Среда, 04 Декември 2013    PDF Печати Е-пошта
Спиро Џеров – Македонски

spiro-dzerovСпиро Џеров (Ѓеров) - Македонски (1834 – 17. VII. 1868) е македонски револуционер. Во 1862 година подготвувал заговор во Битолско, по што бил уапсен и осуден на смрт. Одлежал пет години робија, а по ослободувањето зел учество во Критското востание во 1866 година. Со Стојан Везенков се активирал да организира ново востание во Битолско и во Крушевско во 1867 година, а потоа учествувал во ослободителните борби во Србија, Романија и во Бугарија, каде што и загинал.

Спиро Иванов Џеров е роден 1834 година во Битола, во трговско и револуционерно семејство. Тој е внук на Спиридон Џеров и братучед на војводата на Македонската Револуционерна Организација Лука Џеров. Неговиот дедо Спиридон Џеров, во периодот на Негушкото востание во 1822 година, како водач на бунтовниците од Битолско бил обесен од Турците. Спиро учел грчко училиште во Битола, а подоцна патувал во Цариград, Смирна, Египет.

Со цел да подигне организирано востание, во 1862 година во Битола, Спиро Џеров, следејќи ги стапките на својот дедо, заедно со Леонидас Вулгарис од Пијанец, организирал заговор во кој биле опфатени над 80 села од Битолската, Леринската, Охридската и Ресенската околија. Но, по предавството на грчкиот митрополит на Цариградската патријаршија Венедиктос Пелагониски (Византиос), во мај истата година Спиро бил уапсен од Турците и осуден на смрт. Но, Спиро одлежал само пет години затвор и во декември 1866 година бил ослободен.

Спиро Џеров како и многу Македонци од тоа време, верувал во едно општо востание на христијаните кое ќе го ослободи поробениот балкански народ од турското ропство и дека тоа ќе му овозможи еден подобар и подостоинствен живот. По излегувањето од затвор, прво заедно со Стојан Везенков се обидувал да организираат антитурско движење во Крушевско, а потоа учествувал и во Критското востание.

Во текот на 1867 година, кога се очекувало Србија повторно да влезе во војна, Спиро се вклучил во Втората лицејска легија (т.н. Втора бугарска легија) во Белград. Но, по бунтовите и распуштањето на легијата, во пролета 1968 година, Спиро Џеров – Македонски заедно со Христо Николов - Македонски, како и други македонски и бугарски револуционери, ги напуштаат српските касарни и одат во Романија.

Спиро Џеров - Македонски им се придружил на четите на бугарските војводи Хаџи Димитар и Стефан Караџа, кои имаат намера да ја преминат Романско-турската граница и да го кренат населението во Бугарија на вооружено востание. По вклучувањето во четите, Хаџи Димитар и Стефан Караџа го назначуваат Спиро Џеров - Македонски за член на воениот совет.

Во своите спомени за преминувањето на границата Христо Николов - Македонски ќе забележи: „Со нас дојде, придружен со еден војник, до граничниот премин и капетанот Никола Македонецот, кој беше донирал 30 пушки за четите и кој беше во романска служба. Кога се доближивме да излеземе од Букурешт, тој се спушти кон рампата и им рече на луѓето кои беа таму да ја пропуштат колата, натоварена со воен материјал и кои се праќаа за Ѓоргево“...

Од цитатот се гледа дека не само Спиро Џеров – Македонски и Христо Николов - Македонски, туку и многу други како на пример капетанот Никола Македонецот, ја потенцираат својата национална посебност, додавајќи ја кон своето име и презиме придавката “македонски“.

Новинарот Патар Карчев, со потекло од Охрид, додека живее и работи во Русе ги бележи спомените за настаните од тоа време. Според овие записи, современик кој добро го познава Џеров, за него вели: „Спиро Џеров од Битола, ...бил молчеливо, но безгранично бестрашно момче; безумно предаден на Караџа. Меѓу револуционерите бил познат како Македонски. Бескрајно чесен како човек, тој бил подготвен во името на делото... да се жртвува... да им помогне на другарите западнати во неволја“.

По обуката на бунтовниците во романското село Петрушан, четите предводени од бугарските војводи Хаџи Димитар и Стефан Караџа, со цел да подигнат востание, границата ја преминале на 7 јули 1868 година. Меѓу 125 востаници (според  Христо Македонски 128), се наоѓаат и десетина македонски револуционери меѓу кои: Антон Стојанов (Куманово), Божил Димитров (Куманово), Георги Крстев (Куманово) Филип Димитров (Куманово), Арсени Мартинов (Велес или Велешко), Нено Спиров (Воден), Никола Иванов (Прилеп), Сотир Пејов (Велес), Христо Николов – Македонски (Горни Тодорак, Кукушко) и Спиро Џеров – Македонски (Битола).

Веднаш по преминувањето на Дунав, четите биле откриени и уште истиот ден се судираат кај селото Караисен. Во овој судир паѓаат и првите две жртви, Арсени или Арсо Мартинов од Велес и Александар Василев од Плоешти. Востаниците речиси под секојдневна борба со турската потера се движат кон планината Балкан. Во битката кај Вишоград бил убиен знаменосецот на Стефан Караџа, па знамето го презел Христо - Македонски.

По десет дена од преминувањето на Романско-турската граница востаниците биле разбиени. Последните триесет души, предводени од Хаџи Димитар, доаѓаат на врвот Безлуџа. Тука востаниците биле обиколени од околу 700 војници на редовната турска војска. Во битката која трае повеќе од три часа, четниците се обидуваат да го пробијат обрачот, но успеваат да се пробијат само четворица. Се смета дека во оваа борба со турскиот аскер, која се одигрува на 17 јули 1868 година на врвот Безлуџа, животот го загубил и Спиро Џеров – Македонски.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.