|
||||
Антон Кецкаров |
Антон Ефтимов Кецкаров (12.XII.1865 – јануари 1945) е македонски револуционер, просветен и општесвен деец. Деец е на Македонската Револуционерна Организација од 1893 година. Во Илинденското востание бил член на Горското началство на Охридскиот револуционерен реон на ТМОРО и охридски војвода во Долна Дебарца. Од 1923 година член е на Бугарските конституциони клубови, а потоа благајник и сметководител на Македонскиот национален комитет, Илинденската организација од 1932 и на Македонскиот научен институт во Софија од 1938 година. Како и многу други македонски интелектуалци, станува член на масонската ложа „Светлина“ од Софија, со цел да помогне за македонската кауза. Антон Ефтимов Кецкаров (12.XII.1865 – јануари 1945) е македонски револуционер, просветен и општесвен деец. Деец е на Македонската Револуционерна Организација од 1893 година. Во Илинденското востание бил член на Горското началство на Охридскиот револуционерен реон на ТМОРО и охридски војвода во Долна Дебарца. Од 1923 година член е на Бугарските конституциони клубови, а потоа благајник и сметководител на Македонскиот национален комитет, Илинденската организација од 1932 и на Македонскиот научен институт во Софија од 1938 година. Како и многу други македонски интелектуалци, станува член на масонската ложа „Светлина“ од Софија, со цел да помогне за македонската кауза. Антон (Андон) Кецкаров е роден во 1865 година во Охрид, во големото семејство Кецкарови. Со основно образование се стекнува во Охрид и Струга, каде еден од учителите му е и Григор Прличев. Средното образованието го продолжил во гимназијата и военото училиште во Софија. По извесен период заминува за Солун, каде завршува гимназија во 1887 г. Во 1885 година, уште како ученик, Антон е еден од иницијаторите за формирање на ученичкото друштво „Св. Климент“ во Охрид, кое ја поддржува охридската општина во споровите со Егзархијата, а потоа прераснува во училиште. Наредната 1886 година, дел од членовите на ова просветно друштво (Антон Кецкаров, Климент Заров, Лев Огненов, Јаким Деребанов, Никола Чудов, Иван Лимончев, Анастас и Христо Маџарови) формираат бунтовен кружок, а потоа агитираат низ селата на охридската каза за отварање на училишта и за организиран отпор против турските власти и албанските банди. По завршувањето на школувањето во 1887 година учителствувал во Охрид (1887-1889), Битола (1889-1897), Солун (1897-1898) и Одрин (1898-1899). Во 1890 година, за време на своето учителствување во Битола, тој бил иницијатор за создавање на неделно училиште. Непосредно по основањето на ТМОРО во 1893 година, тој се вклучува во Организацијата и го користи неделното училиште во Битола за агитација и организациска дејност. Во учебната 1899/1900 година, на барање на Организацијата, Антон се враќа во родниот град, каде учителствува и еден од раководителите на Македонската револуционерна организација. Тој како доректор ги потпомага охридските училишта и училишно-црковната општина. На Смилевскиот конгрес во мај 1903 година, Антон Кецкаров бил избран во Горското начелство на Охридскиот револуционерен реон. За време на Илинденското востание тој дејствува како охридски војвода со чета во регионот на Долна Дебарца. По одлуката на Главниот штаб за распуштањето на востаничките сили во октомври 1903 година, како и за засолнување на раководниот кадар од теренот, Кецкаров заедно со други раководители на Организацијата ја напушта земјата и преку Албанија и Црна Гора оди во Бугарија. Поради учеството на Антон Кецкаров во востанието, месните власти му се одмаздуваат на неговото семејство, кое го измачуваат и протеруваат од земјата, а домот му го разграбуваат. Се` до 1908 година тој останува во Бугарија каде работи како учител во бугарските градови Добрич, Каварна и Сливен. Во Македонија се враќа по Младотурската револуција и учителствува во Битола. Тој како и поголем дел од десницата на Македонската револуционерна организација станува активен во Сојузот на бугарските конституциони клубови во Битола, која како организација постои од септември 1908 до ноември 1909 година. Во 1911 година Антон Кецкаров превзема активности за формирање на легална политичка партија, која е неуспешна поради промената на курсот во отоманската империја. Тој бил уапсен под обвинение дека е претседател на револуционерна организација. Пред избувнувањето на Првата балканска војна, бега во Бугарија, каде кратко учителствува во женската гимназија во Дупница. Во Првата балканска војна, Кецкаров учествува во состав на Седмата пешадиска рилска дивизија. По демобилизацијата во 1913 година, тој се обидува повторно да се врати како учител во Битола, но е прогонет од новите српски окупатори. Поради тоа, тој учителствува во Пиринска Македонија и се вклучува во потпомагањето на багалците од Македонија. Во меѓувреме, како и многу други македонски интелектуалци, со цел да помогне за македонската кауза, станува член на масонската ложа „Светлина“ од Софија. Од февруари 1916 година, Кецкаров бил директор на прогимназијата во Битола. Пред заземањето на градот од војските на Антантата во ноември истата година, тој се извлекува од Битола и во текот на 1917 година учителствува во Скопје. По Првата Светска Војна се пензионира и живее во новосоздадената населба „Модерно предградие“ во Софија, но не се повлекува од општествената дејност. Во 1922 година Антон Кецкаров бил воздигнат на степен мајстор на Великата масонска ложа и ги поставува основите на месното културно-просветно и благотворително друштво „Св. Кирил и Методиј“. Активно се вклучува во дејноста на легалните македонските емигрантски емиграции, особено во Илинденската организација. Кецкаров го помага и Македонскиот научен институт формиран 1923 година во Софија. По влегувањето во овие организации тој станува благајник и сметководител на Македонскиот национален комитет од 1923 г., на Илинденската организација од 1932 г. и на Македонскиот научен институт во Софија од 1938 г. По бугарската окупација на Македонија во 1941 година, Антон Кецкаров се враќа во родниот град со сопругата Екатарина и еден од синовите, Методи Кецкаров. Во 1942 година тој е еден од основачите на Охридската граѓанска фондација „Св. Климент Охридски“ чии цели се претежно добротворни. Во јануари 1945 година умира во Битола. Тогашната повоена управа имајќи ги во предвид неговите заслуги и последна желба дозволува да биде погребан во родното место. Според последната желба на големиот мајстор на масонската ложа „Светлина“, веднаш по смртта тој бил донесен и погребан во црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид. |