Среда, 18 Јуни 2014    PDF Печати Е-пошта
Венијамин Мачуковски

venjamin-macukovski

Венијамин (Васил) Христов Мачуковски(1847 – Цариград, 1878) е македонски преродбеник, просветен и црковен деец, собирач на народни песни и обичаи, граматичар и публицист. На 16 август 1872 година, како учител во Кукуш, го објавува во весникот „Право“ своето „Објавление за бугарска граматика на македонското наречје“. Многу години потоа, македонската наука ќе го посочи Манчуковски како еден од основоположниците на македонскиот книжевн јазик.

Венијамин (Васил) Христов Мачуковски е роден пред 1847 година во селото Мачуково, Гевгелиско. Основното образование го стекнува во родното место и во грчките училишта во Ениџе Вардар и Солун. Уште како млад се закалуѓерува во Зографскиот манастир, каде од Партенија Зографски бил ракоположен за ѓакон.

Во 1861 година патува во Цариград, а од 1862 до 1864 учи во унијатското училиште во Солун. Во меѓувреме, во 1863 година, како ѓакон патува со монсињор Турок во Париз и во други градови во Франција.

Венијамин Мачуковски стапил во контакт со српскиот фолклорист, етнограф, нумизматичар и археолог Стефан Верковиќ и по негови инструкции собира стари ракописи, монети и народни умотворби. Истовремено Мачуковски добива  книги и списанија од Цариград, Србија и Романија, со содржини од областа на историјата и политиката што се важни за Македонија. Во 1864 година, тој прави опис на родното село Мачуково и на Мегленската каза.

Во 1865 година, додека чека да биде испратен на школување во Белград, Мачуковски го напушта унијатското училиште и станува учител во Кукуш и ѓакон во црквата во Ениџе-Вардар. Но, наместо за Белград, по препорака на Руската мисија се запишува во Херсонската духовна семинарија, каде што учи во периодот од 1866 до 1869 година. Мачуковски таму го завршува V клас, но поради здравствени причини, на негово барање бил ослободен и се враќа во Македонија. Враќајќи се, во Цариград е уапсен поради носење револуционерна литература.

Во меѓувреме, текот на 1866 година, за време на неговото богословско образование, Венијамин Мачуковски во Одеса се сретнал со Георги Раковски и станал негов приврзаник. Во писмата испратени до Раковски тој го изразува својот патриотизам, а во 1869 година и готовноста „да умре за народност и отечество“.

По враќањето во Македонија во 1869 година работел како учител во родното место,  а наредната година ја прифаќа поканата која ја добил на поминувањево Солун да работи како учител. Така, тој од мај 1870 година ја презел должноста и работи истовремено како учител и член на Солунската црковноучилишната општина и нејзин писар.

По поканата на духовникот Павел Божигропски, кој од име на општината го кани да дојде од Солун во Воден, Мачуковски на 11 мај 1871 година, на прославата на Св. Кирил и Методиј држи говор во црквата „во полза на народот“. Мачуковски ја продолжува својата работа во интерес на народот и наредната година како учител на Кукуш ја критикува бугарската граматика како тешко разбирлива за македонскиот народ. Тој решава да издаде граматика на македонското наречје.

На 16 август 1872 година, во бугарскиот весник „Право“, Венијамин Мачуковски го објавува своето „Објавление за бугарска граматика на македонското наречје“. Во неа тој ќе објасни дека: „Изучувањето на бугарската граматика во македонските училишта е еден од најтешките предмети за учениците, заедно со тоа е и најбестолковен. Тој им одзема доста долго време, и тоа не пречи пак да немаат поим од граматиката. Тоа произлегува од несообразеноста во граматичките форми на досегашните издадени бугарски граматики со оние на македонското наречје“.

Обидот на Венјамин Манчуковски да издаде граматика на македонското наречје бил спречен, по острата реакција од бугарскиот печат. За да го тргнат од Македонија, во септември 1973 година, бугарскиот егзарх го препорачува Мачуковски да биде примен како студент во „Московската духовна академија“.

По полагањето на приемниот испит во август 1874 година, Венијамин Мачуковски се запишал на Академијата. Меѓутоа тој повторно тешко се разболува и по совет на лекарот во јуни 1875 година повторно ја напушта Русија.

По враќањето во Македонија, Мачуковски станува учител во Гуменџе. Во учебната 1875/76 година предава граматика според својот ракописен учебник. Во летото 1876 година тој е веќе редактор на весникот „Источно време“, а кон крајот на март 1877 година го основува и го редактира весникот „Цариград“. Во времето на Српско-турската војна пишува во грчките весници „Траки“ и „Фили“.

Но, откако бил наклеветен дека бил руски шпион, Венијамин Мачуковски бил уапсен и пратен на заточение на Родос во 1877 година. По рускотурскиот мир во 1878 година, тој се враќа болен во Цариград и умира во една руска болница.Многу години потоа, македонската наука ќе го посочи Манчуковски како еден од основоположниците на македонскиот книжевн јазик.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.