|
||||
Росоклија: Оваа багра, од јули 2019 натаму, ќе биде или во бегство или во затвор |
Росоклија: Оваа багра, од јули 2019 натаму, ќе биде или во бегство или во затворГоразд Росоклија, на својот Фејсбук профил јавно запраша што сега кога Американската амбасада јавно се дистанцира од одлуките на македонските судови. Ова е неговиот пост: И СЕГА? Амбасадата јавно се дистанцира од одлуките на македонските судови, или попрецизно, употребувајќи американска терминологија, се дистанцира од travesty of justice* во македонскиот правосуден систем, во кој ,,САД истуриле преку 30 милиони долари за да биде судски систем независен од извршната власт.“ И што вика сега инсталацијава, која е на пат да сфати дека не се инсталирани да бидат власт за сериозно? Не можело да се суди Дурловски на 20 години затвор затоа што ја пеел химната! Бидејќи оваа власт е во братска прегратка со Бугарија, ќе го разберат ова, ,,Трне моме Трне, като се обрне тпкано ште ви се врне“, напишано на едно гласачко ливче во Бугарија, на првите избори после трансформацијата на Бугарија од фашистичка во комунистичка (секогаш иста). Инсталираниве се во г… до гуша и не гледаат излез за нив, а и не мислам дека постои. Амбасадата јавно се дистанцира од нивниве судски одлуки врз кои се заснова целото нивно владеење, а народот го чека моментот кога ќе се без странска заштита. Следи осуда на судските одлуки и од ЕУ. Оваа багра, од јули 2019 натаму, ќе биде или во бегство или во затвор. |