биле Андон Узунов, брат на Христо Узунов, Наум Златарев и др. Најмногу настрадало населението во логорот.

Опишувајќи ги во детали драматичните крвави настани и безизлената ситуација во која се нашле востаниците, еден од сведоците на масакрот кај Рашанец, војводата Дејан Димитров од Дебрца, Охридско, во своите спомени вели:

„Имаше и деца убиени: видов едно дете на 6 месеци од Опеница, отепано. Имаше деца намерно фрлени од карпите, распарчени. Во една пештера имаше заклани жени, цело семејство, 9 души, беа заклани и потпалени со газија. Аскерот помина низ семејствата и однесе се` што можеше да однесе, обесчести се` што можеше да обесчести... Додека се водела борбата семејствата биле в средина, во долината. Турските куршуми паѓале и врз нив. Тие дури и намерно пукаа во невините жени и деца. Иако турски бимбаши им наредил на војниците да не пукаат во жените и во децата, тие не го слушале, а тој и со ремен удирал да престанат да пукаат во долината. Кога видел дека не го слушаат, дигнал раце и натажено извикал: ’Алах, алах’!”.

Аргир Маринчев можел да се извлече од обрачот, заедно со другите востаници. Останатите востаници го убедувале да се повлече, но тој останал до крај заедно со голоракиот народ. На  барањето да се повлече со четата тој им одговорил: „Мене местото ми е овде, со народот“ и продолжил да се бори до последниот куршум, кој го зачувал за себе.

Аргир Маринчев е погребан на местото каде што загинал. Неговиот гроб е симбол на величенствената борба на македонските востаници од Охридско и Струшко за време на Илинденската епопеја.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.