Среда, 10 Декември 2014    PDF Печати Е-пошта
Христо Станишев

hristo-stanisevХристо Станишев (24. XII. 1863 - Софија, 12. XII. 1952) е македонски градежен инженер во Бугарија, деец на македонското револуционерно движење. Во 1895 година го формира и е претседател на Македонското друштво во Бургас, а во 1896 година бил назначен за благајник на Македонската организација во Бугарија. Од 1897 до 1899 година бил и претседател на ВМК во Софија и заслужен за приклонувањето на Македонскиот комитет кон ТМОРО. Во 1902 година бил член на Врховното тело на македонската емиграција, а по Првата Светска Војна бил во раководството на Сојузот на македонските емигрантски друштва во Софија. Бил член на МНИ во Софија, а во 1933 година претседавал на Великиот македонски собор во Горна Џумаја.

Христо Станишев е роден на 24 декември 1863 година во Кукуш. Со основно образование се стекнал во родното место. Во 1880 година заминал за Софија, каде учи класична гимназија, а по завршувањето на средното образование во 1885 година, студира градежен инженер на Универзитетот во Гент, Белгија. Меѓутоа, веќе наредната година, поради смртта на неговиот татко тој се враќа во татковината.

Во недостаток на средства, за да ги продолжи студиите, Христо Станишев предава десет месеци во Солунската машка гимназија, а држи часови и во женската гимназија. Во текот на овој период, негов пријател од факултетот, редовно му испраќа материјали од предавањата кои му овозможуваат на Христо успешно да ги положи испитите. Во меѓувреме, за последните две години студии, успева да добие стипендија од Министерството за образование на Бугарија. Ослободен од финанските проблеми, тој дипломира како првенец на генерацијата во 1889 год.

Христо како бугарски стипендист, по дипломирањето оди во Бугарија. На почетокот, тој ја затекнал земјата со неразвиена патна и друга инфраструктура. Имало едвај 2100 километри изградени патишта. Така тој почнува да работи на изградба на патишта, мостови, железнички пруги, водоводи и згради низ целата земја. Во 1893 година урбаната комисија на Бургас го назначила за градежен инженер на градот.

Во недостаок на градежни кадрови, Христо Станишев создава своја градежна школа, од каде ќе произлезат многу ученици и негови следбеници. Тој е еден од основачите на Бугарското инженериско-аргитектонско друштво, формирано во 1893 година. Со своите колеги тој ќе изгради нови патишта кои се за десетпати повеќе од првично затекнатите. Меѓу нив е и пругата Левски – Свиштов.

Како градежен инженер тој учествува и во многу други проекти, меѓу кои се: постаментот на „Цар Ослободител“ во Софија, основата на храмот „Св. Александар Невски“, северното крило со колонади на Народното собрание, Англиската легација во Софија, обновата на црквата „Св. Недела и Народниот театар, бугарскиот павиљон на Светската изложба во Лиеж во 1905 и во Милано во 1906 година. Негови градби постојат и до ден денес.

Покрај градежништвото, Христо рано се вклучува и во Македонското револуционерно движење и активен меѓу македонската емиграција во Бугарија. Во 1895 година тој е основач и претседател на Македонското друштво „Пирин планина“ во Бургас. Во 1896 година тој е назначен за благајник на Македонската организација во Бугарија, а од 1897 до 1899 година е претседател на Врховниот македонски комитет (ВМК) во Софија. Во 1902 година, Христо Станинов бил член на Врховното тело на македонската емиграција. Истата година го издава весникот „Реформи“ и се советува со Гоце Делчев и Пеју Јаворов. По негова заслуга Македонскиот комитет се приклонил кон ТМОРО.

За време на Балканските војни бил доброволец. По Првата Светска Војна бил во раководството на Сојузот на македонските емигрантски друштва во Софија, која застанува на страната на Тодор Александов и Александар Протогоеров. Станал член на Македонскиот научен институт во Софија, кој се формира во 1923 година, како и на масонската ложа. Во 1933 година претседавал со Великиот македонски собор во Горна Џумаја.

Христо Станишев  бил еден од најистакнатите преставници на македонската емиграција во Бугарија. Додека како помлад криел под креветот сандаци со пушки, како повозрасен гледал достоинствено да ја престави македонската емиграција и Македонската револуционерна организација, како во Бугарија така и надвор од земјата.

Христо Станишев починал на 12 декември 1952 година во Софија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.