Среда, 25 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Шпигел за спорот со името Македонија: „Она што Грција го прави е апсурдно“

spiegel

Штефан Требст, професор по историја на културата на источна Европа при Универзитетот во Лајпциг и еден од водечките германски експерти за Македонија, во интервју за магазинот „Шпигел“ го оценува како апсурдно однесувањето на Грција.

Целост интервјуто :

„Шпигел“: Има ли рационална причина зошто Македонија не треба да може да го користи своето уставно име на меѓународно ниво?

Требст: Од грчка гледна точка, тоа е опасност за земјата, ако името на соседната држава се однесува на регионот на истоимената грчка покраина. Ова е апсурдно, бидејќи Грција со децении е членка на НАТО и на Европска унија и има далеку поголема армија од малата Македонија. Поради таа причина, грчкото гледиште е ирационално во однос на надворешната и безбедносната политика.

„Шпигел“: Дали Грција се плаши дека Македонија директно или индиректно има територијални претензии против Грција?

Требст: По Втората светска војна, шефот на југословенската држава Тито сугерираше дека одредени крајбрежни региони во северна Грција, вклучувајќи го и градот Солун, треба да ѝ припаднат на Југославија. Ова беше повторно објавено во 1991 година, кога Македонија ја прогласи својата независност, од страна на националистички грчки политичари и делови од Грчка православна црква. Но, ниту еден сериозен политичар во Македонија денес не покренува ревизионистички или територијални барања.

„Шпигел“: Од грчка перспектива, Македонците се дел од заедничкото хеленистичко наследство. Бидејќи тие не постоеле како независна нација, аргументот е дека не може да има земја со такво име. Дали се во право?

Требст: Како историчар, не гледам дека овој поглед е конзистентен. Старите грчки градови-држави ги сметале античките Македонци за варвари. Не е во ред тие да се воведат во хеленистичкото наследство. Подлога за враќање на ова гледиште беше идеолошката програма што ја почна национал-конзервативната македонска влада од 2006 до 2016 година.

„Шпигел“: Што беше проблематично во тоа?

Требст: Поврзувањето на Македонците што зборуваат словенски јазик со античкото грчко наследство, на пример, именувањето на аеродромот во Скопје по Александар Велики – тоа беше врвна провокација за Грците. Со ова може да се види како функционираат двете трансверзални историски или неисториски аргументи.

„Шпигел“: Не само Грција, туку и другите три големи соседи Србија, Бугарија и Албанија, повеќе или помалку го оспоруваат постоењето на македонската нација?

Требст: Тоа не е изненадување, бидејќи Македонија беше и е центар на Балканот. Сите четири соседни држави сакаат да пристапат во овој регион или сакаа да го анектираат во минатото, користејќи различни аргументи – од јазични до културни и историски. Овие четири соседи ја признаа Македонија како држава, па би било добро ако признаат дека постои и македонска нација. Тоа во голема мера ќе ја релаксира ситуацијата во регионот.

„Шпигел“: Во моментов, владите на Грција и на Македонија се оптимисти дека конфликтот наскоро ќе биде решен. Како ги оценувате изгледите за ова?

Требст: Најмалку во Македонија има оптимизам за тоа. Новиот социјалдемократски шеф на Владата, Заев, е под голем притисок од очекувањата. Компромис со Грција ќе биде тест за него, бидејќи тогаш Македонија ќе биде вклучена во НАТО и може да почне преговори со ЕУ. Ако не биде постигнат компромис, тогаш ја гледам Македонија во уште поцрно светло отколку во изминатите десет години од националистичкиот режим.

„Шпигел“: Што би значело за регионот ако, по повеќе од четврт век, не може да се постигне договор?

Требст: Би било крајно засрамувачки за ЕУ ​​нејзината членка Грција да ги става, наводно, националните интереси надвор од заедничкиот интерес на ЕУ да ги апсорбира Македонија и Западен Балкан на среден рок. Сценаријата од кои се стравуваше во 1990-тите, како поделба на Македонија меѓу Белград и Атина, српска воена интервенција или окупација од Бугарија, денес повеќе не се релевантни.

„Шпигел“: Што би било поверојатно сценарио во случај на неуспех на преговорите?

Требст: Во случај на непостигнување согласност во спорот за името, нестабилната рамнотежа меѓу мнозинското славофоно население и големото албанско малцинство во Македонија би можела да се наруши. И токму тогаш македонските Албанци би се свртиле повеќе кон Албанија. На пример, би можеле да кажат: ‘Албанија е веќе членка на НАТО и има поголеми шанси да стане членка на ЕУ од Македонија, па затоа сакаме да бидеме дел од неа’. Тогаш опасното сценарио за внатрешно распаѓање на Македонија ќе се појави по етнички линии.

http://infoplus.mk/2018/07/21/shpigel-za-sporot-so-imeto-makedonija-ona-shto-grtsija-go-pravi-e-apsurdno/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.