Петок, 27 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Да се заштити името на Република Македонија, како и Македонскиот идентитет, јазик и историја

Lalchevska macedonia 503x281

Ви пишувам во име на скоро сите организации од Македонската дијаспора ширум светот, кои ги претставувам во Канцеларијата на Обединети нации во Женева, кадешто се одржува Советот за човекови права - највисокото тело во областа на човековите права во светски рамки, и кадешто досега и работев.

Длабоко уверена дека ја делиме истата цел: да се заштити името на Република Македонија, како и Македонскиот идентитет, јазик и историја - и дека само заедно можеме да успееме во таа цел, ве контактирам за одржување на состанок за заедничка средба на која ќе ги усогласиме конкретните чекори за заедничко делување и лобирање, внатре и надвор од државата.

Со оглед на вондредните состојби во Македонија по Договорот од 17 јуни, неопходно е да се состанеме што е можно побрзо, како и да реализираме средба со Претседателот на Република Македонија, кој ја споделува нашата цел, и кој е единственото лице кое во моментот има право на збор во Генералното собрание на Обединети нации.

Имајќи предвид дека проблемот започна во Обединети нации, и дека истиот мора таму да се реши - пред да биде зацртан Договорот од 17-ти Јуни во истата организација, од исклучителна важност е да го искористиме наредното заседавање на Генералното собрание на Обединети нации, кое почнува на 18 септември, и на кое секоја од 193-те земји членки имаат еднакво право на глас, и гласаат во просто мнозинство.

Имајќи предвид дека Генералното собрание заседава само еднаш годишно, и дека на истото ќе бидат присутни голем број на шефови на држави и влади, со цел забележување на 100-годишнината од Нелсон Мандела и неговата борба против апартхајд, од исклучителна важност е да се искористи овој момент - во смисла на датум како и главна тема за дискусија.

За таа цел, ние - речиси сите организации од Македонската дијаспора ширум светот - уште во април месец се усогласивме со три точки и почнавме да лобираме во насока на тие три точки, на надворешен план - поточно при земјите членки на Обединети нации, односно нивните Мисии при обединети нации во Њу Јорк и во Женева, како и до поединечни структури и индивидуалци со моќ во рамките на Обединети нации. За Ваша информација, писмото кое беше пратено до сите држави е во прилог. Овие три точки се подкрепени од страна на голем број интелектуалци и различен спектар на успешни поединци

во и надвор од Република Македонија.

Целта на овие три точки - и сратегијата за лобирање која веќе е почната во Женева и Скопје, и ќе продолжи со убрзано темпо во Њу Јорк - е Република Македонија да го продолжи своето членство под уставното име, со Резолуција која би била предложена на Генералното Собрание во Септември. За таа цел - и со цел да добиеме поддршка од страна на мнозинството на земјите членки на Генералното Собрание - е потребно да се обелодени коренот на проблемот, односно столетието на негирање на постоењето на македонски идентитет и јазик, кое беше подкрепено со злосторства против човештвото, вклучително и геноцид.

Имајќи го тоа предвид, потребно е да се побара и формирање на независна Комисија за увид во тие злосторства, која воедно и ќе ги поврзе истите со целта на спорот со името и целта на Договорот. Нормално бараме и укиување на договорот.

За истото да се реализира, потребна е поддржка од Претседателот на Република Македонија, со кој остваривме средба во почетокот на овој месец. За жал, единствениот одговор кој го добивме од неговиот кабинет, не покажа целосна поддржка на овие точки, ниту пак јасна слика за начинот на кој тој ќе го одбрани името на Република Македонија, како и идентитетот и јазикот на македонскиот народ и неговата историја.

Во тек сме на подготовка за лобирање во Ну Јорк на маргините на Генералното Собрание кое почнува на 18-ти септември. Ова е последната шанса која и се пружа на Република Македонија, пред да биде зацртан договорот за секогаш во меѓународни рамки. За таа цел, најважно од се е усогласување на излагањето на Престедателот со овие три точки - кои ние ќе го поткрепиме и за кое ќе го подготвиме политичкиот терен со лобирање. Доколку од него нема јасна определба за истите, и конкретни чекори кои ќе ги преземе, било каква вербална заложба за македонскиот идентитет, јазик или името, ќе бидат капка во вода - премала и предоцна искажана за да има било каков ефект.

На народот му е доста од искажани желби.

Сите чекаме конкретни чекори - па макар и чекори кои се ризик. Повеќе немаме што да изгубиме.

За таа цел, се обраќаме кон Вас, сметајќи дека вие, како застапници на гласот на граѓаните на Република Македонија, ќе не поддржите со овие чекори, и ќе може да направите пресврт, во однос на разбирањето за овие три точки од страна на Претседателот, и во однос на целосната политка која се води во насока на зачувување на името, идентитетот, јазикот и историјата на Република Македонија и македонскиот народ.

Доколку сметате дека и Вие би застанале зад овие три точки, сметаме дека со тоа ќе се заокружи и поддршката за “Се-македонска стратегија и акциски план за зачувување на името, идентитетот, јазикот и историјата на Република Македонија и македонскиот народ, со која ќе бидеме посилни од било која внатрешна или надвореша сила, и зад која, македонскиот народ конечно ќе може да застане. Се додека сме поделени и без конкретен план за реализација, нема да добиеме поддршка, ниту од Македонскиот народ, ниту од меѓународното општество.

Срдечно се надевам дека сите ќе застанеме зад одбраната на нашата татковина заедно, и очекувам Ваш позитивен одговор. Средбата би се одржала во наредните 2-3 недели, во Скопје.

Во продолжение Ви го испраќам писмото со трите точки кое го пративме до Кабинетот на Претседателот, како и писмото во прилог кое веќе е пратено до сите Мисии при обединети нации во Женева и во Њу Јорк.

Писмо пратено до Кабинетот на Претседателот, по средба на две организации од дијаспората:

Почитувани,

Би сакала да Ви се заблагодарам од име на сите присутни за средбата која ја реализиравме во Сабота.

Би сакала да потенцирам три важни елементи коишто сметаме дека треба да бидат во излагањето Претседателот пред Генералното Собрание, и кои треба да се пратат како информација до Генералниот Секретар:

1) Барање да се поништи Договорот од 17 Јуни;

2) Барање за точка на дневен ред за Резолуција во рамките Генералното Собрание, со која се продолжува членството на Република Македонија во Обединети нации

под уставното име

(предлог-Резолуцијата ви е пратена во писмото на Проф. Др. Игор Јанев);

3) Барање за формирање на независна истражна комисија од страна на Советот за човекови права на Обединети нации, во Септември 2018, со цел да се утврди вистината и да се испита дали воени злосторства, злосторства против човештвото, агресија и геноцид биле извршени против македонското малцинство во Грција помеѓу 1913 година и денес. Оваа комисија треба да биде задолжена да ја утврди врската помеѓу овие минати прекршоци, и сегашните политики за негирање на македонскиот идентитет во Грција и надвор од неа, вклучително и преку спорот за името и Договорот од 17 Јуни.

За овие три точки, веќе лобираме интензивно. Во прилог ја доставувам последната везија од писмото кое го праќаме, на англиски, со речникот кој треба да се употребува на англиски за овие точки. Го доставам во word со цел да биде полесно да се користи.

Наредната недела ќе ви го пратам и Акцискиот План за Лобирање во ООН - Септември 2018 - кој ќе го реализираме како диаспора, како поддршка на излагањето на Претседателот со овие три точки.

Исто така би сакала да ја потенцирам важноста и потребата да се оствари средба (пожелно пред почетокот на Генералното собрание) со двата советници на Генералниот Секретар, задолжени за превенција на геноцид, и за одговорност за заштита на човековите права. До нив е веќе поднесена жалба.

Конечно, би сакала да ја потенцирам важноста и потребата на учество на Престедателот во 39 сесија на Советот за човекови права при Обединети нации во Женева, која почнува на 10 Септември 2018, и на која, меѓу другото, ќе се фокусира на правата на малцинствата и право на детето. Ова е телото кое треба да формира независна истражна комисија. Воедно ви укажувам дека на сегашниот Високиот комесар за човекови права му истекува мандатот, и важно е да се лобира новиот комесар, уште од почетокот на неговиот мандат. Македонското прашање треба да го излобираме како негова потенцијална победа.

Ве замолувам за средба за взаемна координација и совет, во најитен можен рок, во наредниве 2 недели.

Во очекување на Ваш одговор

Со почит,

Д-р Вера Лалчевска,

Директор на заедничката канцеларија при Канцеларијата на обединети нации во Женева, на Македонски невладини организации ширум светот

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.