Среда, 16 Април 2014    PDF Печати Е-пошта
Тодор Поп Антов

todor-pop-antovТодор Поп Антов (28. II. 1875 – 29. XII. 1954) е македонски револуционер и просфетен деец, член на ЦК на ВМОРО. Учителствувал во Прилеп, Пехчево, Мелник, Скопје. Бил член на Серскиот и Скопскиот РК. На Рилскиот конгрес бил избран за член на ЦК на ВМОРО. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна.

Тодор Поп Антов е роден на 28 февруари 1875 година, во Тиквешкото село Ваташа, во семејството на свештеникот Андон Поп Камчев. Основно училиште завршува во родното село, а потоа учи во Солунската гимназија. Уште како ученик, во учебната 1894/1895 година станал член на Македонската Револуционерна Организација (МРО).

По завршувањето на гимназијата во 1895 година, Тодор Поп Антов бил назначен за учител во трикласното егзархиско училиште во Прилеп. Подоцна бил избран за член и благајник на Околискиот и градскиот комитет на Организацијата, а на циклостил го издавал револуционерниот весник  „Борец“, кој потоа илегално го распространувал низ Македонија.

Во 1899 година, на барање на ЦК, Поп Антов заминува за Источна Македонија, каде прво бил назначен за главен учител во Крива Паланка, а потоа од 1900 до 1903 година бил главен учител во Пехчево. Во овој период тој ја воспоставува организациската мрежа нарушена во Виничката афера и води борба против врховистичките чети.

Турските власти го апсат и затвараат Поп Антов во Куршумли ан во Скопје кон крајот на 1902 година, а во февруари 1903 година го протеруваат од Пехчево. За него Гоце Делчев вели дека бил: „Тивок, мирен, но цврст како камен... Со своите квалитети и убавиот збор тој создава верни пријатели“.

Од 1904 до 1906 година Поп Антов е главен учител во Мелник каде отвора пансион за ученици од околните села. Исто така, тој бил избран за член на околиското раководство на Македонската Револуционерна Организација. Во меѓувреме, Поп Антов учествувал на Рилскиот конгрес во 1905 година, како делегат на Серскиот револуционерен окружен комитет. Христо Сиљанов за него пишува: „Тодор П. Антов... беше еден од старите искусни раководители во внатрешноста, добро гледан од двата табори“. Како таков Поп Антов на конгресот бил избран за член на Централниот комитет на ВМРО заедно со Дамјан Груев и Пере Тошев.

Турските власти повторно го апсат Тодор Поп Антов во јули 1906 година со обвинување за револуционерна дејност, но во судскиот процесот кој трае до декември 1906 година не успеваат да ги докажат неговите активности. Адвокатот Христо Далчев од Кукуш кој многупати ги штител активистите на ВМРО, успева да го одбрани и Поп Антов.

Во почетокот на 1907 година Тодор Поп Антов ги продолжува своите револуционерни активности како член на Окружниот револуционерен комитет во Скопје, каде бил назначен за учител во Скопското петкласно женско училиште. Меѓутоа власта се сомнева дека Поп Антов продолжува со своите револуцинерни дејности, поради што кон крајот на учебната 1906/1907 година бил отпуштен од страна на Егзархијата. Прогонет од властите и без работа, Поп Антов во летото 1907 година емигрира во Бугарија каде продолжува да учителствува.

По Маладотурската револуција во 1908 година, Тодор Поп Антов се враќа во Македонија и во учебната 1908/1909 година повторно учителствува во Мелник, а во 1909/1910 година и во Мустафапаша (Свиленград).

Како и најголемиот дел од Македонците тој сака да го надгради своето образование, па во 1910 година со својата сопруга Поликсена Мосинова од Охрид, заминал за Женева каде студира Хемија. Во Бугарија се враќа по избувнувањето на Балканските војни и заедно со неговата сопруга се вклучуваат како доброволци во санитарниот оддел на Македонско-одринското ополчение. Во периодот од 1913 до 1915 година Тодор Поп Антов учителствува во Ксанти или Скеча, Тракија, а потоа за време на Првата Светска Војна бил окружен управител на Кавадарци.

По завршувањето на Првата Светска Војна, Тодор Поп Антов се повлекува во Бугарија, каде останува се` до својата смрт. Умира на 29 декември 1954 година во Пловдив, Бугарија.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.