Среда, 22 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Македонците од Австралија,Канада и Европа повикуваат на целосен бојкот на референдумот

11111

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА,КАНАДА и ЕВРОПА ПОВИКУВААТ НА ЦЕЛОСЕН БОЈКОТ НА НЕЛЕГАЛНИОТ, АНТИМАКЕДОНСКИ И АНТИУСТАВЕН РЕФЕРЕНДУМ

Режимот на Зоран Заев на 30-ти јули распиша консултативен референдум на кој гласачите на Македонија се повикани да се изјаснат за прашањето: ”Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?” Со вакво манипулативно, перфидно прашање режимот со обидува да ги замајува гласачите и да го прикрие фактот дека договорот со Грција изрично бара Македонија да се самоукине како држава и Македонците како народ, за да се отворат пристапни преговори за влез во гореспоменатите Евроатлантски институции.

Меѓутоа од првиот ред на штетниот и антимакедонски Преспански Договор се гледа каква е намерата на Грција и какви цели се обидува да постигне.

Во Преамбулата се пишува следното: ”Првата страна, Грција („Првата страна“) и Втората страна, која беше примена во Обединетите нации согласно резолуцијата 47/225 од 8 април 1993 г. на Генералното собрание на Обединетите нации („Втората страна”), заедно именувани како „Страните.” Значи, нашите “искрени пријатели” Грците, не допуштиле ниту во првиот параграф да се спомне дури навредливата референца, а камоли зборот Македонија. И некои ќе кажат дека со ова парче хартија не имаат “признаено”. 

Во ниту една точка на овој антимакедонски договор не пишува дека Првата страна (Грција) признава македонска етничка припадност и  македонски јазик. Тука е клучен членот 7.

Во член 7(2) се пишува следното за употреба на зборовите Македонија и Македонски: “Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден”.

Во член 7(3) стои дека:“Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во член 7, став (2).” Но тука воопшто не се спомнува македонски јазик, народ, историја и наследство за разлика од точка 7(2) каде што се спомнува елинска цивилизација, историја, култура и наследство во северниот дел на Грција ( Егејска Македонија). Значи се оградува и се цементира митот дека во северниот дел на Грција живеат само Елини, додека во Република Македонија (Северна Македонија според договорот) живеат луѓе со нивната “сопствена историја, култура, и наследство”, без да се именува македонскиот народ и точно кои се тие- значи безимени луѓе. Ако ова е потврда на македонскиот јазик и идентитет како што тврдат апологетите на квислиншката влада, само за тоа што индиректно овозможува Македонците во Република Северна Македонија да кажуваат дека го зборуваат македонскиот јазик и да се нарекуваат Македонци врз основа на “различен историски контекст и културно наследство” (член 7 (1), без притоа да се спомнува македонски јазик и македонски идентитет, подобро би било воопшто да не постои членот 7(3). Со други зборови, Грција тука не презема ниикаква обврска да признае македонски идентитет и јазик и арогантно ни праќа порака дека можете да се викате како што сакате во вашето мало гето, но ние воопшто не го признаваме тоа и ќе продолжиме да ве ословуваме во согласност со нашите национални интереси внатре во Грција и меѓународно. Грчкиот премиер Ципрас веќе неколку пати изјавил дека со овој договор Грција не признава посебен македонски етнос и јазик.   

Во член 7(4) пишува дека “Втората страна изјавува дека нејзиниот официјален јазик, македонскиот јазик, спаѓа во групата на јужнословенски јазици. Двете Страни изјавуваат дека официјалниот јазик и останатите одлики на Втората страна не се поврзани со античката елинска цивилизација, историја, култура и наследство од северниот регион на Првата страна.”

Во ниту една прилика овде не се споменува дека Првата страна го признава постоењето на македонскиот јазик и македонскиот народ/етничка група, но Македонија презема обврска да признава елинска култура и т.н. во северниот дел на Грција и дека македонскиот народ зборува јужнословенски јазик. Сите знаеме дека Македонскиот јазик припаѓа во групата на јужнословенските јазици, но каква е целта на ова дообјаснување кое Втората страна изричино треба да го прифати? Зошто никој не бара да има дообјаснување за другите јужнословенски јазици или другите словенски јазици? Дали треба да се дообјаснува дека англискиот јазик припаѓа на германската јазична потгрупа  или шпанскиот на романската? Целта е да се релативизира и негира статусот на македонскиот јазик како посебен јазик и да се истакнува неговиот словенски корен за да се оддалечува од неговата македонска посебност и суштина како јазик и на тој начин да се потхрани ненаучната, неисториска и исклучиво денационализаторска политичка теза дека постои “Грко-македонска лингвистичка” историја и наследство. Нема таква работа: има посебен македонски јазик со литературна форма како и посебните дијалекти, кои се зборуваат во Република Македонија, Егејска и Пиринска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и во Србија, како што има и посебен модерен грчки јазик заснован на Демотики и разлчните грчки дијалекти. Во Егејска Македонија се зборува на домородниот македонски јазик и наметнатиот грчки јазик кој има и дијалектичка форма.

Исто така описот на националноста (што во договорот значи државјанство, а не етничка припадност како што се трудат да не убедат пропагандистите на режимот), “Македонска/ државјанин на Република Северна Македонија”, го релативизира зборот Македонија и воведува друг вид на прикажување на државјанството кој има за цел да го убеди светот дека се работи за некоја нова, новоиспечена нација која е различна од таа која постоеше пред да се склучи овој асимитричен, едностран и изнуден со насислтво договор. Обидите на режимот на Заев да го залажат македонскиот народ дека “македонскиот идентитет е загарантиран” со овој договор се деманитраат од содржината на самиот договор.

Со овој договор се формира еден нов државен ентитет “Северна Македонија” и следствено на тоа нов официјален “Северномакедонски” државен идентитет кој е лоциран строго во границите на Северна Македонија. Измените предвидени со член 1(3) и (12) од договорот кои ќе задираат во Преамбулата, и на членовите 3 и 49 на Уставот, го одвојуваат македонскиот идентитет во Северна Македонија од вековниот македонски идентитет на Македонците во Егејска Македонија,како што всушност се случува и со договорот склучен со Бугарија во август 2017 год. во однос на Македонците во Пиринска Македонија. Истовремено договорот и дозволува на Грција официјално да ги присвојува и монополизира зборовите Македонија и македонски, бидејки Северна Македонија се сложува ерга омнес да го употребува новото име Северна Македонија и придавката (грчка кованица која всушност не е придавка) “На Република Северна Македонија или на Северна Македонија” ( член 1(3)(f)). Јасно е дека Македонија презема таква обврска во членовите 1(7) (8) и (9) од договорот каде што стои следното:

“(7) По влегување во сила на оваа спогодба и во согласност со одредбите од член 1, став (9) и став (10) термините „Македонија“, „Република Македонија“, „ПЈР Македонија“, „ПЈР. Македонија“, во преведена или непреведена форма, како и привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“ и кратенката „пјРМ“ ќе престанат да се употребуваат за обраќање кон Втората страна во каков било официјален контекст.

(8) По влегувањето во сила на оваа спогодба, а земајќи го предвид член 1, став (9) и став (10), Страните ќе го користат името и термините од член 1, став 3 за сите намени и цели erga omnes, односно за внатрешна употреба, потоа во сите свои билатерални односи и во сите регионални и меѓународни организации и институции..

(9) По влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна веднаш и во согласност со разумните административни практики ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел надлежните органи на земјата од тогаш понатаму внатрешно да го употребуваат името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба во сите нови службени документи, кореспонденција и релевантни материјали.”

Нема потреба овде да се зборува за оние членови од договорот со кои што се ограничува правото на слободен говор во Македонија (членовите 3(4),6 и 8), и се дозволува на Грција директно да учествува во бришењето и препишувањето на македонската историја по грчки вкус (член 8) и да побара да се казнуваат појавите на “иредентизам и непријателските активности” (заштита на правата на Македонците во Егејска Македонија и дури самото спомнување дека постојат Македонци во Егејска Македонија) (членовите 3(4),6 и 8).

Апологетите за договорот помпезно трвдат дека името на државата нема врска со идентитетот ако се задржува правото на самоидентификација. Ако Франција утре го смени своето име на Медитеранска Франција- дури доброволно и без надворешен притисок-нема поширокиот свет да го сваќа поинаку франсускиот идентитет и етнничка припадност и да се запраша зошто го смениле името?. Името на државата во голема мера го одредува и одразува идентитетот на носечкиот или мнозинскиот етнос во дадена држава. Тоа важи уште повеќе во случајот на Македонците, бидејки како народ сме биле отсекогаш негирани и асимилирани. Никаде во наметнатиот договор не пишува дека Првата страна ја признава самоидентификацијата на Втората страна, односно македонски народ, идентитет и јазик, но Втората страна се согласува дека северниот регион (Егејска Македонија) има “елински карактер”. Не се работи толку многу за тоа која нација има право на наследството на Античка Македонија,но со официјалното признавање дека “северниот регион” е “елински” од “aнтиката до денешен ден” се бришат и остават на милост и немилост Македонците во Егејска Македонија. Затоа Грција бара да се смени името на Република Македонија и овој наметнат договор целосно и излегува во пресрет и ги задоволува националните интереси на Грција. А Македонците во Егејска Македонија се бришат целосно преку изнудената промена на името на Република Македонија и измената на членот 49 од Уставот.

Со овој црн, капитулантски договор се прави самоуништување или етноцид врз Македонците во Република Македонија, се продаваат целосно Македонците во Егејска Македонија, се признава дека Македонците се "Словени", се прекинува било каква поврзаност помеѓу Античките Македонци и сегашните и зборот Македонија и придавката македонски официјално и стануваат сопственост на Грција. Затоа треба масовно да се бојкотира планираниот консултативен референдум. Заев, кој порано велеше дека резултатот од референдумот, иако консултативен, ќе биде обврзувачки за сите, дека нема да има ни ерга омнес,ни промена на уставот со цел да го заведува и замајува јавното мислење,сега вели дека тој и режимот ќе го занемарат резултатот ако е негативен и дека Собранието ќе решава за договорот и потребните уставни измени. Толку од неговата почит за волјата на народот!.

Како што знаеме без потпис на Претседателот Иванов било кој референдум распишан за договорот со Грција е нелегален. Освен тоа, без потпис на претседателот на Републиката на указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот Димитров-Коѕиас, не постои таков договор. Секако договорот е неуставен за тоа што не е склучен во името на Република Македонија и како меѓународен договор не е склучен од Претседателот на Република Македонија (член 119 од Уставот), туку од Никола Димитров, министер за надворешни работи.

И во случај да стапи во сила Законот за ратификација на Договорот Димитров-Коѕиас, одлуката за распишување на референдум со прашање во кое се спомнува Европската Унија и НАТО, во согласност со членот 120 од Уставот ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови (80) од вкупниот број пратеници (120), а стапува во сила ако на референдум за неа гласаат мнозинството (најмалку 900.001, а не 450.001) од вкупниот број запишани избирачи (најмалку 1.800.000). Освен тоа, ваков референдум  мора според законот да има задолжителен карактер и самото прашање да биде еднозначно, а не трозначно и манипулативно.

Затоа со распишување на ваков референдум Заев и режимот не само што ги кршат неколкупати законите и Уставот на Република Македонија,туку даваат до знаење дека изразената волја на македонскиот народ нема да се почитува ако тој преку бојкот одлучи да си го брани името и правото на самоопределување и самоидентификација.

Ние, Македонците од Австралија,Канада и Европа поради антиуставниот и антимакедонски карактер на референдумот и рефередумското прашање го повикуваме македонскиот народ во Република Македонија и низ светот, особено нашите родители, браќа,сестри и роднини,масовно да го искажат својот револт и отпор кон овој тековен и очаен обид да се уништи македонското име, идентитет, историја и култура преку целосен бојкот на референдумот.

Правото на бојкот е загарантирано со членот 7(3) од Законот за Референдум кој гласи:

“(3) никој не може да биде повикан на одговорност за гласање, односно негласање на референдум”.

Правото на бојкот деновиве беше потврдено од Венецијанската Комисија која изјави дека бојкотирање на референдум е демократско право на секој државјанин и дека немањето цензус на референдум е еднакво на гласање “против”.

Искористете го ова законски загарантирано право за да го зачуваме македонското име, македонскиот идентитет и македонската држава.

Затоа на 30-ти Септември, одговорот на рефередумското прашање се состои од само еден збор: БОЈКОТИРАМ.

Др Ристо Попов, Историчар и активист за македонски човекови права, Мелбурн, Австралија

Др Ицо Најдовски, Историчар и водител на Македонската Програма на Радиото 3ZZZ, Мелбурн, Австралија

Бил Николов, Претседател, Меѓународно Македонско Движење за Човекови Права (ММДЧП/MHRMI), Торонто, Канада

Крис Ангелков, Потпретседател, Македонска Заедница за Запанда Австралија, Перт, Австралија

Драган Стоиловски, Координатор, Координативно Тело на Македонската Дијаспора за Протести во Европа,Винтетур, Швајцарија

Драги Стојковски, Активист на Организацијата Обединети Македонци во Канада и Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП/MHRMI)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.