Понеделник, 11 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
И печалбарите имаат свој карневал - Белградска „Политика“ 1938 г.

Македонска нација

Секоја година на денот на Св. Василије печалбарите од селата Вевчани и Октиси кај Струга, приредуваат карневал под ведро небо. На ширината, на сред село, се собира народот за да ги гледа маскираните и костимирани учесници, василичари, меѓу кои има и деца, а тука се селаните кои се смејат на лакрдиите на своите маскирани сограѓани...“ – пишува белградска „Политика“ во 1938 година.

dosie-politika

Во пресрет на Стара Нова година и Василица, во Вевчани и оваа година ќе се оддржи традиционалниот карневал чија традиција има длабоки корени во минатото. Денес овој пагански обичај посветен на Св Василиј, кој е стар повеќе од 1400 години, единствено се има задржано во Вевчани и се одржува на 13 и 14 јануари секоја година. На тој ден се дочекува Новата православна година и се испраќа старата.

Вевчанските василичари, учесници во традиционална вевчанска поговорка, поединечно или во групи од сите возрасти, облечени во разни маски, преку шеги, песни и игри кои го прават карневалот привлечен не само за жителите од околните места, туку и пошироко, и оваа година уште еднаш ќе му покажат на светот дека народ што има обичаи и традиција не може да изумре.

Вевчанскиот карневал го привлекува вниманието на пошироката јавност многу одамна. Белградска „Политика“ од  22 јануар 1938 година, во текстот објавен под наслов „И печалбарите имаат свој карневал“  пишува:

„Секоја година на денот на Св. Василије печалбарите од селата Вевчани и Октиси кај Струга, приредуваат карневал под ведро небо. На ширината, на сред село, се собира народот за да ги гледа маскираните и костимирани учесници, василичари, меѓу кои има и деца, а тука се селаните кои се смејат на лакрдиите на своите маскирани сограѓани.

Овој обичај се одржува во двете села од древни времиња. Воведен е веројатно по угледот на покладните маскаради, па се одржува на денот на Св. Василиј поради тоа што тогаш печалбарите се во селото, зошто по Поклади веќе заминуваат на печалба.

Интересно е да се напомене дека оваа година покрај двете групи василичари била формирана и трета група која собирала доброволни прилози за читалиштето во Вевчани“.

dosie-politika-2

Додека во Вевчани подготовките за традиционалниот карневал се во најголем ек, во Октиси денес е мирно. Ова големо и познато село во Струшкиот регион, кое според една од тезите се смета дека името го добило од латинскиот збор octus (што претставува осум рано христијански цркви), неофицијално има над 4.000 жители. Според втората теорија, името го добива според печалбарската сторија во која жената по долго отсуство на својот маж кога се вратил извикала „Ох ти си“. Како и да е, Октиси кое е печалбарско село, од кои на 40 % се на привремена работа во странство, официјално брои 2.479 лица, од кои само 16 % се православни, па тука лежи и причината зошто денес во ова село не се одржува традиционалниот карневал како некогаш.

Иако голем дел од населението се Македонци од православна и исламска вероисповед, доминантното муслиманско население во Октиси не само што го искоренило овој обичај од селото, туку нему му сметаат и изборот на уникатни костими кои покрај традиционалните маски на вевчанскиот карневал (Невеста и Зет, Глупав Август, Музичари и Ѓаволи), ги презентираат групите и го исмеваат секојдневниот живот и политичките случувања.

Наместо да се гледа на овие уникатни маски како на правокација, многу подобро би било кога жителите на Октиси како и сите други би го прифатиле овој обичај како обична шега, народна мудрост со која се исмеваат сите без разлика на припадност, вера, пол или позиција во општеството. Многу подобро би било кога заедно со Вевчанци би го испратиле злото и би  посакале бериќетна година. А уште подобро би било кога и самите жители на Октиси би го обновиле древниот обичај. Тогаш и тие, како и Вевчанци, би можеле да направат туристичка атракција, која би им донела дополнителни приходи и развој на ова печалбарско село.

Овогодишните преткарневалски случувања во Вевчани почнуваат со театарската претстава „Ни ваму, ни таму“ на 10 јануари, а наредниот ден ќе бидат одржани два концерта на културно-уметничкото друштво „Дримкол Вевчани“. На 12 и 13 – ти јануари кога свечено ќе започне карневалот, во вечерните часови гостите ќе ги забавуваат познати пејачи и музички групи од Македонија и соседните земји. Карневалот завршува со церемонијално палење на маските на зајдисонце на Василица, 14–ти јануари, кога започнува новата година според стариот календар. 

Фрлањето на маските во огнот го симболизира уништувањето на злото и влегување со чиста душа во Новата година. Затоа да ги фрлиме маските сите и да влеземе во Новата година исполнети со позитивни мисли. Дарувајте љубов и подајте им ја раката на своите најблиски, на своите комшии, како и на сите оние на кои им е потребна, за да има доверба и просперитет.

Досие „Политика“

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.