Среда, 07 Март 2018   
Македонските востаници и македонскиот народ немаа подршка од страна на големите сили

manifest1881

Решенијата на преставниците на Европските држави на Берлинскиот конгрес од 13 јули 1878 година, кои имаа за цел да го попречат словенското напредување кон Средоземното море, за македонскиот народ преставувале огромно разочарување, не само во поглед на одлуките на Санстефанскиот мир, туку и врз однос на предлозите на Цариградската конференција од 1876 година која предложила воведување на автономија на Македонија.

Со задржување на османската власт во Македонија, по одлуките на Берлинскиот конгрес, македонскиот народ независно од член 23 на Берлинскиот договор, бил доведен во далеку потешка положба отколку пред војната. Покрај општото опаѓање на стопанството, засилениот терор и пљачкосување како од страна на преставниците на локалната власт така и од огромниот број на разбојници посебно во западниот дел, македонскиот народ морал на својот грб да ја понесе издршката на огромниот број турски бегалци (мухаџири), чиј број непосредно по војната изнесувал повеќе од сто илјади. Во исто време на територијата на Македонија била распоредена турска војска чија издршка исто така била на товар на македонскиот народ.

Затоа решенијата на Берлинскиот конгрес биле дочекани со огорчување и експлозија на револт на македонскиот народ и заживување на вооружениот отпор. Незадоволни од одлуките на Берлинскиот конгрес, Бугарија и Грција кои биле попречени во нивните напори да ја присвојат македонската територија, своето незадоволство го изразиле со испраќање на вооружени чети на територијата на Македонија, со единствена задача револтот на македонскиот народ да го канализираат за нивни цели.

Ваквата состојба на терор и пљачка врз македонскиот народ резултираше со спонтан вооружен отпор кој подоцна премина во вооружено востание. Посебно изразено беше во Источна Македонија иако постојат податоци дека вакви востанички жаришта имало во Битолско, Корча, Костур, Кожани, Бер и Воден. Востанието почнало на 3 октомври 1878 година во Кресна кога целиот состав на гарнизонот од 119 војници и 2 офицери бил заробен. Започнато како внатрешно и со сопствени сили ова востание познато како Кресненско имаше единствена цел, Македонија да се ослободи од вековното турско ропство.

Македонските востаници и македонскиот народ немаа подршка од страна на големите сили. Руската влада под притисок на Англија и другите големи европски сили, решително се изјаснила против продолжувањето на воените активности и за спроведување на Берлинскиот договор. Турција подпомогната со материјална помош директно од Англија и Бугарската влада која со интриги ја разбила македонската востаничка организација, го угушила востанието и во април 1879 година целосно ги завладеала ослободените територии.

По угушувањето на Кресненското востание, внатрешните немири во Македонија не престанале. Особено ова дошло во израз во Западна Македонија. Вратените доброволци формирале нови чети кои зафатиле широк простор на територијата помеѓу Битола, Прилеп. Охрид и Кичево. Во периодот од 1879 и 1880 година се припремал нов заговор за вооружен отпор, кој бил откриен и ликвидиран во 1881 година.

Во овој период на Грамон теке, од 21 мај до 2 јуни 1880 година, во присуство на 32 делегати од сите краишта на Македонија, при учество на Македонци, Власи и Албанци, одржано е Национално собрание на Македонија, формирана е Привремеиа влада на Македонија „Единство" (1880/1881) и од името на Владата, како политичка институција на македонскиот народ е упатен апел до големите сили за ослободување на Македонија, во кој се истакнуваат праведните барања на македонскиот народ. Кон Апелот е доставено и Протоколното решение на Македонското национално собрание, во кое се бара решение од меѓународниот фактор за создавање на Автономна Македонија, но и за создавање на самостојна држава на македонскиот народ.

Постојат различни толкувања во историската наука за појавувањето на Привремената влада на Македонија. Според првата верзија таа е творба на Русија која сакала да се создаде Автономна Македонија со престолнина Солун, со што би се спречило излегувањето на Австрија на Егејско море. Втората верзија е дека таа е творба на Грција која сакала полесно да ги припои Тесалија и Епир кон грчката држава, а третата верзија е дека Владата на Македонија била производ на Отоманската империја која сакала да ја спречи Грција да ги заземе Епир, Тесалија и Македонија. Но изгледа спред горе кажаното, време на траењето(1880/81) и подршка од големите сили на Привремената влада на Македонија, дека четвртата верзија е најточна, односно дека Привремената влада е творевина на самиот македонско народ кој со векови тежнеел не само да се ослободи од турското ропство туку и да ја воспостави Автономна или самостојна држава на македонскиот народ во границите на древна Македонија.

Во Апелот и во Протоколното решение, може да се види дека во првата алтернатива на Привремената Влада за решавање на македонското прашање, Автономна Македонија во рамките на Отоманската империја, решение се барало преку реализација на членот 23 од Берлинскиот договор, додека во втората алтернатива се претпочитало како решение да се крене востание во Македонија и да се создаде независна и самостајна македонска држава, која се поврзува со древна Македонија.

Повикувањето на македонскиот народ на оружје со паролата: „Македонија за Македонија, за воспоставување на древната Македонија“, многумина историчари го поврзуваат со грчката пропаганда или како влијание на романтичарскиот занес. Сепак доколку ова парола се сретнува во континуитет кај македонскиот народ низ целиот 19 и 20 век, тоа покажува дека не се работи само за романтизам туку дека се работи за длабоки античките корени кај македонскиот народ.

Као потврда за горе изнесеното, постојат изворни документи како што се Апелот придружен со Протоколното решение на македонското национално собрание од 21 мај 1880 година, кој Привремена влада на Македонија ги упатува до козулите во Солун (Аrhiva Мinisterul Аfacerilor Straine (Bucuresti) Fопdul/ Сопѕtаntinоро1. Сопѕulat Ѕа1оiс. 31.VII/12. VIII, 1880, р. 28-33) .и Манифестот на Привремената влада на Македонија од 23 март 1881 година „Центральньiй Государственньiй Архив Октябрьской революции социалистической стрительства СССР.Москва–Фонд Гр. Игнатьева Н0 730. – опис Н0 1, ед. хр.79).

Овде ви го презентираме Апелот и Протоколарното решение на Привремената влада на Македонија преземено од Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први 1981 година,

Привремена влада на Македонија

Н°3

21 мај 1880 година

Гремен теке

До Неговото Превосходителсгво

Серускиот генерален конзул Н. Улјанов

во Солун

Ваше Превосходителство,

Од името на Привремената влада на Македонија Ви го испраќаме ова протоколно решение на Националното собрание на Македонија, со молба да го испратите до Н. В. Серускиот Император Александар II. Се надеваме дека руската влада ќе ги потпомогне праведните барања на македонскиот народ и ќе помогне да се здобие со правдини слични на останатите балкански народи.

Привремена влада на Македонија

Претседател:

Васил Симон

Членови:

1. Анастас Димитрович

2. Али Ефендн.(Албанец)

Прилог:

ПРОТОКОЛНО РЕШЕНИЕ

Национално собрание на македонскиот народ, составено од привремените претставници на народот од различити области, се собра на Гремен теке, ја разгледа општата политичка положба во земјата и го претресе сето она што би требало да се стори за да се постигне националната цел на Македонија. Притоа се имаше предвид макотрпната историја на оваа земја, која со векови страдала од разбојништвата, од органите на власта, од грабежите и насилствата на Черкезите одамна настанети во одделните области; - дека поради својата географска положба во центарот на Европска Турција, Македонија секогаш била жртва на востанија и на грабежи од страна на башибозуците, Черкезите и Гегите;

- дека Македонија веќе од која и да е друга земја поради политички цели е разделена и етнички на Словени, Грци, Албанци, Власи и Турци, а завојувачите се стремат да ја распокинат, со што се руши националното постоење на Македонците, така што тие секогаш остануваат во сиромаштија;

- дека на меѓународните конгреси на големите сили Македонија е оставена сирак;

- дека поради последните промени во Европска Турција - Романија, Србија и Црна Гора по силата на Берлинскиот договор од 1878 година ја добија својата полна независност, а Бугарија, Источна Румелија, Крит добија граѓански права, Епир и Тесалија го очекуваат своето присоединување кон Грција, додека единствено Македонија, која во древното време имала своја цивилизација и го дала Аристотел и Александар Велики, е лишена од секаква помош;

- дека никакво решение на мировните договори по однос на граѓанските права на македонското население не било применето - чл. 15 на прелиминарниот Санстефански договор признаваше полна автономија на поголемиот дел на Македонија; а чл. 23 од Берлинскиот договор и даваше органски устав сличен на Критскиот устав од 1868 година, но оттогаш изминаа веќе две години без нешто да е сторено.

По силата на сето ова, Собранието на македонските претставници еднодушно реши:

1.да се даде на знаење најнапред на Високата Порта преку главниот управител (валијата) на Македонија, праведните барања на македонскиот народ да се исполнат со брзото применување на чл. 23 од Берлинскиот договор.

2. Ова решение да им биде врачено на конзулските претставници на големите сили - потписнички на Берлинскиот договор со молба големите сили да се застапат пред Високата Порта за применување на чл. 23 од Берлинскиот договор. Во случај Високата Порта,да не стори ништо, Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македонија за Македонија, за воспоставување на древната Македонија.

За Привремената влада на Македонија

Претседател: Васил Симон

Секретар: потпис нечитлив

Главен командант на воените сили

на Македонија: Крамонтов“

Македонска нација

 

На прво место

News image

Ако тоа не е мешање во внатрешните работи, тогаш не знам што може да се нарече мешање

Лавров: Русија не се меша за референдумот во Македонија за разлика од западните лидери

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.