Среда, 13 Август 2014    PDF Печати Е-пошта
Никола Андреев

Nikola andreevНикола Андреев (1879 - 1911) е македонски револуционер, костурски реонски војвода на ТМОРО/ВМОРО и учител. Како војвода на чета, зел учество во Илинденското востание (1903) и посебно се истакнал при ослободувањето на Невеска и Клисура. Познат уште како Коле (Кољо) Мокренски.

Андреев по востанието дејствувал со чета во Костурско и Леринско (1903-1907).

По Младотурската револуција бил учител во родното село, а потоа пак оформил чета и загинал во борба со османлиската војска во 1911 г.

Никола Андреев е роден во 1879 година во костурското село Мокрени, Егејска Македонија. Учел трокласно училиште во Костур, а потоа во Битолската класична гимназија завршил шестти клас. Образованието го продолжил во Военото училиште во Софија, а по завршувањето служел во бугарската војска.

Под влијание на Лазар Поп Трајков и Тома Давидов, Никола Андреев ја напушта воената служба и се приклучил на Македонската револуциинерна организација. Во 1902 година кратко време се наоѓа во четата на Марко Лерински, а потоа станува агитатор во Костурско. Никола Андреев како војвода на чета, зел учество во Илинденското востание во 1903 година и посебно се истакнал при ослободувањето на Невеска и Клисура.

По Смилевскиот конгрес, заедно со Иван Попов и Лазар Поп Трајков свикуваат општи собранија на населението и вршат вооружена подготовка во селата Бобишча, Вишени, Мокрени и Олишча

На 22 јули 1903 година (стар стил), војводата Никола Андреев или Коле од Мокрени со околу 200 борци го прогласи Востанието во селата околу Клисура, издигнувајќи го знамето кај ридот на манастирот пророк Илија. Турската војска која била стационирана во Клисура излегла да ги прогони востаниците, но не можеле да направат ништо се` додека не пристигнала четата на андартскиот војвода Вангелис кој истовремено предводел и турски војници од Костур. По судирот во кој има загинати, војводата од Мокрени времено се повлекува.

Акцијата на војводата Андреев за која се претпоставува дека не била во кординација со другите костурски војводи, не успеала поради побројниот непријател, кој во Клисура имал седиште на мудурлукот и касарна на турската војска. Но, веќе наредниот ден, по доаѓањето на здружените чети на Иван Попов, Пандо Кљашев, Васил Чакаларов, Манол Ризов, Пандо Сидов и Марко Иванов, Клисура била ослободена.

По ослободувањето на Клисура, сите чети не се спуштиле, туку цела ноќ останале на позиции околу градот очекувајќи контраудар на непријателот. Откако вечерта ништо не се случило, на 24 јули четите распоредени околу Клисура, влегуваат во градот. Во градот влегува и војводата Никола Андреев со околу 150 луѓе  кои се топло се пречекани од месното население.  Ослободувањето на Клисура ќе остане запаметено по познатата фотографија на Соединетите костурски чети на која покрај војводите Васил Чакаларов, Иван Попов, Пандо Кљашев и Манол Розов, ќе се најде и војводата Никола Андреев.

По ослободувањето на Клисура, кон крајот на август, четите на војводите Лазар Поп Трајков, Иванов и Андреев го ослободуваат и гратчето Невеска, што претставува едно од поголемите достигнувања на востаниците во текот на Илинденското востание. Во текот на денот и ноќта на 24/25 август 1903 година, било извршено концентрирање на востаничките сили. Во нападот кој започнал во три часот, по интензивната и прецизна стрелба на востаниците, Турците во панично бегство, оставајќи го оружјето го напуштаат градот, а од северната и јужната страна, во градот влегуваат војводите Попов и Андреев.

Во текот на битката за Невеска, која е една од поголемите успеси во текот на Востанието, македонските востаници предводени од војводите Поп Трајков, Иванов и Андреев покажуваат висок степен на кординираност и борбена ефикасност. Во време кога реорганизираната петнаесет илјадна турска војска превзема голема контраофанзива, победата на македонските востаници кои со минимални загуби го ослободуваат градот, има огромен војнички ефект, кој за жал не бил искористен во политички цели. Оваа битка, всушност била последната поголема офанзива и победа на македонската востаничка војска.

Никола Андреев во текот на Востанието учествува во повеќе битки, а по решението во октомври за распуштање на четите и складирање на оружјето, заедно Иван Попов и Михаил Николов се префрлаат во Грција. Меѓутоа, тие биле уапсени од грчките власти во Лариса. По низа ургенции, откако биле ослободени, со брод заминуваат за Бургас, Бугарија.

Во 1904 година, Никола Андреев се враќа во Македонија и станува Лерински војвода. Во 1905 година бил заменет од Зеленичкиот војвода Кочо Цонката, а тој бил назначен за кајларски војвода и до 1907 година води борба со андартските чети. По Младотурската револуција бил учител во родното село, а потоа пак оформил чета. Никола Андреев според една верзија загинал во борба со османлиската војска кај село Мокрени, а според друга дека загинал од братски куршум во летото 1911 година.

Негова правнука е Катина (Тина) Андреева (1928 - 1949) која била истакната припадничка на македонското народноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.