Среда, 27 Август 2014    PDF Печати Е-пошта
Атанас Јакимов Албански

Напишал: Влатко Билески

Атанас Јакимов Албански е роден во 1880 година во гостиварското село Горно Јеловце на Шар Планина (Горен полог).

atanas-jakimov
Атанас Јакимов Албански

Како момче се запишува во скопското егзархиско педагошко училиште и по завршувањето станува егзархиски учител во Скопје. Револтиран од односот на османлиската власт влегува во ВМОРО (Внартешно Македонско Одринска Револуционерна Организација) и станува член на Скопскиот окружен револуционерен комитет.

За време на Илинденското востание е војвода во Гостиварско и Тетовско. Пред востанието прибира парични стретства, облека и оружје кое се носело од Албанија преку Шар Планина до револуционерните комитети.

Историчарката д-р Катерина Тодоровска посочува: „Пред Илинденското востание македонската револуционерна организација настојувала да ги придобие албанците, но верските разлики и улогата што тие ја имале во Османлиското царство биле сериозни пречки за поголема соработка. За остварување на своите цели организацијата најчесто ги користела семејните пријателства, а свои бази имале во повеќе албански домови, не само во христијанските туку и муслиманските. Албанците како доставувачи на оружје биле многу доверливи и доследни. Тие биле активни во Гостиварско, Тетовско, Дебарско, Охридско, Струшко, Костурско, Леринско итн. Муслиманите во тоа време имале право да носат и да поправаат оружје, а во нивните оружарници во Тетово и Гостивар и во други градови се поправало оружјето за востанието. Тогаш се развил голем бизнис на трговија со оружје, а главни снабдувачи биле албанците“.

По наредба на Централниот комитет до окружните револуционерни комитети во западниот дел на Македонија се наредува да не се испровоцира албанското муслиманско население кое во поголем дел било лојално на отоманската империја. Албанците ги сочинувале и башибозучките банди (неформална војска во служба на отоманската империја) кои и при најмал инцидент биле жестоки кон македонското христијанско население. Често се случувало цели села да се уништат и истите да се населат со Албанци муслимани, лојални кон империјата.

По востанието од 1904 година, Војводата Атанас Албански е секретар во четата на Ванчо Србаков, а по загинувањето на војводата Ванчо Србаков во село Цер него го заменил војводата Пешо Радев – Пашата. Во 1907 година бил прераспределен во четата на Иван Наумов Алабакот.

atanas-jakimov-2
На фотогравијата е четата на војводата Пешо Радев – Пашата (со сабјата во рака, втор од лево). Заокружениот е Атанас Албански, сликани 1905 година веднаш по смртта на војводата Ванчо Србаков. За овој комита подолго време се мислеше дека е војводата Ванчо Србаков.

За време на Првата Светска Војна тој се наоѓа на чело на пунктот на партизански одред на Единаесетата пешадиска македонска дивизија во Тетово. По Првата Светска Војна од 1928 до 1934 година е полномошник на Централниот комитетна ВМРО во Петрич Пиринска Македонија.

Неговата сопруга Дона Албанска од 1932 година е во раководството на Македонскиот женски сојуз. Поистакнати активисти на Македонскиот женски сојуз се Константина Александрова, сестра на Тодор Александров, Рајна Дрангова, Зора Лазарова, Вела Панова, Вела Карајовова, Елена Томалевска, Евгенија Александрова, Славка Ѓерова, Злата Сарафова, Донка Захариева, Елена Настева, Елена Димчева, Тана Цветков и др.

Атанас Јакимов Албански е македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.

Починал 30 ноември 1943 година во Софија, Бугарија.

ВЕЧНА СЛАВА НА ХЕРОЈОТ МАКЕДОНСКИ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.