|
||||
Зоран Заев како капитални инвестиции претсавува канализациони мрежи |
Заев потврди дека ниту тој ниту СДСМ можат да ја водат државата, црнилата мора да станат минатоЗоран Заев уште еднаш покажа зошто СДСМ не треба да управува со владата на Република Македонија. На Заев му требаа неколку минути за да наброи три капитални инвестиции кои се направени од оваа влада, збунето гледајќи во новинарот во првите неколку секунди го даде одговорот, дека оваа влада нема направено ништо. Канализационата мрежа од неколку стотина метри која Заев ја претстави како капитална инвестиција по долго размислување е срам од невиде и размери. Наместо нови патишта и пруги, премиерот како капитални инвестиции претсавува канализациони мрежи. Заев не спомна ништо за 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта кои ги ветуваше пред изборите од пред две години. Не спомна зошто ништо не направи. Заев уште еднаш покажа дека нема сработено ништо, се фалеше со проекти на ВМРО-ДПМНЕ како пругата од коридор 8 од Куманово до границата со Р. Бугарија. Закукулено замумулено Заев вели дека за него не е непотизам вработувањето на роднини на функционери од власта, патем признавајќи дека во изминатиов период распишал над 15.000 огласи во јавната администрација. Каде и кој се е вработен во јавнат администрација, за која додека беа опозиција велеа дека е превработена. Како сега државниот апарат кој беше гломазен стана место за вдомување на партиски подобните. Заев многу зборуваше, но малку кажа, но едно потврди, дека ниту тој ниту СДСМ можат да ја водат државата. Црнилата мора да станат минато. Оваа власт мора да си замине. ВМРО-ДПМНЕ |