|
||||
Судскиот совет да поведе истрага кои судии го злоупотребиле авторитет на странски амбасадор |
Милошоски до Заев
Дали владата ќе покрене иницијатива во Судскиот совет за да се поведе истрага кои судии злоупотребиле авторитет на странски амбасадорПрвото прашање Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија го постави до премиерот Зоран Заев кое што се однесуваше на неговото видување за писмото кое што деновиве беше обзнането од медиумите испратено од страна на амбасадорот Џес Бејли до Основниот суд Скопје 1 до Владате преку министерството за правда до Претседателот на Судски Совет и до Претседателот на Скопска Апелација. -Почитуван господин Заев, сакав да го знам вашето мислење дали ова писмо во кое што се цитира разочарувањето на американскиот амбасадор од злоупотребата на неговата функција или амбасада е и ваше разочарување, а поврзано со можна злоупотреба и местење на одредени судски процеси при изрекувањето на мерки притвор или при определувањето на пресудите, запраша Милошоски. Милошоски го образложи прашањето дали Заев како премиер чија што влада има претставник во Судскиот совет, а тоа е министерот за правда без право да одлучува но со право да работи во Судскиот совет и да покренува иницијативи, дали владата која што ја предводи ќе покрене иницијатива во Судскиот совет според неговата надлежност за да се поведе истрага кои судии или судови злоупотребиле авторитет на странски амбасадор на пријателска држава за местење на судски процеси или на судски одлуки, или пак пресуди. |