Среда, 14 Мај 2014    PDF Печати Е-пошта
Поп Христо Стефанов

hristoХристо Стефанов Милев (16. IV 1847 – 12. IX 1937) е македонски духовник, учесник во црковно-просветна и политичка борба за слобода на Македонија, во периодот од 1869 до 1881 година. Во 1880/1881 година учествува во Охридскиот заговор со цел кревање на востание во Заподна Македонија.

Христо Стефанов е роден на 16 април 1844 година во село Сопотница, во свештеничко семејство. Неговата мајка Доста и татко му поп Стефан Милев, кој е свештеник на Сопотничката епархија, го испраќаат Христо на десетгодишна возраст да учи во ќелијното училиште на блискиот манастир „Света Богородица Пречиста“.

Во 1864 година Христо Стефанов бил повикан за учител и певец во Топличкиот манастир, крај демирхисарското село Журче. Тоа е период кога граѓаните во повеќе македонски градови како Охрид, Прилеп, Неврокоп, Битола, Скопје и Крушево, како и во некои села ги прекинале врските со Цариградската патријаршија и формирале одделни црковно-училишни општини.

Христо Стефанов како и голем број Македонци во 60 и 70-тите години на XIX век се вклучува во заедничката борба на македонскиот и бугарскиот народ против грчката Цариградска патријаршија. Во оваа масовна сенародна борба македонскиот народ бара самостојно раководење со црковно-училишните општини, отфрлање на власта на Патријаршијата и обновување на укинатата автокефална Охридска архиепископија во 1787 год. Кога во 1868 година злогласниот грчки владика Мелетиј Охридски го ракополага во демирхисарското село Простране и му понудува на Христо Стефанов да му ја даде Ракитничката парохија, тој одбива да ја превземе поради тоа што таа е сеуште под Цариградска патријаршија.

Во зимата 1869 година, пред Коледе, поп Христо Стефанов добива покана од крушевските старешини да биде свештеник во Крушево. Крушевчани кои сакаат да се издвојат од доминацијата на грчката Патријаршија, уште пред доаѓањето на поп Христо, успеваат да превземат една од црквите. По неговото доаѓање во Крушево, во црквата за првпат била одржана на народен македонски јазик службата за Рождеството Христово.

По долги заеднички борби на македонскиот и бугарскиот народ за црковно осамостојување наместо обновување на автокефалната Охридска архиепископија, на 28 февруари 1870 година бил објавен ферман за формирање на Бугарската егзархија. Во состав на Егзархијата првично покрај Нишката и Пиротската влегува и Велешката епархија, а потоа за да избегаат од влијанието на грчката Цариградска патријаршија се приклучуваат Скопската, Охридската и други епархии во Македонија. Така и црквата во Крушево во која служи поп Христо Стефанов, по низа спорови влегува под закрила на Егзархијата.

Незадоволството од одлуките на Берлинскиот конгрес (13 јуни – 13 јули 1878) кој ја остава Македонија под власта на Османската империја се манифестира во октомври 1878 година кога се крева Кресненското востание или познато уште како Македонско востание (1878 – 1879). Во ова востание се вклучуваат повеќе видни Македонци (учители, свештеници и др), меѓу кои Димитар Поп Георгиев Беровски, поп Коста Бугски, митрополитот Натанаил Охридски и др.

Во текот на 1878 година поп Христо Стефанов, заедно со неколку свои истомисленици од Крушево и околината (браќата Чакреви, Мицко Карев, Веле Секулов, учителот Ѓорѓи Бојаџиев, Ангел војвода и др.), решаваат да организираат вооружени дејствија против турската власт. Тие сметаат дека на тој начин ќе предизвикаат интервенција на Русија и ослободување на Македонија.

Во придружба на поп Атанас, брат на поп Христо, кон крајот на истата година, Крушево го посетиле браќата Димитар (Диме) и Михаил Чакреви. Тие отседнале во куќата на поп Христо Стефанов, која станала главен центар на заговорничкиот кружок. Диме Чакрев ги изнел и плановите на митрополитот Натанаил за организирањето на населението, а потоа заедно бил направен план за организирање на градот и околината, за создавање јатаци и за собирање помош и оружје. Врз основа на овие планови по дваесетина дена, во селото Долно Дивјаци бил свикан поширок состанок, на кој присуствувале и други војводи од соседните околии. Било решено да се бараат средства за купување оружје, да се зголеми бројот на четниците и да почне чистењето на Турците што се истакнувале по своите самоволија и зулуми.

Поп Христо бил задолжен да се сретне со рускиот конзул во Битола и да се испита можноста за набавка на оружје со нивно посредство. Конзулот му ветил дека ќе го посети Крушево и да останат воздржани. Во меѓувреме, по неуспехот на една поголема чета која во април од Бугарија ја преминува османската граница за да крене востание во Битолско, митрополитот Натанаил Охридски ги распушта четите и востанието завршува во мај 1879 година. По востанието башибозукот продолжува да врши низа насилија врз цивилното население.

И покрај ваквиот развој на настаните, поп Христо и групата продолжуваат со собирање на оружје и воспоставува контакти со охриѓани со кои се договара кревање на востание. Откако четите зајакнале започнале со убавање на познатите злосторници во секоја околија. Во период од седум-осум месеци  во текот на 1880/1881 година, во Крушевско и во Прилепско биле ликвидирани поголем број османлиски насилници, меѓу кои и познатиот рувчански деребија Јашар-бег кој се збогатил со вршење терор и грабеж врз месното население.

На почетокот на 1881 година, турските власти ја следат организацијата. На 8 април 1881 година потерата од 250 души предводена од Риза бег започнала апсења во Крушево и околината. Поп Христо бил уапсен за време на верската служба на Велики Четврток.  Вкупниот број на уапсени бил меѓу 700 и 800 души, а меѓу уапсените имало голем број свештеници и учители. Од средината на Охрид биле уапсени д-р Константин Робев, Наум Филев, браќата Ангел и Петар Спространов и др. Убиствата и тортурата врз месното население ќе предизвика реакција на конзулите по што ќе бидат ослободени околу 500 души.

На 14 септември 1881 година во Битола, поголем дел од заговорниците се осудени на 3 до 5 години затвор, а некои од нив вклучувајќи го и поп Христо биле осудени на 101 година заточение.

Поп Христо поминува три години во затворот во Битола, каде прави еден неуспешен  обид за бегство. Дури на 11 јуни 1884 година поп Христо бил префрлен на островот Лезбос каде требаше да биде доживотно заточен.  Меѓутоа, по неколку месеци организирал бегство и бега со брод преку море. Извесен период се засолнува по манастирите на Света Гора, а потоа во јануар 1885 година се префрла во Цариград. Од таму, со помош на дипломатското преставништво на Бугарија нелегално се префрла во Варна, каде останува до својата смрт на 12 септември 1937 година.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.