Среда, 10 Април 2024   
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ I) (27)

1kat1

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Вториот мемоарски труд на Атанас Близнаков под наслов „Спомени за националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада” се појави во едицијата  „Од историското минато на македонскиот народ” на Книгоиздателството ,,Култура” од Скопје во 1987 година. Оваа негова публикација, според својот опфат и поглед на историските настани, претставува една скромна рекапитулација на историскиот развој на националната, политичката и културната активност на македонското иселеништво во САД и во Kанада.

Во таа смисла нејзиното појавување треба да се смета како уште еден прилог за пошироко јавно запознавање со дејноста на Македонците, за бурните години меѓу двете светски војни и пред тоа, кога Македонците ја напуштаа Македонија и со сиот свој жар од туѓина се бореа за нејзиното ослободување, за обединување и за посреќна иднина.

Промоцијата беше организирана на 17 декември 1987 година од Книгоиздателството „Култура” и Матицата на иселениците од Македонија, а за настанувањето на книгата и за нејзините научно-истражувачки, историографски и публицистички вредности говореше д-р Иван Катарџиев, претседател на Матицата.

,,Денес, рече Катарџиев во своето излагање, благодарение на немирот, активноста и жизнерадоста на духот на нашиот познат хуманист и доброчинител, долгогодишен иселеник, а сега жител на град Скопје, Атанас Близнаков, од една и, од друга страна, на залагањето на Матицата на иселениците од Македонија и на издавачката организација ,,Култура”, во прилика сме да ја претставиме пред македонската јавност оваа мала по обем, но наситена со информации за дејност ана македонското иселеништво книга под наслов ,,Спомени за националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада”.

1kat11

Значајна страница од кажувањата на Близнаков продолжи понатамау Катарџиев, е историјата на самоорганизирањето на македонските печалбари – иселеници во Америка. Поделбата на Македонецот без оглед на целите на делителите, преку делбата да го разбијат единството и хомогеноста на македонското ослободително движење, не ја разби свеста за единството на македонскиот народ, изградена во претходните револуции. Напротив, чувствувајќи се слободни во новат асредина, далеку од рацете на балканските претенденти, паралено со борбата за обезбедување на својата живеачка, се развивала и акцијата за своето национално самоорганизирање”.

Потоа, д-р Иван Катарџиев зборуваше за состојбите сред македонското иселеништво денес, подвлекувајќи дека во САД, Канада и Австралија, тоа е значаен фактор, дека е организирано во две епархии на МПЦ, дека има мноштво цркви, културни центри и други објекти, фолклорни и спортски друштва, училишта, радио и телевизиски часови и друго.

Во своето обраќање на крајот од промоцијата, авторот Атанас Близнаков рече дека неговата книга има за цел да открие дел од животот и организирањето на Македонците во САД и во Канада и продолжи:

„Националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и во Канада меѓу двете светски војни и особено по Втората светска војна, додаде Близнаков, беше голема. Посебен белег таа имаше по создавањето на македонската држава во рамките на југослвенската федерација, кога иселеништвото ѝ даде голема поддршка на младата Република. 

За жал нашта македонска емиграција во Америка и Канада и денес уште е поделена не само идејно, туку и национално. Особено кај постарите Македонци се` уште постои таа поделеност. Причина: се` уште присутните врховисти кои со својата пропаганда и интриги донекаде успеваат да не` разделуваат, да владеат, донекаде и да не` уништуваат. 

Денес македонскиот народ од слободниот дел на Македонија, се радува на својата слобода, слободно го гради својот стопански живот и прогрес, ја создава својата национална историја, културата и се` што е полезно за македонскиот народ, но сепак балканските врховисти не мируваат. Тие и натаму развиваат отровна пропаганда против македонската република и македонскиот народ”.

Идејата за опишување на борбата за национална еманципација, политичка дејност и културна активност на македонските иселеници во САД и Канада тлеела кај Близнаков многу одамна. Тој собрал бројни документи и различни материјали кои фрлаат светлина врз оваа проблематика, за подоцна, со доаѓањето во Македонија да ги обработи сите тие материјали и текстови и да ја срочи оваа публикација.

Книгата „Спомени за националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада” настојува да го изрази животот и активностите на македонската емиграција во овие две земји. Во тој живот и во тие настани бил учесник и Атанас Близнаков, па поради тоа чувствуваше потреба да стори нешто, а да не се заборави онаа полетна активност поврзана со бројните аспекти на македонското национално прашање и револуционерно дејствување. Како човек кој повеќе години престојувал во туѓина и непосреден учесник во националното, политичкото и културното живеење на македонското иселеништво во САД и во Канада, почувствувал внатрешна потреба да се зафати со оваа одговорна и благородна задача.

Овој труд треба да се сфати само како прилог што ќе овозможи пошироката јавност да се запознае со едно време и со една дејност која бездруго заслужува внимание. Ова што Атанас Близнаков го има кажано во секој случај ќе може и натаму да се збогатува и од други и особено од македонската историска наука зашто тој го кажа само она што го знаеше и паметеше.

Во предговорот на ова значајно и по многу нешта единствено дело за македонските исселеници, покрај друго, се вели:

,,По моето враќање во СФРЈ, односно во Социјалистичка Република Македонија, во разговорите што ги водев со многу луѓе, не еднаш се навраќавме на идејата дека е неопходно некој од постарите иселеници да се зафати со покомплексно изнесување на патриотската дејност на Македонците во САД и Канада, т.е. нанивната борба за национална и политичка насоченост и корисна културна дејност.

Во тие разговори постојано преовладуваше сознанието дека ваквиот зафат може да има повеќекратно позитивно значење, бидејќи многу ќе придонесе да се збогати нашата свест со понови и автентични податоци, поврзани со настојувањата за што поуспешна национална еманципација, политичка дејност и културна активност на еден дел од нашиот народ, што живееше и жилаво се бореше за сопствената егзистенција, оддалечен од родната грутка со илјадници километри.

Во рамките на овие размислувања, а свесен за фактот дека целата моја генерација, според биолошките закони, се наоѓа на залез, одлучив да ги напишам овие сеќавања како непосреден сведок и учесник во настаните и вриежите во национална, политичка и културна насока. Поради тоа, секое одлагање да се оживотвори оваа благородна задача го чувствував како ненадоместлива загуба, како пропуст што не ќе може да се надополни со никакви напори и напрегања. Актуелноста на оваа обврска стана уште поголема и поради тоа што многумина од моите современици веќе не се живи. А заради зачување од превезот на заборавот на спомените за полетната активност поврзана со бројни аспекти на македонското национално прашање и револуционерно дејствување, пишувањето на овој труд од ден на ден го чувствував се` посилно”.

Исто така, во предговорот се вели дека овие спомени ќе можат и натаму да се збогатуваат и облагородуваат со нови податоци и детали. Битно е дека овие негови настојувања се проткаени исклучово со желба да не избледнее и да не исчезне она што тој го паметеше и знаеше. Токму од тие причини овој труд треба да се сфати само како прилог што ќе овозможи да се запознае пошироката јавност со едно време и една дејност која бездруго заслужува внимание. Придонес за тоа, меѓу другите, има и Матицата на иселениците од Македонија, со чија помош дојде до печатење на овој труд.

Продолжува

1kat111

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Митева: Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата

Митева: Јасно е дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени, Силј...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.