Среда, 15 Јануари 2014    PDF Печати Е-пошта
Трајко Јордан Мишковски

spanijaТрајко Мишковски (5. III. 1903 – 1955) е македонски револуцинер, учесник во Шпанската граѓанска војна и во францускиот отпор кон крајот на Втората Светска Војна. Во 1946 година е именуван за судија на Врховниот федерален суд на Македонија, но набргу е ставен на располагање на Претседателството на Владата на Народна Република Македонија. По донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото е уапсен и испратен на Голи Оток.

Трајко Јордан Мишковски е роден на 5 март 1903 година во Велес. Роден и израснат во периодот на бурните настани кои оставаат трајни политички и економски последици врз Македонија, како што се Илинденското востание, Младотурската револуција, двете Балкански војни и Првата Светска Војна, Трајко ги следи стапките на бројните велешки револуционери. Во 1923 година, Трајко на дваесетгодишна возраст се приклучува на масовното работничко движење и се зачленува во КПЈ. Набрзо станува член на Месниот комитет на КПЈ за Велес.

Во 1924/25 година, Велес не е само центар на работничкото движење, туку станува и центар на македонската револуционерна организација ВМРО (обединета), која има за цел да прерасне во масовно народно движење за извојување на слободна и независна Македонија во рамките на нејзините географски граници, како и нејзино конституирање во самостојна политичка единица која ќе влезе како рамноправен член во идната Балканска федерација.

Панко Брашнаров кој е секретар на МК на КПЈ за Велес и истовремено е член и на ЦК на ВМРО (об), е одговорен за движењето во Македонија. Велес во овој период испраќа партиски активисти за идејно-политичко и организациско оспособување во СССР, а меѓу нив се наоѓа и Трајко Мишковски кој во втората половина на 1926 година заминува за Москва.

Во 1930 година Мишковски во Москва ги завршува студиите на Комунистичкиот универзитет за национални малцинства на Запад, а во 1933 година е испратен на партиска задача во Геок Тепе во Туркменистан.

Под директива на КПЈ, Мишковски е вратен во Македонија во 1935 година. Меѓутоа поради големите провали, по двомесечна работа го напушта Скопје и заминува за Белград, каде станува член на градскиот комитет на КПЈ.

По избувнувањето на Шпанската граѓанска војна во јули 1936 година, Мишковски бил испратен за Чехословачка за да помогне во мобилизацијата на прогресивните елементи меѓу емигрантите од Балканот. Меѓутоа, Мишковски донел одлука и самот да замине во Шпанија, каде пристигнува со првите доброволци на 1 октомври 1936 година.

Македонските доброволци ја поистоветуваа Шпанската граѓанска војна со македонската борба за слобода. Во писмото кое од Шпанија го испраќа до својот сограѓанин и партиски соборец Коста Рацин, Мишковски објаснувајќи ја својата одлука да замине во Шпанија пишува:

„Ние Македонците антифашисти и борци во редовите на републиканската армија сме свесни дека овде сето време се бориме и за ослободувањето на македонскиот народ и за своето национално право, како што си го извојуваа и се ослободија во Шпанија националните малцинства Каталонците и Баските...“

Македонските доброволци во 1937 година на самите борбени линии свечено го прославуваат Илинден со пеење револуционерни песни и маршеви, меѓу кои и маршот „Ние сме Македонци“. Тие како македонски доброволци се бореа под знамето на Илинден и Крушевската Република и го повикуваат македонскиот народ на заедничка борба против заедничкиот непријател.

Во повикот кој го испраќа до македонската емиграција во САД и Канада за да им се придружат во борбата против фашизмот во Шпанија, објавен во списанието на српскиот работен народ во Канада „Правда“ од  8. X. 1937, Трајко Мишковски објаснувајќи ги мотивите и причините кои го натерале заедно со неговите земјаци да се бори во Шпанија меѓу другото вели:

„Драги браќа, сестри и пријатели класно-свесни Македонци! Преку овие неколку редови сакам да ви упатам топли револуционерни поздрави – вам, на македонските работници и работнички во Соединетите Држави на Америка и Канада – поздрави од бојното поле на нападнатиот шпански народ... Можеме смело да кажеме дека ние, борците од Македонија, нема да ги извалкаме имињата на нашите македонски борци Гоце Делчев и Дамјан Груев како и на храбриот Сандански и на многуте други кои ги дадоа животите во борбата за правата на Македонија...

Ние Македонците имаме своја славна историја, Илинденското востание од 1903 г. и првата Крушевска Република, кога македонскиот работен народ се крена со чекан и мотика против турското царство, а за свое ослободување. Ние не се плашиме од жртвите... Овде во Шпанија паднаа нашите млади херои Македонци, другарот Ганчо Хаџипанзовиќ од Велес, јуначки падна на Каза де Кампо во одбрана на Мадрид. Исто така, херојски загина храбриот тенкист, другарот Блажо, родум од Гевгелија, падна на Харама. Пред неколку дена на фронтот Брунете загина стариот и храбар борец, македонскиот учител Тодор Димитров (Димитар Тодоров) од Скопје... Тие беа прави и вистински синови на македонскиот народ... Овие славни имиња никогаш нема да ги заборави македонскиот народ. Тие ќе влезат во историјата на човештвото, а македонскиот народ ќе ги носи во своите срца... Примете искрен поздрав од сите борци од Македонија и од вашиот Македонец Трајко Јордан Мишков(иќ)“.

Во тригодишна граѓанска војна во Шпанија од вкуно 137 борци во интернационалните бригади загинаа 65 Македонци. Трајко Мишковски кој се стекнува со чин мајор и комесар на батаљон во Интернационалните бригади ја преживеа војната, а по нејзиното завршување во 1939 година е одведен во логорот Гирс, на југот на Франција. Таму останува до 1944 година, кога успева да побегне и да се придружи на францускиот отпор.

По ослободувањето на Франција, Мишковски се враќа во Македонија. Во јануари 1946 година тој е именуван за судија на Врховниот федерален суд на Македонија, но веќе во јуни истата година бил отповикан и ставен на располагање на Претседателството на Владата на Народна Република Македонија.

Трајко Мишковски бил назначен за помошник министер за труд и бил член на Извршниот одбор на Главниот одбор на Синдикатот на Македонија. Но, во прогонот кој настанува по донесувањето на Резолуцијата на Инфорбирото, Мишковски ја следи судбината на голем број Македонци кои се бореле за обединета и независна Македонија. Тој бил уапсен на 1 февруари 1949 година и испратен на Голи Оток.

По враќањето од робија Трајко Мишковски набргу умира. Починал во 1955 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.