Среда, 04 Јуни 2014    PDF Печати Е-пошта
Георги Баждаров

georgi-bazdarovГеорги Баждаров (8. II. 1881 – 19. IX. 1919) е македонски револуционер, учител, новинар, публицист, историчар и општественик. Уште како ученик во Битолската гимназија влегол во редовите на ТМОРО. Како секретар на четата на Илија Крчовалијата учествува во Илинденското востание. Назначен е за Задграничен претставник на ВМРО, а по убиството на Александар Протогеров, станал еден од водачите на неговото крило и огорчен противник на ванчомихајловистите. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“, еден од основачите на „Македонски преглед“ и на Македонскиот научен институт во Софија. Познат е под псевдонимот Брут, Катон, Спартак...

Георги Баждаров е роден на 8 февруари 1881 година во селото Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија. Со гимназиско образование се стекнува во Солунската машка гимназија, каде учи од 1896 до 1899 година, а потоа и во Битолската гимназија во учебната 1899/1900 година. Уште како ученик во Битолската гимназија заедно со Трпен Марков, Андреј Кезепов, Ѓорѓи Христов и Георги Тодоров формираат ученички револуционерен кружок (тајно револуционерно братство) и влегува во редовите на ТМОРО.

Во текот на учебната 1900/1901 година, Баждаров работи како учител во селото Крушево, Демирхисарско, каде станува член на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет. Потоа влегува во четата на Јане Сандански, а од мај 1902 до октомври 1903 година дејствува со четата на Илија Крчовалијата. Во летото 1903 година е делегат од Серско на конгресот на Серскиот револуцинерен округ. Како секретар на четата на Илија Крчовалијата учествува во Илинденското востание, а подоцна се приклучува на четата на Атанас Тешовалијата.

Георги Баждаров по востанието емигрира во Бугарија, каде во 1906 завршува историја на Софискиот универзитет. По Младотурската револуција, од 1908 до 1913 година учителствува во Солунската егзархиска гимназија. Тој учествува на основачкиот конгрес на граѓанската партија на Сојузот на бугарските уставни клубови во 1908 година, која во текот на едногодишното дејствување силно ја акцентира автономијата на Македонија и Одринско и се спротивставува на масовното колонизирање на македонската земја со муслиманско население. Исто така учествува и на основачкиот конгрес на наставниците во Отоманската империја во 1909 година и станува уредник на весниците „Учителски глас“ (1910 - 1912) и „Искра“ (1911 - 1912).

По Втората Балканска Војна во 1913 година, повторно бега во Бугарија. Работи како учител во Варна од 1913 до 1915 година, а во учебната 1915/1916 година и во периодот од 1918 до 1920 година во Софија. Во 1917 година Баждаров ја издава „Револуционерната борба во Македонија“.

Георги Баждаров бил масон и по војната е дел од комисијата на македонските бегалци во Бугарија, кои пред претставникот на мисијата на САД Марфи го изнесуваат проблемот на Македонците и бараат да ги застапува пред владата за Македонија, всушност да се применат принципите на Вилсон за национално самоопределување и самоуправа на Македонија.

По формирањето на ВМРО кон крајот на 1919 година, со чиј Централен комитет раководат Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев, Георги Баждаров бил избран за член на Задграничното претставништво, а повторно е реизбран на истата функција на Шестиот конгрес одржан во селото Србиново во 1925 година. Истовремено тој е главен уредник на весникот „Македонија“, кој излегува од 1919 па се` до 1923 година, кога емиграцијата се обединува. Тогаш весниците „Македонија“ и „Автономна Македонија“ се обединуваат и излегуваат под заедничко име „Независна Македонија“. Истата година Баждарев ја издава книгата во „Духот на Македонија“.

Георги Баждаров е еден од основачите на „Македонски преглед“ и на Македонскиот научен институт (МНИ) во Софија и негов потпретседател (1927). МНИ бил основан кон крајот на 1923 година со цел истражување на Македонија и нејзините народи, а Македонски преглед излегува како негово тромесечно научно списание од 1924 година. Баждаров е основач и уредник на првите броеви на спианието кое има за цел да го изучува јазикот, историјата, етнографијата и стопанскиот живот на Македонија, како и да ги изнесува материјалите за ослободителната борба на народот во Македонија.

Во 1924 година тој е против преговорите со комунистите и се противи на потпишувањето на Мајскиот манифест. По убиството на Александар Протогеров на 7 јули 1928 година, Баждаров станал еден од водачите на неговото крило и огорчен противник на ванчомихајловистите. Тој ја редактира протогеровистичката верзија на весникот „Слобода или смрт“. Познат е под псевдонимот Брут, Катон, Спартак...

Во 1929 година ја издава книгата „Горно Броди“, каде се објавени првиот и третот том од неговите спомени, а вториот го остава да го напише подоцна доколку остане жив, бидејќи како што самиот вели третиот бил поважен.

Георги Баждаров е убиен од ванчомихајловистите на 19 септември 1929 година во Варна. Во атентатот, покрај Баждаров загинува еден од неговите телохранители, а двајца биле ранети.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.