Среда, 31 Декември 2014    PDF Печати Е-пошта
Александар Станишев

stanisevАлександар Станишев (27. XII. 1886 – 1. II. 1945) е лекар, научник и политичар од Егејска Македонија, кој живее и работи во Бугарија. Тој е еден од водечките хирурзи во периодот меѓу двете светски војни. Неговата политичка активност е поврзана со борбата за ослободување на Македонија под српска и грчка окупација. Бил член и основач е на Македонскиот научен институт, а исто така член е на масонската ложа. Од јуни до септември 1944 година бил министер за внатрешни работи и јавно здравје на Бугарија, а неколку месеци по деветосептемврискиот преврат бил егзекутиран од новата комунистича власт.

Александар Димитров Станишев е роден на 27 декември 1886 година во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, во познатото семејство Станишеви. Негов дедо е кукушкиот преродбеник Нако Станишев, а негови браќа се Константин и Милош Станишеви. Александар завршил средно образование во Солунската машка гимназија во 1904 година, а потоа го продолжил своето образование на Универзитетот во Софија каде учи природна историја во учебната 1904/1905 г.

Од 1905 до 1910 година, Александар Станишев студира на Медицинскиот факултет во Минхен, Германија. По завршувањето на студиите, од 1910 до 1912 година работи како асистент на Универзитетската хируршка клиника во Минхен, во болниците во Лозана и Берн (Швајцарија), како и во Линдау (Баварија).

За време на Балканските и Првата Светска Војна, по заземањето и горењето на Кукуш од страна на грчката армија во 1913 година, неговото семејство пребегнува во Софија, Бугарија, а Александар Станишев доаѓа во Бугарија и работи како хирург во бугарските воени болници.

По Првата Светска Војна, професионалната кариера на Александар Станишев оди по нагорна линија. Во 1919 и 1920 година тој специјализира во Хајделберг и Минхен во Германија, а по неговото враќање, од 1921 година тој е доцент на Катедрата по клиничка хирургија на Медоцинскиот факултет на Универзитетот во Софија. Во 1923 година Александар е избран за вонреден, а подоцна за редовен професор на истата катедра.

Александар Станишев ја основа и станува прв директор на Хирушката клиника во Софија. Во два наврати бил избран за декан на Медицинскиот факултет (1930 – 1931 и 1937 - 1938), а во текот на 1938 и 1939 година тој е ректор на Универзитетот во Софија. Од 1936 до 1944 година А. Станишев бил и претседател на Бугарското хирушко друштво.

За својата професионална дејност А. Станишев се стекнува со низа меѓународни признанија. Во 1935 година бил избран за член, а во 1938 година и за потпретседател на Меѓународната хирушка академија во Женева. Потоа во 1939 година станал почесен член на Универзитетот во Хамбург, а веќе наредната година и за почесен доктор на Берлинскиот универзитет.

Политичката дејност на А. Станишев е поврзана со борбата за ослободување на Македонија од српско и грчко ропство. Тој е член и еден од основачите на Македонскиот научен институт, но, исто така член е на масонската ложа. Александар кој е роден во Македонија, но бугарски и германски воспитаник, со одлични позиции во бугарското општетсво, спаѓа во групата на интелектуалци од македонската емиграција во Софија која се изјаснува за бугарскиот карактер на македонскиот народ, но се залага за автономија или прогласување независна македонска држава под германски протекторат.

За време на Втората Светска Војна, благодарение на своите лични контакти со Германците, Станишев во март 1943 година, успева да го спаси од сигурна смрт унгарскиот евреин Илеш Шпиц тренер на фудбалскиот клуб “Македонија“ од Скопје.

Исто така, поради своите политички погледи, но германски контакти, тој во јуни 1944 година е назначен за министер за внатрешни работи и народно здравје во владата на Иван Багрјанов. На оваа позиција тој се задржува само три месеци, од 1 јуни до 2 септември 1944 година. По 9 септември 1944 година, новата комунистичка власт го апси, а Народниот суд го осудува на смрт со глоба од 5 милиони лева и конфискација на имотот.

На завршниот збор пред „Народниот суд“ Александар Станишев ќе каже дека 35 години работел благородна професија на полето на хирургијата. За тоа време публикувал над 50 научни трудови на повеќе јазици, а дека повеќе негови научни откритија влегоа во американски, англиски, француски, германски и руски учебници. Потоа ќе каже дека извршил над 40.000 опреции од кои 12.000 врз војници за време на војните, а на 95% од нив тоа го правел бесплатно. Исто така ќе изјави дека влегол во владата на Багрјанов за да дејствува за спасување на Бугарија и Македонија, а дека доколку направил и некоја грешка во тие тешки времиња таа била резултат на неговото неискуство при управувањето со едно од најтешките министерства.

Сепак, Александар Станишев кој како лекар целиот свој живот го посветил во спасување на животи беше стрелан во ноќта меѓу 1 и 2 –ри февруари 1945 година на Централните софиски гробишта, откако пред егзекуцијата му било наредено да ја установи смртта на над стотина лица, претежно интелектуалци осудени од комунистичкиот “Народен суд“. Во 1996 година, со решение на Врховниот суд на Бугарија пресудата е отфрлена, а А. Станишев е рехабилитиран.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.