Среда, 29 Јануари 2014    PDF Печати Е-пошта
Ѓурчин Кокалески

gurcin-kokaleskiЃурчин Кокалески (1775 – 1863) е еден од првите македонски преродбеници. Бил  големопоседник трговец, кнез и ктитор. Тој е самоук и владее активно со балканските јазици. Автор е на првиот автобиографски текст со световна содржина во македонската литературна историја на народен јазик и со словенското писмо под наслов „Наказание“ (1823).

Ѓурчин Илиев Кокалески е роден во 1775 година во Лазарополе. На едногодишна возраст останал без татко му Илија кој бил убиен од арамии. За да можат да се прехранат, неговата мајка Кала го дала на десетгодишна возраст да слугува кај некои бегови во Дебар, каде го научил турскиот и албанскиот јазик. Во 1787 година, со брат му Силјан заминал на печалба во градот Катерина каде започнал да учи грчки јазик. По една година се вратил во родното место каде работи како терзија кај својот зет за сестра Илија Коштрески, кој освен занает го научил да пишува црковно славјански. Во 1790 година заминува во Воден каде останува две години и го усовршува терзискиот занает.

Терзискиот занает не му овозможил доволно средства за живеење, па Ѓурчин почнал да се занимава со анџискиот, кираџискиот и бојаџискиот занает. Како кираџија пренесувал стока за Дебар, Прилеп, Елбасан, а откако се оженил со Ѓурѓа, сестрата на селскиот свештеник, го напуштил анот кој ортачки го држел, и започнал да се занимава со сточарство. Станува ќаја, а овците кои ги купил ги носел од пасиштата на планината Лопушник на презимување прво во Прилепско, а потоа во Солунско каде закупувал земја и ливада.

Во 1801 година формира карашица и е меѓу првите организатори на сточарска производна задруга, а се занимавал и со лихварство и трговија. Стекнатите пријателства му овозможиле по пониска цена да закупува земја каде во зима стадата презимуваат и потоа ја давал во подзакуп. На пролет кога се враќал во родното место, каде имал свој дуќан, тој носел се` со што можел да тргува. Истовремено, произведувал сапун и лоени свеќи, и за одредена надокната на жените во родното место и оклоните села им давал волна од која тие произведувале разни волнени производи кои потоа ги продавал на околните пазари, како и во Дебар и Елбасан. Така Ѓурчин станува претставник на мануфактурна индустрија и земјишен големопоседник.

По пожарот кој го зафатил Лазарополе во 1807 година, во кој настрадале голем број куќи, Ѓурчин бил избран за коџабашија на селото. Веднаш по изборот, за да не се случуваат вакви несреќи, тој заминал на поклонение во Света Гора. Намерата да се изгради голема црква во родното место, за која било потребно ферман од Султанот, била одложена за подобри времиња.

Со зголемување на богатството, Ѓурчин станал моќен не само во својот роден крај туку и пошироко. Воспоставените трговски врски со беговите во Дебар, Бер, Костур и Воден, како и личните пријателства со Али паша Јанинаски и Лабуд паша од Солун му овозможуваат не само да ги остварува личните интереси, туку и да го заштитува мијачкото население. Станува заштитник на христијаните и борец против грчката културна доминација. Автор е на првиот автобиографски текст со световна содржина во македонската литературна историја на народен јазик и со словенското писмо под наслов „Наказание“ (1823).

Иако Ѓурчин не учествувал во балканските востанија, како и во Негушкото востание во 1822 година, тој ги откупувал и ослободувал заробените христијани кои Турците ги продавале по пазарите како робови. Во 1826 година, Ѓурчин излегол на мегдан со одметнатиот јаничар Алија, само за да ја заштити ќерката на поп од Солунско, која била скриена на негово бачило. Иако бил ранет, Ѓурчин успева да го убие Алија, а главата да им ја предаде на турските власти.

Ѓурчин не сакал Турците да влегуваат во селото и да го тероризираат населението при собирањето на давачките. Тој како коџабашија, самиот го собирал данокот за кој било задолжено селото и го носел во Битола. Свесен „дека колку се повеќе, толку се посилни“, Ѓурчин водел сметка да се зголеми населението. Така во спроведувањето на својата политика за многудетни семејства, тој за секое новородено машко дете давал златен наполеон, а за секое женско дете сребреник. Истовремено Ѓурчин ги помагал сиромашните, се трудел на секого да му најде работа, да создаде семејство, но се спротивставувал на печалбарството и барал од населението да бидат писмени. Тој организирал и каси во кои се собирале средства кои служеле да им се помогне на настраданите или пак за општетствени цели: училишта, плати за учители и попови, поправка на цркви и манастири, како и други потреби. 

Ѓурчин Кокалески имал голема желба да изгради голема црква. Во 1832 година, пред да добијат дозвола од турските власти, сметајќи на неговиот углед, со средства на Ѓурчин и на други сожители, населението започнало сложно да ја гради црквата. Нелегалното градење на црквата се одвивало се` до 1938 година кога со помош на своите пријатели Ѓурчин успева да издејствува аудиенција кај султанот Махмуд II, од кого добил дозвола за градење црква во родното место и џамија (во солунското село Лубаново). Исто така добива дозвола за постојано носење оружје и ферман со кој ќе се регулираат давачките во неговиот крај, како и ферманот за законското право да го заштитува својот крај од одметниците и да учествува во Покраинското собрание (Дебарскиот меџлис).

По добивањето на дозволите, градбата на црквата продолжила без никаков страв. Набрзо потоа црквата била завршена и зоографисана. Во чест на Ѓурчин било решено таа да го носи името „Св. Ѓорѓија“. Црквата била осветена на ден Илинден 1841 година, а во 1856 година со средства на Ѓурчин, во Вршац била излиена камбана, која била четврта во Македонија.

Како докажани дејци против употребата на грчкиот јазик во црковната богослужба, Ѓурчин и поп Мартин Димкоски се грижеле црквата да биде снабдена со потребни црковнославјански книги. Во црковниот двор било изградено и училиште, кое било прво училиште кај Мијаците.

Ѓурчин помагал во обновата на манастирот Св. Пречиста кај Кичево, потоа на манастирот Св. Јован Бигорски, како и црквата во село Росоки која почнала да се гради во 1836 година. Во негова чест во лазарополската црква за него имало посебен престол, наречен „Ѓурчинов престол“, на којшто често седел. Иако на крајот од животот, тој бил парализиран се` до смртта и бил поглавар на Лазарополе. По смртта во 1863 година, Ѓурчин Кокалески со огромни почести бил погребан во црковниот двор покрај олтарот.

Ѓурчин Кокалески станува јунак во мијачките песни и преданија, а страв и трепет за грчките владици кои долги години по неговата смрт не се осмелувале да влезат во селото за да одржат богослужба на грчки јазик.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.