Среда, 06 Август 2014    PDF Печати Е-пошта
Владимир Карамфилов

vladimir-karamfilov-1

Владимир Димитров Карамфилов (10. V. 1877 – 14. VI. 1943) е македонски револуционер и учител, член на Македонската револуционерна организација. Учителствува во Прилеп, Крива Паланка, Кратово и Куманово, а истовремено раководи и со месните револуционерни комитети. Активно се вклучува во подготовките за Илинденското востание, а прогонет од власта се вклучува  во четата на Борис Сарафов. Пишува спомени за револуционерната борба.

Владимир Карамфилов е роден на 10 мај 1877 година во Прилеп, во занаетчиско семејство. Во родниот град завршил трокласно училиште, а потоа четврти клас учи во Битолската класична гимназија, каде учители му биле Ѓорче Петров и Пере Тошев. Во 1895 година продолжува со своето образование во гимназијата во Солун, каде се вклучува во редовите на ТМОРО. Тој ја одржува врска меѓу Даме Груев и ученичкиот револуционерен кружок, а во неговиот дом се крие оружје и експлозив.

По завршувањето на гимназиското образование во 1898 година, Владимир Карамфилов работи како учител во Прилеп, каде раководи со револуционерната група. Наредната учебна 1899/1900 година, учителствува во Крива Паланка, потоа во Кратово 1900/1901 година, а во учебната 1901/1902 година учителствува во Куманово. Во Кратово работи заедно со Тодор Александров. Покрај учителствувањето, тој истовремено раководи и со местните револуционерни комитети.

Поради својата револуционерна дејност, Владимир Карамфилов е уапсен и во август 1902 година бил осуден на 101 година затвор. Лежи во затворот во Куршумли Ан во Скопје, кој го напушта по амнестијата во февруари 1903 година. По враќањето во Прилеп, како член на прилепскиот околиски комитет веднаш се вклучува во подготовките на населението за претстојното Илинденско востание.

Прогонет од турските власти, тој се приклучува на четата на Борис Сарафов, кој е познат по изјавата дека: „Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците“. Овие зборови го водат Владимир Карамфилов низ целиот животен пат.

По задушувањето на востанието Владимир Карамфилов се упатува во Бугарија. За време на една борба тој се одделува од своите другари, но со помош на луѓе од организацијата успева преку Србија да се префрли во Бугарија, каде студира математика на Универзитетот во Софија. Истовремено членува и дејствува во добротворно здружение на студентската „Прилепска спомагателна дружба“, која ги помага македонските студенти.

Во почетокот на Првата балканска војна тој е командант на Нестроевата чета на 10-тата прилепска дружина на Македонско-одринското ополчение. Во текот на 1914 година го завршува Математичкиот факултет на Универзитетот во Софија.

Во текот на Првата Светска Војна (1915 - 1918) служи во 3 - от Македонски полк. Уште во текот на војната бил назначен за претседател на комисијата за прехрана на Скопје, а потоа извршува посебни задачи за Скопското губернаторство.

По завршувањето на војната, Владимир Карамфилов се населува во Пазарџик, каде предава долго време математика во месната гимназија. Како и поголем дел од македонската емиграција во Бугарија кои зеле учество во Илинденското востание, така и Владимир Карамфилов покрај учителствувањето, станува активист на Илинденската организација. Тој учествува како делегат на сите нејзини конгреси, а бил избиран и во највисокото раководство на организацијата. Така на седмиот редовен конгрес на Илинденската организација во 1932 година бил избран и за потпретседател на Организацијата. Под паролата Македонија на Македонците, тој се залага за независноста на Македонија.

Своите спомени, како што пишуваат истражувачите на неговото дело, Владимир Карамфилов „ги пишува кратко и фрагментарно, со многу повторувања на случки и настани, што претставува потешкотија за систематски подредувања“. Одделни делови од спомените тој ги има објавено во „Илинден 1903 – 1922, Зборник во спомен на големото Македонско востание“ стр. 94-95; „Илинден 1903 – 1926, Зборник во спомен на големото Македонско востание“ стр. 78 -86; „Илинден 1903 – 1927, Зборник во спомен на големото Македонско востание“ стр. 102 - 112. Од насловите на објавените Зборник на спомени, видливо е дека Владимир Каранфилов го кавлификува Илинденско востание како големо Македонско востание.

Владимир Карамфилов умира на 14 јули 1943 година во Пазарџик.

Зад себе остава огромна архива од писма, документи и фотографии, кои се чуваат во Централниот државен архив на Бугарија. Неговите спомени и дел од оваа архива се издадени, при што покрај корекциите на правописот и правописните грешки, авторите Б.Н. и В.О. се обидуваат да ги зачуваат јазичните и стилските особености. Неговите собрани спомени се издадени во 2005 година во книгата „Спомени на Владимир Карамфилов за просветното дело и револуционерните борби во градот Прилеп“. 

vladimir-karamfilov-2

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.