Среда, 23 Април 2014    PDF Печати Е-пошта
Стефан Попиванов Македонович

S_popivanovСтефан Попиванов Македонович (17. VII 1875 - 1932) е македонски револуционер и учител, комунистички деец, татко на македонските комунистички дејци Малина и Цеко Попиванови. Во 1922 година бил поставен за секретар на ПК на КПЈ за Македонија и бил првиот Македонец кој станал член на Политбирото на ЦК на КПЈ. Подоцна бил повикан во СССР, каде настрадал во Сталиновите чистки. Посмртно е рехабилитиран  на 28. Х 1963 година.

Стефан Попиванов е роден на 17 јули 1875 година во Кочани. Со основно образование се стекнува во родниот град, а потоа се школува во четирикласното машко училиште во Скопје. Образованието го продолжува во Солунската гимназија, каде завршува педагошки курс во учебната 1893/94 година.

Свесен за потребата од отварање на читалишта и библиотеки, како места преку кои ќе се шират револуционерните идеи, Попоиванов во статијата објавена во весникот „Новини“ бр. 61 од 31 април 1896 година  ќе нагласи: „причината за отварање на околиска библиотека е во тоа што сиромаштијата не ни дозволува секој од нас да си има своја библиотека. Таа причина не тера да бараме спас здружени...“

Во 1897 година, по каналот „Гилане“ (псевдоним на ВМРО за Кочани) во товарите со оружје за Македонија била испраќана и револуционерна литература. Ова влијаело за отварање на библиотеки и читалишта во Кочани и кочанско.

Од 1897 до 1899 година Стефан Попиванов работи како гимназијален учител во Солун, каде всушност ја започнува вистинската револуционерна дејност. Непосредно по Солунските атентати, во април 1903 годнина, Попиванов бил уапсен од турските власти.

По ослобувањето, од 1903 до 1905 година Попиванов работи како учител во Педагошката школа во Скопје. Во 1905 година учествува во создавањето на Револуционерен кружок, поради што бил протеран од училиштето. Прогонуван од турските власти тој се засолнува во Бугарија.

Во 1908 година, Попиванов станува член на Бугарската работничка социјалдемократска партија (БРСДП - тесни социјалисти) и дејствува во софискиот регион. Поради учество во атентатот над бугарскиот министер за просвета Михаил Такев во Софија, Попиванов и неговото семејство (ќерката Малина и синовите Цеко и Иван) биле уапсени во 1918 година. Во јуни 1920 година, Попиванов со семејството  пребегнува во новоформираното Кралство СХС.

Во Белград се приклучува во дејноста на Југословенската комунистичка партија. По неуспешниот обид за атентат на групата на Спасое Стеиќ врз кралот Александар I Караѓорѓевиќ во јуни 1921 година, Попиванов заминува во Македонија каде во 1922 година бил избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. На оваа должност останува се до 1924 година и за тоа време учествува во формирањето на Месниот комитет во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп, Битола, Кавадарци и Гевгелија. Истовремено неговата ќерка Малина била член на МК на КПЈ во Скопје, а синот Цеко секретар на СКОЈ (1926).

Стефан Попиванов бил првиот Македонец кој станал член на Политбирото на ЦК на КПЈ. Од 9 до 12 мај 1923 година учествува на Втората конференција на КПЈ, на која критички се осврнува на работата на членовите на поранешното раководство во Македонија. На ова Конференција било прифатено и барањето за автономна и независна Македонија, а Коминтерната подоцна го поддржува барањето, а решавањето на македонското прашање го гледа во рамките на создавањето на Балканската федерација.

По повторното апсење на 26 октомври 1923 година, Попиванов лежи во затвор до јануар 1924 година. Во април 1924 година, Попиванов бил избран за областен секретар на Македонија на Независна работничка партија на Југославија, формирана во јануар 1923 година, која претставувала легелен облик на работа на тогаш забранетата КПЈ.

Во јуни истата година под псевдонимот Шуменковиќ учествува на Петтиот конгрес на Комунистичката интернационала, Коминтерната (КИ).

Во меѓувреме, властите во јули носат одлука да се забранат партиските гласила „Работник“ и „Борба“, а потоа и одлука за забрана на партијата. На 18 декември 1924 година Попиванов бил уапсен и одлежал една година затвор. По судскиот процес, ослободен бил на 26 декември 1925 година, а веќе наредната 1926 година, во месец ноември заминува заедно со Димче Зографски во Виена на средба со ЦК на ВМРО (Обединета) со цел формирање на комитетите на Организацијата и развивање на активностите во Македонија.

Во 1929 година Стефан Попиванов бил повикан да ја напушти Кралска Југославија и да замине за СССР. Во Советскиот сојуз пристигнал за време на Сталиновите чистки и под сомнение дека бил провокатор, на 1 октомври  1929 година бил уапсен во Москва. На 3 март 1930 година бил осуден за шпиунажа, а три дена потоа, на 6 март бил стрелан на московските гробишта.

Постои и друга верзија во која се вели дека по пристигнувањето во Советскиот Сојуз, Стефан Попоиванов извесно време престојувал со руски брод на Балтичкото Море, по што од советската полиција ГПУ, која работеше по налог на Сталин, бил уапсен и убиен во 1932 год.

На 28 октомври 1963 година, со одлука на Воениот колегиум на Врховниот совет на СССР, бил рехабилитиран како невин, заедно со својата ќерка Малина Попиванова, под името Стефан Поп Иванов - Македонович (Стари).

Дури шест години потоа, неговата рехабилитација е објавена во СФР Југославија (1969).
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.