Среда, 13 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Календарите и прославувањето на Божиќ

Hortus Deliciarum Die Geburt Christi

Иако се правени обиди за усогласување на празнувањата, разликите остануваат, и покрај укажувањата на математичарите дека ако продолжат да се применуваат и двата календара, дел од православците Божик во 2101 година наместо на 7 ќе го слават на 8 декември. Тоа е затоа што стариот Јулијански календар доцни зад соларниот еден ден на секои 128 години, што кај Грегоријанскиот календар се случува по 3300 години.

Во времето на Отоманската империја цариградскиот патријарх Еремија го одбил предлогот на папата за прифаќање на Грегоријанскиот календар и за усогласување на верските празници. Примената на Грегоријанскиот календар во православните христијански цркви почна во првите децении на 20 век, на инсистирање на вселенскиот патријарх Јоаким.

Во 1919 година новиот календар е прифатен во Кралството на СХС, во 1923 во Грција, а потоа и во Бугарија, Романија и Турција.

Меѓутоа дел од калуѓерите на Света Гора, Ерусалимската патријаршија, Руската, Српската и Македонската православна црква и натаму се водат според Јулијанскиот календар, за разлика од Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот.

Стариот Јулијански календар според кои се води и Македонските православна црква, датира од 46 година п.н.е, кога римскиот император Јулиј Цезар го ангажирал александрискиот астроном и математичар Сосиген да изработи нов попрецизен календар. Тогаш во Рим се воведува календар базиран на египетскиот со 365 дена поделени во 12 месеци, наречен Јулијански според Јулиј Цезар. Во него секоја четврта година е престапна, а 366-тиот ден се додавал во февруари кој бил последен месец во годината. Со новиот Јулијански календар почетокот на новата годината, што дотогаш бил во март е префрлен на 1 јануари.

Во 325 година од нашата ера на првиот Вселенски собор на тогаш единствената Христијанска црква во Никеја е одлучено да биде прифатен Јулијанскиот календар и по него да се сметаат значајните датуми од историјата на христијаните. На Соборот во Никеја учествувал и претставник на градот Скупи, своевремено голем регионален културен центар, врз чии ѕидини е изградено Скопје.

Подоцна е утврдено дека годината според Јулијанскиот календар е подолга за 11 минути и 14 секунди од природната соларна година, со што на секои 128 години се создава разлика од еден ден. Во 16 век разликата достигнала 10 дена што предизвикувало проблеми во одредувањето на Велигден, најголемиот христијански празник што секогаш се врзува за пролетната рамноденица и првата недела по првата полна Месечина. Затоа папата Гргур 13 во 1582 година извршил ревизија на Јулијанскиот календар, со што е создаден Грегоријанскиот календар, до денес општоприфатен во светот, според кој годините се бројат од раѓањето на Исус Христос. Со була на папата Гргур 13, денот по 4 октомври не се сметал како 5-ти туку како 15 октомври, со што е "испеглана" разликата од 10 дена. Разликата во траењето меѓу Грегоријанската и природната година е надмината со тоа што не е престапна секоја четврта година. Последните години од вековите што не се делливи со 400 без остаток не се сметаат за престапни. На пример, 1900 за разлика од 2000 година не е престапна бидејќи не е деллива со 400.

Иако многубројна популација луѓе времето го бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја, Грегоријанскиот календар денес е главниот временски ориентир по кој најголем дел од луѓето во светот ги одбележуваат настаните.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.