Среда, 21 Декември 2022   
БЛИСКОСТА И ЗАЕДНИЧКАТА СУДБИНА НА ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА (34)

1kiru3

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Почнувајќи од древниот период па до денес, Израел како и Македонија бил, е и ќе биде раскрсница на различни нации, цивилизации, култури, јазици и религии. Затоа, со право се вели дека историјата на Евреите и таа на Македонците е тесно поврзана. Почнувајќи од древните времиња на Александар Македонски, периодот на Римјаните и Византија, отоманскиот период па сè до следните светски војни, ќе се види дека Израел и Македонија имале слична, ако не и идентична судбина

Низ овој долг и важен период во Македонија само две нации го избрале името на земјата како дел од нивниот идентитет - древните Македонци и Македонците денес. Македонците ја добија својата независност, социјалните, политичките и културните права во 1944 година, за во 1991 година да се конституира независна, суверена и самостојна држава - Република Македонија.

Евреите, пак, во долгиот и тежок пат на опстојување, во времето кога Римјаните го разрушиле Ерусалим и во пламенот на огинот изгорел Светиот храм, Јудеја била разграбена и опустошена. На Евреите им било забрането да живеат во нивната татковина Јудеја, со што настапило големото еврејско раселување по светот. Потоа во Јудеја дошле муслиманите, крстоносците, Отоманците и секој на свој начин се однесува кон овој народ.

Секако, минатиот век за Евреите е најжалосниот, бидејќи, Ариевците на чело со Хитлер убиле 6 милиони Евреи. Со тоа еврејскиот холокауст не се заборава, туку остави големи лузни во душата на еврејскиот народ и во неговата историја.

Еврејскиот народ постои уште од номадскиот период преку создавањето на првата единствена држава на Евреите од 1030 до 930 година пр.н.е., па преку нејзиното распаѓање, покорувањето на Евреите и нивната емиграција, до создавањето на еврејската држава Изреал, која се реализира дури по Втората светска војна, на 14 мај 1948 година.

Во врска со еврејскиот холокауст, секоја година на 11 март во Скопје пред Споменикот на жртвите од бугарскиот фашистички окупатор, им се оддава почит на македонските Евреи. На тој ден во 1943 година, бугарската полиција на германските нацисти им предала 7.144 македонски Евреи.

Меѓутоа, макотрпниот живот, севкупните состојби, силната љубов кон својата вера, народ, земја, минато и иднина направи и од Македонците и од Евреите да формираат свои суверени и независни држави. Од Израел и од израелскиот народ треба да се учи колку тешко, макотрпно и со многу пожртвуваност се формира држава, како уште потешко се стекнува слободата и, како сето тоа возвишено, со силна вера, со голема љубов и со најголема надеж треба да се брани, гради, чува и развива новосоздадената држава. А, еврејскиот случај на создавање на држава и опстојување на истата е единствен пример во светот.

Инаку, кога зборуваме за судбинската поврзаност на македонскиот и еврејскиот народ и на Македонија и Израел, треба да се спомене дека Република Македонија се граничи со четири земји: Албанија, Бугарија, Грција, Србија и Косово. За жал, овие земји како во договор имаат аспирации и негаторски однос кон Македонија. Така Србите го негираат постоењето на автокефалноста на Македонската православна црква како продолжувач на Охридската архиепископија и не ја признаваат целосно границата меѓу Македонија и Косово.

Грција го негира уставното име на Република Македонија и со сите можни средства се бори да ја потцени и државата и народот со употреба на неприфатливата додавка БЈРМ. Албанија има територијални претензии кон западниот дел на Македонија, каде се случува популациска инвазија. Бугарија, пак, ја признава државата, а го негира македонскиот јазик. Од тие причини и не случајно Македонија е наречена „јаболко на раздорот на Балканскиот Полуостров“.

Исто така, и Израел се граничи со четири држави и тоа: Либан, Сирија, Јордан и Египет. Израел се наоѓа во изолирана положба како еврејска држава која е опкружена од Арапи, кои претежно се муслимани.

Односите меѓу Израел и соседните земји се одразуваат, речиси, на секој аспект на изразувањето на надворешните односи, како и на демографијата, економската и друга политика во текот на историјата. Сите тие соседни земји, на свој начин имаат територијални претензии и се однесуваат негаторски кон еврејскиот народ и еврејската држава. „Затоа и Израел често се нарекува како „јаболко на раздорот на Блискиот Исток“.

Меѓутоа, макотрпниот живот, целокупните состојби, силната љубов кон својата вера, народ, земја, минато и иднина направи и од Македоците и од Евреите да формираат свои суверени и независни држави. Од Израел и од израелскиот народ треба да се учи колку тешко, макотрпно и со многу пожртвуваност се формира држава, како уште потешко се стекнува слободата и како возвишено, со силна вера, со голема љубов и со најголема надеж треба да се брани, гради, чува и  развива новосоздадената држава. А еврејскиот случај на создавање држава и опстојување е единствен пример во светот, од кој може да се учи. Затоа, може да се заклучи дека историјата на Евреите и на Македонците е тесно поврзана. И едните и другите се библиски народи и имаат заедничка судбина.

Во Израел има многу мал број македонски Евреи, кои живеат во повеќе градови и кои се тесно поврзани со Република Македонија. Меѓутоа, врските меѓу двете земји се базираат токму со Евреите во Израел и Македонија.

Македонски православни цркви постојат во голем број прекуокеански и европски земји. Но, се чини дека изградба на македонски храм во Светиот град - Ерусалим е од посебно значење како за Црквата, исто така, и за македонскиот народ во целина. Инаку, идејата за изградба на македонска православна црква во Светиот град е вечна и света уште од времето на просветителите свети Кирил и свети Методиј, од времето на свети Климент и свети Наум Охридски, на цар Самуил, на Партение Зографски, од времето на поглаварите Доситеј и Михаил, до денешни дни кога поглавар е архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Имено, во 1999 година, за време на велигденскиот прием, сега починатиот поглавар на Македонската православна црква г.г. Михаил рече дека Македонската православна црква добила покана од израелските власти да изгради свој храм во таа света земја. Оваа вест беше примена со воодушевување не само кај црковните свештенослужители туку и кај македонскиот народ.

Тогаш беше обелоденета веста за изградба на македонска православна црква во Светиот град  - Ерусалим и беше речено дека можеби, таквата изградба ќе биде реализирана во рамките на активностите по повод 2000 -годишнината од христијанството. Оваа идеја предизвика голем интерес особено кај Македонците во дијаспората, потоа кај бизнисмените кои најавија дека ќе донираат за изградба на црква, исто така, и кај обичните верници.

Се чини дека поддршката на Македонија и на македонскиот народ од страна на Израел е неопходна и многу значајна. Тоа, секако, се потврдува со блискоста на овие две држави и два народа кои имаат слична и идентична судбина, историја...

Продолжува

1sla1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Митева: Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата

Митева: Јасно е дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени, Силј...

Историја

News image

Научно патување на етнографот А. Стоилов во Драмско, Кавалско и Правишко

По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна, етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ априлскиот БР. 66 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Сисанието „Повод“ е едно од најзначајните иселенички инф...

Култура и туризам

News image

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. ...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.