Среда, 18 Септември 2013    PDF Печати Е-пошта
Милан Матов

milan-matovМилан Апостолов Матов (8. XI. 1875 – 21. V. 1962) е македонски револуцинер и учител, учесник во Илинденското востание, војвода, брат на Христо Матов. Во 1900 се вклучил во Македонското Револуционерно Движење, а во текот на Илинденското востание дејствувал во Струшко. Учителствувал и бил училишен инспектор во Струга, а во меѓувреме раководи со Битолскиот револуционерен округ. Учествува како организатор и раководители на Тиквешкото и Охридското востание. По Првата Светска Војна бил активен во Илинденската организација и во Македонскиот научен институт. Се застапувал за запирање на меѓусебните убиства на Македонците.

Милан Матов е роден на 8 ноември 1875 година во Струга, како последно единаесето дете во семејството на Апостол Матов и Петра Чакрова. Станува мошен близок со поголемиот брат Христо Матов, кој подоцна станува еден од идеолозите на Македонската Револуционерна Организација. Основното образование го стекнува во Струга, каде во 1896 година станува член на Организацијата. Истата година се запишува во Битолската класична гимназија, каде уште во првата година, под раководство на Пере Тошев, организира Младински револуционерен кружок, а во 1897 г. се сретнал и со Дамјан Груев. Во претпоследната година, по бунтот поради конфликтот меѓу дел од учителите и учениците со владиката Григориј Пелагониски, гимназијата била времено затворена, а Милан бил меѓу исклучените ученици.

По препорака на Дамјан Груев, во пролетта 1900 година Милан заминува во Софија, каде учествува во динамитниот курс, организиран од Борис Сарафов и Гоце Делчев. Кон крајот на септември истата година, Милан се враќа во родниот град, каде станува член на Околискиот револуционерен комитет на Струга, а неколку месеци потоа и началник на вооружените чети. Во 1901 година активно работи на ширењето на организационата мрежа, покрстувањето, набавка и вооружувањето на населението во струшкиот регион. По големите апсења кои ги вршат турските власти во пролетта наредната година, Милан бил уапсен. Во затворот во Охрид лежи од јули 1902 до март 1903 година, кога бил ослободен со општа амнестија.

Откако излегол од затвор, Милан Матов повторно станал член на Околискиот револуционерен комитет на Струга и набрзо успева да ја пополни касата на комитетот. Со средствата купува оружје со кое се вооружува населението за претстојните судири. Во текот на Илинденското востание 1903 година, Милан бил во четата на војводата Лука Групчев, која делувала во реонот на Вевчани, Струшки Дримкол. Тие имале за задача да ги поддржат охридските чети и да снабдуваат со оружје и друг потребен материјал.

По завршувањето на востанието, Матов успева на властите да му го предава само старото и неупотребливо оружје, додека новото го задржува. Иако доаѓа до несогласување со раководствата во Охрид и Струга, поради што го напушта Струшкиот комитет, по понудата да биде учител тој останува во Струга. Во градот учителствува во учебната 1904 – 1905 година, а од 1905 година по сугестија на Груев оди во Битола, каде треба да и` помогне на Организацијата која била во тешка состојба поради емиграција на видни раководители и кавги меѓу останатите членови.

По доаѓањето во Битола, Милан Матов работи како шивач и како претставник на Струшката околија станува член на Околискиот комитет на Битолскиот револуционерен округ, кој тешко се справува со српската и грчката пропаганда. Од 1906 година Милан Матов работи на обновување на револуционерната мрежа и подобрување на комуникациите во Организацијата, а од 1907 година раководи со Битолскиот револуционен округ и како битолски окружен војвода.

Во периодот од 1909 до 1911 година Милан Матов е училишен инспектор во Струга. По убиството на црногорецот Иван Ивановиќ, кој бил близок со Сандански и назначен во 1908 година за училишен инспектор во Битолскиот вилает, Милан Матов кон крајот на декември 1909 година бил уапсен заедно со Геоги Попхристов, Павел Христов, Георги Николов, Аце Дорев и Александар Евтимов. Но, по два месеца сите биле ослободени.

Во Првата Балканска Војна, Милан Матов учествува како војвода на чета на Македонско-одринското ополчение во Битолско, која им помога на српските сили. Во текот на Втората Балканска Војна тој е војвода на партизанска чета на Македонско-одринското ополчение, која  дејствува во тилот на српските чети. Со својата чета настапува према Градец, Тиквешко.

Во 1913 година, заедно со Петар Чаучев, Павел Христов, Антон Шибаков и други, Милан Матов учествува во организирањето на јунското Тиквешко востание и е еден од раководителите на септемвриското Охридско-Дебарско востание.

По Првата Светска Војна, Милан Матов останува во Бугарија и станува активен член на Илинденската организација и на Македонскиот научен институт. Милан се залага да се стави крај на меѓусебните убиства на Македонците и се обидува да ги измири противничките фракции во Организацијата. Меѓу 1909 и 1926 година ги пишува своите спомени со наслов „Спомените на Милан Матов“.

Милан Матов умира на 21 мај 1962 година во Софија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.