Вторник, 24 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
На 24 мај се празнува денот на светите солунски браќа Кирил и Методиј или денот на сеславјанските просветители

kiril-i-metodij-freska

На 24 мај се празнува денот на светите солунски браќа Кирил и Методиј или денот на сеславјанските просветители. Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата славјанска азбука - глаголицата. Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај ст. ст.) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

Почнувајќи од шеесетите години на минатиот век, секоја година традиционално во Рим се одбележува Денот на св. Кирил и Методиј со посета на државна и црковна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во Црквата „Св. Климент“. Поглаварот на МПЦ ОА чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил, додека неколку дена во Рим трааат деновите на македонската култура. Истовремено, празникот се слави секаде каде што живеат Македонци.

Создавајќи ја првата славјанска азбука, преведувајќи ги на старославјански (на јазикот на македонските славјани околу Солун) најпотребните богослужбени книги и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други славјанска просветители, Солунските браќа Кирил и Методиј станаа најзаслужни за славјанската просвета, богослужба и култура.

Македонскиот деец Спиро Константинов Гулапчев (1856 - 1918) кој меѓу првите ја лансирале концепцијата за одделната политичка целост на Македонија и е еден од првите заговорници за Балканската федерација, во неговата книга „Еден поглед по етнографијата на Македонија" (Габрово, 1887 г.) говорејќи за употребата на македонскиот јазик ќе забележи: „ ...Слушам од еден славјанофил во Русија дека ние Македонците требало да го земеме за книжевен јазик славјанскиот јазик, а не сегашниот новобугарски, бидејќи тоа за нас преставува една голема гордост, а навистина и нашиот македонски бил славјански јазик

Од извадоците на неговиот труд можеме да забележиме дека што се однесува за границите на Македонија, Гулапчев смета дека „ ..Македонија треба да составува одделна политичка целост на Балканскиот  Полуостров. Тоа се бара од интересите на македонските населенија, без разлика на народност, тоа се бара од интересите на федерацијата на Балканскиот Полуостров, која пак се бара од интересите на сите балкански народи; тоа се бара од интересите на прогресот и на цивилизацијата... ‘.

Исто така, свесен за судирот на интересите на големите сили на Балканот, Гулапчев како противтежа гледа решение во обединувањето на балканските народи и вели: „ ... Идната федерација на Балканскиот Полуостров треба да се состои од овие политички целини или состави: 1. Македонија, 2. Епире-Албанија, 3. Европска Турција, 4. Црна Гора, 5. Романија, 6. Србија, 7. Бугарија, 8. Грција.  Во истото време ќе се прогласи Балканската федерација за неутрална.“

Денес, по повеќе од еден век од објавувањето на ставовите на Гулапчев, кога треба да го чествуваме Денот на Кирил и Методиј, наместо гордо да звучи македонскиот збор, ние се соочуваме со наметната Тиранска платформа, а од Собранието на Македонија и од кабинетот на наводниот претседател на македонскиот парламент се слуша албанскиот збор и се вее албанско знаме. Тешка правокација за македонскиот и останатите славјански народи.

Точно е дека „врне дожд еднакво за сите, дека сонцето подеднакво грее за сите и дека сите дишеме воздух еднакво.Но исто така е  точно дека во македонскиот парламент не спојува еден јазик, а тоа е македонскиот. Срамота е со воведување на двојазичност да се дозволи да се потисне македонскиот јазик, а сите други славјански или неславјански заедници (Турци, Роми, Боњаци, Срби и др.) да бидат слепи и глуви.

Некој намерно не прави сите нас слепи или глуви за да не го видиме она што се случува, воведување двојазичност на целата територија, федерализација и поделба на земјата. Тоа се истите тие западни сили чии епископи, попови и црнорисци во минатото ја подигнаа тријазичната ерес, кои дозволуваа единствено Бог да се слави на еврејски, елински и латински, а се спротивставуваа на Кирил и Методиј што создадоа книги на славјански јазик, за да потоа ги прогонат и нивните ученици.

Македонија денес, благодарејќи на лидерот на СДСМ Зоран Заев е влезена во фаза на трансформација. Од славјанска има тенденција да стане албанска, што би бил голем срам за македонскиот народ. Светите апостоли Кирил и Методиј и нивните ученици сигурно денес не би можеле да ја препознаат својата родена земја и својот народ, зошто вирусот кој го подметнаа Зоран заев и пратеникот Талат Џафери брзо се шири и ја разнебитува библиска Македонија.

За­ев поддржан од Западот не раз­би­ра де­ка албанските партии во земјата предводени од таквите како Талат Џафери и Зијадин Села не­ма­ат интерес да рабо­тат за целовитоста на македонската држава. Нивните погледи се свртени кон Тирана, Приштина, Рим и Брисел. Тие слепо веруваат на создавање на Голема Албанија и отворено ги најавуваат своите потези за разнебитување на Македонија. Сеуште се свежи сеќавањата на протерувањето на неалбанското население од Косово во 1999 од Косово и во 2001 година од северозападниот дел на Македонија. И ден денес протераните семејства не можат да се вратат во своите домови.

Останува прашањето кој сега ќе ја преставува државната делегацијата од Македонија која  на 24 мај треба да се поклонува на гробот на сесловенскиот просветител Свети Кирил во Црквата „Св. Климент“ во Рим?  Енигмата дали Зоран Заев, Али Ахмети, Зијадин Села или Талат Џафери ќе одат во Рим за да се поклонат на гробот на филозофот, наскоро ќе се реши. Но по се изгледа дека последните тројца денот ќе го искористат да положат цвеќе на гробовите на борците на УЧК паднати во борбата за создавање на Голема Албанија!?

Единствено што може да го спречи спроведувањето на ова сценарии е обединувањето на сите прогресивни сили на македонскиот народ и сите други заедници кои живеат и ја сакаат Македонија. Исто така, обединување на сите балкански прогресивни движења и спротивставување на насилна промена на границите на Балканот.

Во моментот, ВМРО ДПМНЕ е единствена партија која заради многу историски причини и други фактори, има должност и мора да го поведе македонскиот народ во одбрана на името, јазикот и идентитетот. Македонија мора да опстане. Како што пишува Гулапчев „тоа го бараат интересите на македонските населенија, без разлика на народност, тоа се бара од интересите на федерацијата на Балканскиот Полуостров, која пак се бара од интересите на сите балкански народи; тоа се бара од интересите на прогресот и на цивилизацијата... ‘.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.