Среда, 10 Септември 2014    PDF Печати Е-пошта
Анастас Коцарев

atanas-kocarevАнастас Коцарев (5.V.1889 - 29.III.1931) е македонски деец и лекар онколог, еден од првите кој работи на истражување и лекување на ракот. Во 1915 година го основа Друштвото „Македонија“ во Женева, а во 1918 година ги обединува и другите македонски друштва од Цирих и Лозана во заедничкото Друштво на Македонците за независна Македонија. Се залагал „за единствена и независна Македонија“ и за балканска федерација. Соработувал со нобеловката Марија Кири - Склодовска на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Бил еден од пионерите на радиотерапијата, но и на радиографијата. Прв во светот направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од канцер.

Анастас Коцарев е роден на 5 мај 1889 година во Охрид, во старо охридско семејство. Основно образование завршил во Охрид, а гимназија во Солун во 1908 година. Семејната трагедија, смртта на неговата мајка (почината од рак), како и на двете сестри кои починале млади, ќе бидат причина младиот Анастас да одлучи да студира медицина. Неговиот татко, кој бил познат банкар, за да ги плати трошоците за студиите на својот син, продал дел од семејниот имот (чифлик), пошто Анастас студирал на Медицинскиот факултет во Женева.  

Анастас Коцарев завршил медицина на Женевскиот универзитет и работи како асистент на универзитетската клиника, каде што и докторирал. Во периодот од 1917 до 1919 година работи како лекар и приватен доцент по онкологија на истиот Медицински факултет. Тој бил целосно посветен на науката и македонското прашање. Воспоставил широки контакти кои ги користи не само за неговите медицински истражувања, туку и за македонската кауза.

Д-р Коцарев посебно бил заинтересиран за експерименталните лекови. Првата негова научна статија датира од 1914 година (Quelquesblessures des nerfsobserveespendant les querresbalkaniques), а првата книга ја објавува во соработка со Алфред Фроментин во 1916 година (“Theorie biosociale du sommeil”). Истата година бил повикан да продолжи со истражувањата на Академијата за медицина во Сорбона, Париз. Таму тој ќе продолжи да работи на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Ова истражување ќе го насочи на тесна соработка со познатата Марија Кири – Склодовска која во тоа време била професор и директор на лабораторијата за радиум на Универзитетот во Сорбона. Подоцна, тој во својата монографија ќе изрази голема благодарност кон својот учител и соработник Марија Кири.

Уште во 1915 година, Анастас Коцарев го обновува Академското друштво „Македонија“ кое било продолжение на Академското друштво на македонско-одринските студенти во Женева, формирано по Илинденското востание (1904 – 1915). Во текот на Првата светска војна, на Универзитетот во Женева студирале околу 15 Македонци. Членовите на друштвото, Анастас Коцарев, Петар Здравев, Димитар Несторов, Трифун Греков, Благој Тошанов, А. Копандонов, Александар Крајчев и др., донеле правилник за работа што им овозможило да го регистрираат друштвото при Универзитетските власти. Во 1918 година, авторитетниот д-р Коцарев кој имал врски со видни швајцарски општественици, едногласно бил избран за претседател на друштвото. Тој се залагал „за единствена и независна Македонија“ и за балканска федерација.

Македонските студенти од Универзитетот во Цирих, во 1915 година исто така формираат Политичко друштво „Македонија на Македонците“, а во 1916 година во Лозана било формирано Политичкото друштво „Македонија – за одбрана на правата на Македонците“, додека во Женева пак било формирано Политичкото друштво за независност на Македонија. До крајот на Првата светска војна во Швајцарија постојат околу 25 македонски друштва, кои во времето на Версајската мировна конференција формираат Главен одбор на македонските друштва за одбрана на целоста и државната конституција на Македонија.

Во август 1918 година, д-р Александар Коцарев ги обединил македонските друштва од Цирих и Лозана во заедничкото Друштво на Македонците за независна Македонија. На 15 декември 1918 година тие го основале Главниот одбор на македонските друштва во Швајцарија или Генерален совет на македонските друштва во Швајцарија (Conseil general des Societes maccedonienne), со седиште во Лозана. Д-р Коцарев бил избран прво за потпретседател (15. XII. 1918 - 2. V. 1919), а потоа и за претседател (2. V. - 1. VIII. 1919).  Во овој период нивен печатен орган е списанието „Македонска независност“ („L’Independence macedonienne), преку кој светот се запознава за борбата и стремежот на македонскиот народ.

Домот на д-р Кацарски во Женева, како и во Париз служел за промоција на македонското прашање пред меѓународните фактори. Познати се неговите контакти од мај 1919 година со проф. Г. Д. Херонод САД, кој го поддржува барањето на македонскиот народ за независност. За жал, барањето на Главниот одбор да испрати тричлена комисија која би ги застапувала интересите на македонскиот народ, било одбиено од преговарачите на Париската мировна конференција. Но, тоа д-р Коцарев и неговите соработници не ги спречило да продолжат да испраќаат телеграми и петиции, барајќи справедливо решавање на македонското прашање.

Во дописите до Париската конференција Главниот одбор на македонските друштва во Швајцарија инсистирале на 14-те Вилсонови точки во кои се предвидувало правото на само определување на секој народ. Од сите упатени писмени акти, големо значење има апелот што бил испратен до целиот цивилизиран свет во јуни 1919 година, потпишан од претседателот д-р Коцарев и неговите соработници. Во него е нагласено дека Македонците имаат право на живот, а се истакнува и вољата на македонскиот народ за создавање на независна македонска држава по примерот на Швајцарија и под протекторат на една од незаинтересираните сили - САД.

Отткако Македонија остана поделена, Главниот одбор функционира до 27 ноември 1919 година. Сепак, активноста на Академското друштво „Македонија“ се чувствува се` до крајот на 1923 година, а во 1924 година тоа престанува да делува откако неговите активни членови ги завршиле студиите и се вратиле во своите родни краеви. Иако носталгијата го тера да се врати во родното место, д-р Александар Коцарев, останува во Швајцарија, каде продолжува со својата истражувачка работа за дијагностицирање и лекување на ракот. Тој се надева дека еден ден ќе се врати  во Охрид, каде сакал да отвори институт за истражување и лекување на ракот.

Во својата истражувачка работа како лекар, д-р Александар Коцарев го користи радиумот за инјектирање во ткивата за дијагностички и терапевтски цели. Во 1922 година, тој ја направи првата радоиграфија на пациент заболен од рак. Во 1929 година преминува во Париз, каде продолжува со своите истражувања. Неговите истражувања го прават еден од пионерите на радиодијагностиката и радиотерапијата. Во текот на 1921 до 1931 година, д-р Александар Коцарев има издадено голем број публикации за својата истражувачка работа, а во тогашните весници има записи за него. Неговите истражувања дури и денес се цитираат. За неговата истражувачка работа доби награда од Медицинската академија во Париз, а тој е еден од првите Македонци кој бил најблиску до добивање на Нобеловата награда.

Д-р Анастас Коцарев никогаш не се оженил, а целиот свој живот го посветил на науката и за решавање на македонското прашање. Боледувал од лесна форма на дијабет, но ненадејно починал на 29 март 1931 година во Париз. Се смета дека бил отруен од тајните служби на балканска земја на која му сметала неговата активност по однос на македонското прашање.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.