|
||||
ГАЛИЧНИК И ГАЛИЧКАТА СВАДБА ВЕЧНО ЌЕ ОПСТОЈУВААТ |
ТЕКСТ И ФОТО: КИРО КИПРОСКИ ГАЛИЧНИК И ГАЛИЧКАТА СВАДБА ВЕЧНО ЌЕ ОПСТОЈУВААТ Галичник и туристичката свадба „Галичка свадба“ се единствени и неповторливи во светот.Тоа го потврдуваат 45 -те досега одржани петровденските галички свадби, во 55 години ододржувањето на првата. Галичката свадба се одржува на 12 јули (Петровден) или некој ден по Петровден, викендот ( сабота и недела). И годинешното 45-то издание, како и претходните; беше убавина за очите, рај за душата, низ срмените елеци на галичани потекоа и по енкоја солза, тага за млдосгта, тага за Галичник, но и радост што Галичник опстојува, живее. Два дена од писокот на зурлите и екот на тапаните, ечера ридишата на планината Бистра, по долината на реката Радика. Два дена Галичник наликуваше во времето кога живот се живееше, свадбарски кога на Петродвден се одржуваа по неколку десеттина свадби.Околу 6.000 посетители од сите делови на Македонија и од повеќе европски држави, САД и Австралија ги следеа обичаие и со видео и фото камерите ги регистрираа сите детаљи на свадбарские обичаи и ритуали. Организаторот, Месната заедница - Галичник, иако сите учесници беа аматери, организацијата беше професионална. Посетителтие единствена забелешка упатија тоа што регионалниот паат низ планината Бистра, Маврово - Галичник, неколку часови беше блокирана за време додека премиерот Зоран Заев и минстерот Оливер Спасовски доаѓаа во Галичник и кога се враќаше од Галичник. Инаку, на досега одржаните галилчки свадби, како покровители присуствувале претседателите на државата Киро Глигоров и Ѓорѓе Иванов, премиерите на Влада, Бранко Цренковски и Хари Костов и како претседатели Саво Климовски, Никола Поповски и Љупчо Јордановски. Пред осамостојувањето на Република Македонија, на Галичката свадба присуствувале врвни републички и функционери на СФРЈ, вакво нешто не е регистрано. Годинава беше засилено обезбедвуањето со полициски сили:специјалци, припадници на дражавната и јавната безбедност, Галичник беше надлетуван со хеликоптер итн. |