Среда, 27 Август 2014    PDF Печати Е-пошта
Иван Георгов

ivan-georgov

Иван Андреев Георгов (7. I. 1862 - Софија, 13. VIII. 1936) е македонски деец, универзитетски професор, политичар и преведувач. Високото образование го завршил во Виена и бил професор на Софискиот универзитет, раководител на Катедрата по историја на филозофијата (1888- 1934). Бил член на ВМК и на Македонскиот научен институт и претседател на Добротворниот сојуз.

Иван Георгов е роден на 17 јануари 1862 година во Велес, во видно македонско семејство на Андреј Георгов. Негови браќа се Илија и Георги Георгов, кои сите заедно се активни во македонската револуционарна борба. Во 1878 година, Иван Георгов завршил граѓанско училиште, а отткако во Виена се стекнал со диплома на Високата педагошка семинарија во 1881 година, заминал за Бугарија. Во недостаток на сопствен образован кадар, властите на новоформираната бугарска држава во 1882 година го назначуваат за подначалник на Учебниот совет при Министерството за образование. 

Своето образование го продолжува на познатиот Универзитет во Јена, Германија и Женева, Швајцарија, каде студира филозофија. Во 1889 година докторирал филозофија и педагогија  на исто така познатиот Универзитет во Лајпциг, Германија. По враќањето во Бугарија предава филозофија, етика и логика на Вишиот педагошки курс, денешниот Софиски универзитет. 

Од 1888 до 1934 година бил шеф на катедрата по историја на филозофијата. На два пати бил избран за декан на Историско-филолошкиот факултет (1900 – 1901 и 1908-1909) и пет пати бил избран за ректор на Универизтетот (1891-1892, 1898-1899, 1905-1906, 1916-1917, 1918-1919). Во 1902 година станува член, а од 1928 до 1936 година претседава со историско-филолошката гранка на Бугарската академија на науките (БАН). Исто така, од 1910 година е член и на институтот „Жан Жорес“ во Женева.

Иван Георгов активно дејствува и по македонското прашање. Бил член на Внатрешниот македонски комитет (ВМК), кој делува во периодот 1895 до 1905 година и во кој членуваат најголем дел од македонската емиграција и мал дел Бугари. Во 1903 година, за време на Илинденското востание, Георгов и Љубомир Милетиќ преземаат турнеја низ европските престолнини, во обид да се информира европската јавност за положбата на македонскиот народ во Македонија и населението во Одринско.

Во 1904 година учествува на конференцијата на Балканскиот комитет во Лондон, посветена на положбата на македонскиот народ по востанието. Во 1905 година станува прв претседател на Добротворниот сојуз. Во овој период тој соработува со орган на ВМРО „Македонски преглед“ (1905 - 1927) и весникот „Вардар“ (1911 - 1912). И во двете списанија се застапува идејата за Автономија на Македонија и враќање на ВМРО кон старите принципи.

По Првата балканската војна Иван Георгов се населува во Солун каде заедно со Павел Шатев кратко време го уредува весникот „Беломорец“ (1912). Под притисок на грчката воена цензура весникот е продаден во ноември 1912 година.

По Втората балканска војна, Централниот комитет на ВМРО ги овластуваат проф. Иван Георгов, проф. Александар Балабанов и Тодор Павлов да ги посетат европските метрополи и да ги запознаат властите и јавното мислење за положбата на македонскиот народ под српска, грчка и бугарска окупација, како и да агитираат за автономна Македонија. Тројцата ги посетуваат Санкт Петербург, Виена, Берлин и Лондон. Посетата на делегацијата на европските метрополи каде се сретнуваат со локалните политички кругови ја следи тогашниот печат.

Во текот на посетата во Виена, на 22 август 1913 година, бил организиран митинг на кој била усвоена резолуција со која се апелира до големите сили да се укине неправдата нанесена со Букурешкиот договор. Делегацијата била примена и од министерот за надворешни работи грофот Леополд Берхтолд, кој им ветува дека владата на Австро-Унгарија ќе помогне во ревизија на Букурешкиот  договор, но францускиот амбасадор во Софија им рекол „чија војска сега ќе ги протера окупаторските војски од Македонија“.

Интересен е податокот дека претходно, членовите на делегацијата Балабанов и Павлов, на 2 и 7 август 1913 година, веќе водат разговори и укажуваат дека Македонците се подготвени да преминат во унијатство само да се зачуваат како народ и бараат од австро-унгарскиот министер гроф Адам Тарновски да го заштити македонскиот народ од репресијата на окупаторите. Меѓутоа, делегацијата добива одговор дека унијата е духовна работа за што таа треба да оди во Рим. Но, доколку таа стане факт, империјата може да оствари право на протектор и тоа само во поранешниот Косовски вилает, додека католиците од Битолскиот и Скопскиот регион им припаѓаат на Франција.

Додека неговиот брат Георги Георгов како член на Македонската колонија во Петроград се залага за Автономија на Македонија во Русија, проф. Иван Георгов заедно со Љубомир Милетич, Александар Балабанов, Димитар Точков и Петар Кушев ги обиколуваат европските престолнини за да ги сондираат мислењата за разрешување на македонското прашање. До крајот на Првата Светска Војна останува ангажиран за македонското прашање.

По завршувањето на Првата Светска Војна активно зема учество во протесното движење против Нејскиот договор. Автор е на многу студии и статии за македонското прашање, како и на весникот на ВМРО „Насион“, кој излегува на француски јазик пред мировната конференција.

Во 1923 година тој е соосновач и прв претседател на Македонскиот научен институт МНИ во Софија, како и активен соработник на списанието „Македонски преглед“. Тој останува претседател на МНИ се` до смртта. Проф. Иван Георгов умира на 13 август 1936 година во Софија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.