|
||||
Тешкиот живот е заеднички за сите граѓани, Заев ги манипулира и Албанците! |
ЖИВОТОТ Е ТЕЖОК ЗА СИТЕ: Тешкиот живот е заеднички за сите граѓани, Заев ги манипулира и Албанците!„И Македонците и Албанците делат иста судбина, и не треба да се залажуваат со политика која најчесто завршува со политиканство од страна на властодршците. Наместо политика, и на Македонците и на Албанците им треба економија“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за КОХА говори за актуелните политички состојби во државата. КОХА: Поради ставот кон договорот со Грција за името, ВМРО-ДПМНЕ се сметаше за партија што ја попречува интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ. Ова доведе до меѓународна изолација на партијата. Каква е ситуацијата денес? -Не е вистина дека ВМРО-ДПМНЕ ја попречува евроатланската интеграција на државата, тоа е лажна вест и нереално чувство наметнато од власта. Верувајте дека единствената пречка за интеграцијата на државата во Европската Унија е актуелната влада. И тоа го говорат фактите. Имено членството во оваа организација треба да биде резултанта на остварен минат труд, направени реформи и подобрувања во реалните сфери. Еве речиси две години се власт, нема никакви резултатти, ниту подобрувања. Измислија некаков план 369, потоа уште еден план чие име и наратив се загуби меѓу бројните скандали, и ништо од тоа не се реализира. Најпосле оваа влада не доби препорака за почеток на преговори, а не доби затоа што со криминал и корупција нема напред. И преку нападите кон ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го одвлечат вниманието од сопствениот неуспех, а за неуспехот не треба посебно да зборувам, него го чуствуваат 2 милиони граѓани, секој час, секој ден., рече тој. Мицкоски потенцира дека за ВМРО-ДПМНЕ највисок приоритет преставува членството во ЕУ и НАТО и тука нема ниту дилеми, ниту алтернатива. -Она за што ние протестираме и го отфрламе е оној капитулантски договор кој го склучи оваа влада, а со кој се менува името на државата, се менува Уставот, се задира во нашата историја, култура. Ова е договор со кој се прифатија сите грчки барања, договор со кој се менува идентитетот, и преставува рана во срцето на секој македонец. А да не говорам за начинот на кој се постигна договорот. На таен, непринципиелен начин преку целосно ретерирање од ставовите на премиерот и владата за непромена на уставот. Кога некој ќе вети нешто, како што ветуваше Заев пред изборите дека нема да го смени уставот, а еве гледаме дека на сила ја турка таа иницијатива,тоа се вика измама. А тие измамници ни ја водат државата, вели Мицкоски. КОХА: Дали вашата партија на 15 јануари ќе го промени ставот кон договорот со Грција? -Не, нема да го промениме ставот. Фингираната јавна дебата која претходеше на која нема различни мислења, а на која има скапо платени хонорари за одредени интелектуалци кој се јавуваат во улога на експерти, нема да ни го смени мислењето за овој договор. Впрочем вистинскиот тест за тоа што мислат граѓаните беше референдумот, а ќе потсетам дека овој договор не доби согласност од граѓаните. И кога не доби согласност, власта наместо да се откаже од неговото донесување, тргна да ја гази неговата волја, па на најгруб можен начин, преку отворени притисоци, закани, мотнирани случаи потклекнаа пратеници кои го сменија мислењето, не затоа што договорот е добар, туку затоа што власта им ветуваше работи, и на тој начин постигнаа мнозинство. И сето ова се одвиваше на отворена сцена, без скрупули, така потценувачки, јавно, како на пазар, се дозволи трговија со судбини, со името на државата, со честа на луѓето. Но што и да прават, срамот останува, а тој ќе ги следи за навек, оние од власта кои ја газат волјата на народот. Сето ова сакаат да го дефокусираат со милион други теми во кој по можност главен актер би била ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е само попусто одвлекување на вниманието. Јас би бил најсреќен да имавме добар договор, кој ќе ги заштитеше идентитетот, јазикот, културните особености. Да немаше промена на Уставот. Но Преспанскиот договор не е тоа. И ние не го поддржуваме не затоа што сакаме да тераме инает, или пак да ја блокираме државата, туку затоа што договорот е штетен. Ова мора да го свати секој еден граѓанин, вклучително и Албанците. Да ја разберат нашата позиција, и нашиот став. Се работи за името, најсветите чуства на еден народ, неговиот идентитет. А ние друга држава немаме, но постојано кај нас преовладува чуството дека се губи, губат Македонците, но губат и сите други. Сигурен сум дека било кој друг народ, вклучително и Албанците би се чуствувале многу лошо доколку некој сака д им го промени идентитетот, името на државата од каде водат потекло, и некој како на пазар да си поигрува со нивната чест и достоинство. Се разбира дека би биле погодени, би биле разочарани и длабоко повредени. Ете тоа сега се случува со нас Македонците, истакна Мицкоски. КОХА: Кој е вашиот став во врска со барањето на Алијансата за Албанците на Зијадин Села за промена на Уставот во делот каде што се регулира службената употреба на албанскиот јазик и се заменува формулацијата “20 проценти” со “албански јазик”?` -Процесот за уставните амандмани и расправата околу нив е фарса и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во третата конечна фаза нема да учествуваат. Ваквите предлози кои ги споменувате дополнително ја поларизираат состојбата, а за тоа е виновен Заев и актуелната влада. Наместо да интегрираат, тие дезинтегрираат и отвораат процес каде може да се покренат рашања кои нема да не зближат. И во ред јас сум подготвен да разговарам за секој проблем и барање на било кој, да дебатираме со аргументи, факти, но во исто време ајде да разговараме и за положбата на Македонците во Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар. Ајде да разговараме за тоа зошто не е закована ниту шајка во училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, иако премиерот вети дека ќе се реконструира, зошто не се вработува ниту еден македонец во тетовската општина, зошто градоначалничката нема слух и не гради капела на православните гробишта во Тетово, зошто некој воопшто да се запишува на факултет по некакви квоти, криетериуми, а едоноставно не се почитува мерит системот каде треба да се изберат најдобрите. И до кога ќе го трошиме времето на политички барања, а не да решаваме реални проблеми. И знаете што е поважно од предлозите кои се со политичкки предзнак,тоа е сиромаштијата која е подеднаква за сите граѓани. И Македонците и Албанците делат иста судбина, и не треба да се залажуваат со политика која најчесто завршува со политиканство од страна на властодршците. Наместо политика, и на Македонците и на Албанците им треба економија. Дајте да збориме за тоа. Знам дека албанците исто како и голем дел од Македонците положија големи надежи во Зоран Заев. Нема да кажам дека тогаш погрешија кога го дадоа својот глас, тоа било нивно право и знам дека е револт поради неисполнетите ветувања кон нив од страна на сите политички партии. Но еве сега поминуваат две години од неговото владеење, Заев како што ги измами Македонците, ги измами и Албанците. Тие, исто како и Македонците, не живеат подобро, туку и полошо. Уште нема канализација во Полошко и Кумановско, нема просечна плата од 500 евра како што ветуваше, нема ниту нов автопат од Гостивар до Кичево, нема водоводи во населените места во Кумановско кои во летниот период мака мачат за капка вода. Нема нови инвестиции во зоната во Тетово, а ветуваа нови работни места. Земјоделците исто така се измамени. Студентите не живеат подобро. Знам дека младите од Дебар, Тетово, Кичево, Куманово се иселуваат во странство исто како и младите од Струмица, Радовиш и Берово. Тоа е тажната судбина, која мора да ја смениме, а ќе ја смениме кога ќе се стави крај на политиканството и ќе се посветиме на решавање на реалните проблеми, порача Мицкоски. КОХА: Што планирате да промените од актуелната политика на вашата партија кон Албанците? Дали и понатаму ќе продолжувате со Вашата реторика да ги сметате како граѓани кои не треба да имаат еднакви етнички права како Македонците, кои за политичкиот дискурс на ВМРО-ДПМНЕ се привилегиран народ? -За ВМРО-ДПМНЕ во оваа држава нема граѓани од прв или од втор ред. Во оваа држава проблемите се исти за сите, и маката која ја споделуваат граѓаните е иста.ÂÂ Минатата недела излегоа тетовчани на протест против коцкањето, рамо до рамо беа Македонци и Албанци, муслимани и христијани, предходно излегоа на протест младите студентите, затоа што се протестираа против корупцијата во високото образование. Тоа се реалните проблеми, кои не познаваат национална припадност. Ние можеме целото време да го посветме на политиката, но тоа нема да може да донесе појадок на трпезата, ама развиената економија може, а тоа е најважно. И ниту едно од овие политички теми би биле актуелни доколку би биле општество со развиена економија, добар живот, двоцифрен раст на иднустриското производство, развиени и квалитетни универзитети. ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди концепт кој ќе ги реши реалните проблеми на сите граѓани. А животот е прекраток и треба да престанеме да ги губиме генерациите. Не смееме да си дозволиме уште една загубена генерација. Граѓаните треба да застанат против сите празни политики и голата реторика. Да поддржат решенија кои ќе дадат одговори на нивните реални потреби. Албанците, исто како и сите други треба да го кренат гласот против неправдите и црнилата кои ги опфаќаат и нив самите. Црнилата и тешкиот живот не е само за македонците, тој е за сите граѓани. И ВМРО-ДПМНЕ подава рака за сите незадоволни, и од мене нема да чуете празна реторика, ниту пак исполнување на некакви големи сонови, но ќе видите беспоштедна борба за подобрување на стандардот на граѓаните, подеднаква борба која ќе го направи животот подобар, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. КОХА: Кој е вашиот партнер кај Албанците по слабеењето на ДПА и блиските односи што ДУИ ги има со СДСМ во Владата сега? -Вистинскиот конкурент на ВМРО-ДПМНЕ е СДСМ и Зоран Заев. И ние сме подготвени да соработуваме со секоја политичка партија, со секоја оштествена група, комора, индивидуа, професор, интелектуалец, организација која ќе ни помогне во рушењето на оваа недемократска и неспособна власт. Секој кој ја има оваа цел, и кој заеднички ќе ги споделува нашите визии и цели ќе биде наш партнер во политичкото делување, рече Мицкоски. КОХА: Дали сте размислувале да кандидирате за претседател на државата некого, за кој ќе добиевте согласност и од некој албански политички субјект? ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи кандидат кој ќе биде вистински ретседател на сите граѓани, ќе ги штити интересите на Република Македонија и ќе работи во полза на граѓаните. И се разбира тој ќе промовира своја програма, свои светогледи кои доколку наидат на поддршка од албанските субјекти, таквата поддршка ќе биде драгоцена и добредојдена. Без стереотипи, без предрасуди. На Македонија и треба човек кој ќе ја води државата и ќе ја преставува во меѓународните односи, ќе ги штити интересите на сите граѓани, порача Мицкоски. КОХА: Дали ВМРО-ДПМНЕ е посилна по напуштањето на нејзините највисоките органи, на еден Сашо Мијалков и некои други кои беа дел од последната гарнитура на партијата? -ВМРО-ДПМНЕ помина низ еден транзициски период, низ каков минувала и во минатото кога одела во опозиција. Низ таквите процеси и предизвици секогаш партијата излегувала посилна, а така ќе биде и сега. Завршува процесот на консолидација. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот е на улиците, плоштадите, протестираме и имаме свои барања. Покажуваме активизам и многу луѓе ни се приклучуваат и даваат поддршка. Ние така ќе продолжиме и во наредниот период. Да се отвораме и шириме. Правиме пактови, и создаваме сојузници во нашатаа борба против црнилата на власта, рече Мицкоски. |