Среда, 17 Септември 2014    PDF Печати Е-пошта
Јустинијана (Јанка) Каневчева

Јустинијана (Јанка) Каневчева била големата и единствената љубов на Гоце Делчев

Yanka KanevchevaЈустинијана (Јанка) Каневчева (11 јуни 1878 – 3 март 1920) е македонска револуционерка и учителка, деец на Македонската револуционерна организација. Додека била учителка во Скопје, заедно со велешанката Љуба Ќупева и стружанката Славка Чакарова формирале женски кружок таканаречен „Света тројка“, во кој извесно време дејствувала и Амалија Примџанова. Тие извршуваат повеќе задачи кои им се доверени од Организацијата.

Јустинијана или Јанка Каневчева е родена на 11 јуни 1878 година, во Охрид. Уште како дете, нејзините родители се преселиле во Софија, каде таа се школувала, завршила гимназија и студирала филозофија. Како гимназијалка, младата охриѓанка се запознала преку Климент Шапкарев со Гоце Делчев, кој додека престојувал во Софија, станал чест гостин во домот на родителите на Јанка.

Во 1900 година, Јустинијана (Јанка) Каневчева, била назначена за учителка во Скопје. Во тоа време, Славка Чакарова, идната сопруга на Никола Пушкаров кој раководи со Месниот револуционерен комитет во Скопје била назначена за секретарка со задача да ја раководи шифрираната коресподенција и да ги посетува затворите и конзулатите. Славка заедно со македонските учителки и револуционерки, охриѓанката Јанка Каневчева и велешанката Љуба Ќупева, идна сопруга на македонскиот револуционер Владимир Руменов од Крушево, формирале женски кружок таканаречен „Света тројка“. Извесно време со нив дејствувала и Амалија Примџанова, идна сопруга на македонскиот револуционер и војвода Климент Шапкарев.  

Јанка активно била вклучена во македонското револуционерно движење и како членка на женското друштво „Светата тројка“ извршувале повеќе задачи што им ги доверувала Внатрешната организација. Заедно со другите учителки и учители таа учествувала на вежбите за стрелање кои ги изведувале за време на излети во околината на градот, а истовремено под облеката пренесувале и оружје за четите. Додека преку ден ги учеле децата, во вечерните часови пренесувале пораки и ги криеле револуционерите по кои трагале турските власти.

Јанка Каневчева секој распуст го поминувала во Софија, кај своите родители. во 1900 година, таа учествувала со Делчев, Ѓорче Петров и Борис Сарафов во неупешниот заговор за киднапирање на Никола Гешов, син на Иван Евстратиев Гешов, еден од најбогатите граѓани на Бугарија во тоа време. Бидејќи семејството на Гешов заминало за Париз, оваа замисла не била спроведена.

Во Софија, Јанка заедно со Гоце правела и бомби.

Пријателството меѓу младата и убава охриѓанка и апостолот на македонската револуционерна борба набрзо прераснала во љубов. Иако Гоце не ги криел своите чувства, освен најблиските, за нивната романтична љубов другите многу малку или воопшто не биле запознаети. Тие што ја знаеле нивната тајна подоцна ќе раскажат дека „Јанка често му испраќала на Гоце тегли со компот во хотелот "Батемберг" во центарот на Софија каде што тој секогаш престојувал по напорните крстосувања низ Македонија“.

Додека Гоце Делчев крстарел низ Македонија и ги обиколувал четите, противниците на Македонската револуционерна органзација и на апостолот на македонската револуционерна борба, преку медиумите почнале да се шират лажни гласини дека бил убиен. Јанка која од време на време е информирана од куририте на Гоце дека е здрав и жив, каде е и кога ќе дојде, преку писмо датирано од 8 февруари 1902 година бара од софискиот весник „Дело“ да се демантираат гласините за наводното убиство на Делчев. Истовремено, со надеж дека тоа ќе се објави, таа во писмото бара да не се дознае од каде е и кој ја испраќа информацијата.

Гласините дека Гоце бил убиен повторно се шират кон крајот на 1902 година, меѓутоа овојпат Јанка не ја демантира информацијата зошто Гоце бил заедно со неа во Софија.

Загрижен за предвременото востание Гоце се припрема да замине на пат за Солун на разговори со Даме Груев. По празниците, пред да замине, Гоце доаѓа кај Јанка на проштална вечера, на која таа му предава за престојното востание црвено востаничко знаме на кое сама извезла лав и фигура на девојка која ја претставува Македонија. Истовремено таа му подарува убав Божиќен подарок, елек кој ќе го чува од студот додека крстари низ Македонија.

По разделбата со Јанка, истата вечер Гоце се сретнал и со својот близок пријател и соборец Михаил Герџиков, на кого му рекол дека ќе се обиде да го спречи востанието зошто народот не бил спремен и вооружен, а во такви услови востанието би било вистинска кланица. Како да ја претчуствувал својата смрт, Гоце натажен и загрижен, со солзи во очите на крај го прегрнал својот пријател и му рекол:

Акосеслучинештосомене, акомеубијат, имадвенештазакоимилсамтатковинатаиЈанка. Чувајгиидвете. Аконекогаш, подоцна, серодатнекаквичувствамеѓутебеиЈанка, бидетеблагословени.

Јустинијана (Јанка) Каневчева за смртта на Гоце на 4 мај 1903 гидина кај Баница, разбира неколку дена подоцна. Единствената љубов на Гоце, Јанка, облекува црнина која ја носи наредните години.

Војводата на Македонската револуционерна организација Михаил Герџиков го исполнил аманетот на Гоце. Тој ја зел Јанка да работи за него, а откако се родиле чувства меѓу нив, Герџиков и понудил брак на Јанка. Година дена потоа, на Михаил и Јанка им се родила ќерката Магда.

Јустинијана (Јанка) Каневчева починала релативно млада, на 3 март 1920 година, од туберкулоза.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.