|
||||
Зибери: Амнестијата не е последна отстапка на Заев |
Зибери: Амнестијата не е последна отстапка на ЗаевАмнестијата го суспендираше редот и правниот систем. Ова е ставот на правниот експерт, Насер Зибери, според кого предлагачот на Законот за амнестија воопшто не го земал во предвид функционирањето на правото и правдата. Зибери нагласи дека при усвојувањето на Законот доминирал политичкиот опортунитет, бидејќи е очигледно дека не е усвоен заради општествено помирување, туку за усвојување на уставите измени.
Зибери предвидува дека за постигнување на мнозинство од 80 гласови во Собранието за усвојување на уставните измени, граѓаните ќе платат и повисоки сметки од политичката амнестија и кои не се компатибилни со уставниот поредок.
Амнестијата не ги вклучува единствено организаторите на насилствата на 27 – ми април, оние кои го подготвија и донесоа оружјето за Собранието и претставниците на Министерството за внатрешни работи, кои дејствуваа спротивно на нивните овластувања и надлежности. Со амнестијата беа опфатени петмина пратеници од Собранието, а пратениците без дебата ги усвоија амандманите на членот 353 од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на службената должност, што е поврзано со делата за кои се обвинети бизнисменот Сеад Кочани, близок на Зекир Рамчиловиќ и Василије Авировиќ, син на пратеничката Владанка Авировиќ, која иако е пратеничка од опозицијата гласаше за уставните промени во првата фаза. Со овој член казните се намалуваат на три и четири години затвор, додека се дава можноста и за условни казни. Превземено од Алсат |