Недела, 26 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Промена на преамбулата и уставна двојазичност во Република Северна Македонија
alt

Села ја испорача сметката за поддршка на референдумот: Промена на преамбулата и уставна двојазичност во Република Северна Македонија

На централното собрание, Алијансата за Албанците, усвои декларација, во која пишува, дека на Македонија и е потребен внатрешен договор, меѓу двете најголеми заедници, Албанците и Македонците. Партијата пишува дека ќе бара измени во преамбулата на Уставот.

„Во рамки на уставните измени, кои доаѓаат како потреба и обврска од договорот со Грција, цениме дека преамбулата на Уставот, треба да ги постави граѓаните и етничките заедници на еднаква положба, без потреба еден граѓанин да се чувствува попривилегиран од друг, и една етничка заедница попривилегирана од друга. Сегашната дефиниција на преамбулата, треба да се смени, бидејќи двои од суверенитетот на државата, една етничка заедница од другите", се вели во декларацијата.

Во декларацијата пишува и дека Алијансата за Албанците, во Уставот ќе интервенира со амандман, за да се смени амандманот пет од Уставот.

„Дефиницијата за Албанскиот јазик во овој амандман е навредлив. Јазикот дефиниран како: јазик кој што го зборуваат над 20 насто од населението, и кој е различен од Македонскиот јазик, има карактер на привремено право на една страна, а од друга страна го поттикнува шовинистичкот елемент, во рамките на системот, со дискриминаторски политики, да се поттикне иселувањето на Албанците од своите огништа, да го политизира пописот на население, и да биде повод за неуспех на истиот, како што се случи со пописот 2012 година", се вели понатаму.

Повикувајќи се на заедничката декларација на албанските парламентарни партии, од јануари 2017 година, Алијансата ќе бара овој амандман да се замени со нов член на Уставот кој би гласел:

„Службен јазик во Република Северна Македонија, е Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, и Албанскиот јазик и неговото писмо."

Декларацијата ќе биде доставена до повеќе европски амбасади како и до американската амбасада, и до генералниот секретар на НАТО. Исто така, Алијансата за Албанците ќе бара албансите партии повторно да седнат на заедничка маса, за да се расправа за референдумот, за уставните измени и за внатрешниот албанско – македонски политички договор.

Инаку, Член 5 отсекогаш се однесувал на државните симболи, а член 7 се однесува на официјалниот јазик.

https://vecer.mk/makedonija/sela-ja-isporacha-smetkata-za-poddrshka-na-referendumot-promena-na-preambulata-i-ustavna

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.