Среда, 26 Ноември 2014    PDF Печати Е-пошта
Нако Станишев

Nako Stoen StanishevНако Станишев (1810 – 1875) е македонски деец, застапник за осамостојување од Цариградската патријаршија, истакнат претставник на Кукушката унија. Како познат трговец и производител, тој е долгогодишен претседател на Кукушката црковно-училишна општина. Бил во врска со Д. Миладинов и со епископот Партенија Зографски. Подоцна ја напуштил унијата.

Нако Станишев е роден околу 1810 година во Кукуш. Кукушани во тоа време од локалниот памук изработувале во домашни услови бели платна: Младиот Станишев, веќе на 22 години тргува со платното обиколувајќи ја Македонија и Албанија.  По појавата на американ платното, домашното производство се намалува, а Нако преминува на производство и продажба на шарлаган (масло од сусам). Постепено тој станува познат трговец-производител.

Станишев со тек на време го зголемува својот капитал и застанува на чело на Кукушките македонски првенци. Во борбата за доминација со чаршијата тој се судира со грчките трговци, кои имаат заштита во Цариградската патријаршија. Отука борбата за превземање на приматот врз македонските пазари станува борба против Патријаршијата и против сето она што таа била носител. Во прв ред таа борба била насочена против патријаршиските (грчки) црковни и училишни институции.

Нако застанува на чело на борбата на Кукушките првенци за истиснување на Грците од клучните позиции. Полека оваа борба против грчките свештеници и месните владици, за раководење со црковно-училишни општини, прераснува во општа сенародна борба  против Патријаршијата и создавање на самостојна македонска црква, односно обновување на Охридската афтокефална црква. За постигнување на таа цел не биле избирани средства.

Кукушани биле први од македонските градови кои ги прекинале односите со Патријаршијата во Цариград, Истовремено, тие стапиле и во контакт со Римската црква. Нако Станишев бил главен иницијатор и двигател на акцијата од 12 јули 1859 година, кога тие стапиле во контакт со Римокатоличката црква, на која и понудиле под одредени услови да влезат во Унија. Оваа негова иницијатива била прифатена од Рим, кој се согласил на барањата верските обреди да се вршат на славјански јазик. Со тоа биле поставени основите на Унијатството во Македонија.      

Меѓутоа, за да се спречи унијатското движење во Кукуш, на 29 октомври 1859 година, во Цариград бил ракоположен од солунскиот митрополит Неофит за епископ Полјанската епархија, Партениј Зографски, како прв Македонец со таков чин.  Партениј веднаш се заложил за воведување на црковнославјанскиот јазик во богослужбата во црквите на македонскиот народ, со што го намалило влијанието на грчката црква, а истовремено тоа требало да ги задоволи и барањата на Кукушани.

Играјќи на унијатската карта Нако Станишев покажал исклучителна политичка интуиција во борбата против Цариградската патријаршија. Подоцна тој ја напуштил унијата.

Во текот на 1840 година, Нако Станишев ги посетил Охрид и Струга. Отаму потекнува и неговото познанство со Димитар Миладинов. Во истата година, по препорака на Станишев, Димитар Миладинов доаѓа за прв учител во Кукуш. Меѓу нив се воспоставува срдечно пријателство кое трае две децении. Во овој период, нив ги врзува и заедничката борба за црковна независност, како и усилбите за развој на просветно дело во Македонија.  

Нако Станишев целиот свој живот го посвети на народното црковно прашање. Тој беше еден од првите и главни промотори, но и донатори, во борбата против фанариотската Цариградска патријаршија. Многу пати бил осудуван поради своите заложби. Сепак, со својот карактер, смиреност, разумност и умешност, тој знеше да се справи со властите и да се спаси себеси и народот од премрежјата која ги носеше црковно-училишната борба со Грците.

Кузман Шапкарев, зет на Димитар Миладинов, во 1884 година ќе публикува:  „Материјали за опишување на животот на браќата Миладинови, Димитрија и Константин“, Со прибавување на нешто и за животот на Нако С. Станишев“ .

Нако Станишев  почина во март 1875 година во Кукуш.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.