Среда, 27 Ноември 2013    PDF Печати Е-пошта
Мишо Шкартов

Mihail_ShartovМишо Шкартов (1. II 1884 – 25. VI 1936) е македонски револуционер. учесник во македонското револуционерно движење. Во 1913 година учествувал во Тиквешкото востание, а како член на Привременото претставништво на бившата обединета ВМРО на 9 март 1919 година го потпишал Апелот со кој обединетите македонски револуционери уште еднаш ги афирмираат барањата за обединета самостојна Македонија со солидни меѓународни гаранции.

Михаил или Мишо Јованов Шкатров е роден на 1 февруари 1884 година во Кавадарци. Детството го поминува во Кавадарци каде се школува, а потоа своето образование го продолжува во машката гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во Солун. Во текот на школувањето станува член на Македонската револуционерна организација. По завршувањето на IV клас во солунската гимназија, прво учителствува во селото Долни Порој, Серско, Егејскиот дел на Македонија, а потоа и во Кавадарци.

Во 1904 година станува член на Тиквешкиот околиски револуционерен комитет, а од октомври

бил поставен за секретар на Тиквешката чета на војводата Добри Даскалов. Од 1905 до 1908 година четува во четите на Христо Чернопеев и Јане Сандански, еден од основачите на Народната федеративна партија (НФП).

По Младотурската револуција во 1908 година бил училишен инспектор во Тиквешко, а по превратот на султанот Абдул Хамид II учествувал во походот на Цариград. Во април 1909 година, тој се наоѓа меѓу 1.200 четници на Македонската револуционерна организација кои под водство на Јане Сандански, Христо Чернопеев и Тодор Паница учествуваат во Младотурскиот поход на Цариград.

Мишо Шкартов  се вклучува во дејноста на Народната федеративна партија која е формирана од левите сили на Македонската револуционерна организија и која како политичка партија легално дејствува од август 1909 до август 1910 година кога е забранета.

Во текот на Првата балканска војна (9. X 1912 – 30.V 1913) Мишо Шкатров е војвода во Велешко, а во 1913 година е еден од раководителите на Тиквешкото востание кое претставува прв и најмасовен протест на Македонците против новиот српски окупатор.

По теророт кој започна да го спроведува новиот српски окупатор во соработка со османлиските и албанските отпадници врз македонско население, востанието беше спонтано организирано и раководено од месните дејци, а потпомогнато од четите на ВМРО.

Голем придонес во организирањето на востанието кое се подготвува подолго време имал Шкартов кој поседувал голем авторитет, бил популарен и почитуван од народот. Иако имаат различни интереси, околу него се собираат видни револуционери и граѓани на Тиквешијата, припадници на разни политички движења и струи во МРО. Тие формираат Револуционерен штаб за раководење на востанието, во кој влегле истакнатите тиквешки војводи Мишо Шкартов, Дончо Лазаров, Коце Сеизов, Пано Измирлиев, Ристо Михов, Тасе Мурџев, Тодор Камчев, Димитар Пинџуров, Милан Анастасов и други.

Набргу, по завршувањето на Првата балканска војна, охрабрени дека четите на ВМРО на Васил Чакаларов, Петар Чаулев, Ѓакон Евстатиј, Ефтим Спространов, Милан Ѓурлуков, како и четата на Христо Чернопеев се наоѓаат во близина и дека се подготвуваат да се префрлат во Тиквешкиот регион, Шкартов и организаторите го креваат востаничкото знаме на 19 јуни 1913 година и ги ослободуваат Кавадарци Неготино и околните села. Четите на војводите Мишо Шкартов и Дончо Лазаров, поддржани од четите на Чернопеев, Чаулев и Панајот Каранфилов на 22 јуни 1913 година ги протеруваат српските војски од Неготино.

По седум дена веење на Тиквешкото востаничко знаме и по повлекувањето на поголемиот дел четите на ВМРО (останале само четите на Чернопеев и Чаулев), востаниците биле поразени од српските воени единици кои се прегрупирале и биле подпомогнати од четниците на Василие Трбиќ, Јован Бабунски и Јован Долгачот, како и од башибозукот на Јаја-ага. Масовното учество на локалното население на овој настан му даде на востанието автохтон македонски карактер,

Мишо Шкартов учествувал во Првата светска војна, а по војната станал член на Привременото претставништво на бившата обединета ВМРО, кое бара воспоставување на територијално единство на Македонија. Непосредно по војната меѓу Серчани и претставниците на „бившата Внатрешна револуционерна организација во Западна Македонија" била постигната спогодба за обединување на овие крила во македонското национално-револуционерно движење со цел за реафирмирање на борбата на македонскиот народ врз принципот на автономија на Македонија.

Самото обединување било означено како продолжување на делото на „бившата целокупна внатрешна организација".

На 9 март 1919 година, како непосреден резултат на обединувањето на овие две групи е објавувањето на заеднички Апел упатен до македонскиот народ, кој го потпишуваат:  Ѓ. Петров, П. Ацев, Т. Делииванов, М. Ив. Герџиков, А. Лозанчев, Д. X. Димов, Г. Скрижевски, П. П. Арсов, Пав. Христов, Лука Џеров и други. Меѓу потписниците на Апелот се наоѓа и Мишо Шкатров. Со овој Апел македонски револуционери уште еднаш ги афирмираат барањата за обединета самостојна Македонија со солидни меѓународни гаранции.

Мишо Шкартов влегува во ВМРО и од 1921 година е окружен војвода на Солунскиот револуционерен округ. Во јули 1924 година учествува како делегат на Струмичкиот конгрес и бил избран за резервен член на Окружниот комитет. По убиството на Тодор Александров во август 1924 година, истата година во декември  учествува на Солунскиот окружен конгрес каде бил избран за редовен член на Окружното раководство. Во 1925 година, од 7 до 11 февруари бил делегат на Шестиот конгрес на ВМРО, а во пролета истата година Шкартов како Тиквешки војвода заедно со Александар Протогеров, Стефан Алабаков и Силки Цветков преминуваат во Вардарскиот дел на Македонија, но не успеваат да го преминат Вардар.

По убиството на А. Протогеров и расцепот на ВМРО во 1928 година, преминал во протогеровистичката ВМРО, предводена од Георги Поп Христов и Петар Шанданов. Во јануари 1930 година, како приврзаник на федералистичката идеја, се приклучува на ВМРО (Об), а на Цариградската конференција бил вклучен и во нејзиниот Централен Комитет.

Мишо Шкатров умира на 25 јуни 1936 година во Софија.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.