|
||||
Црнилата кои ги донесе криминалната власт на СДСМ ја уназадија Р.Македонија на секое можно поле |
Црнилата кои ги донесе криминалната власт на СДСМ ја уназадија Република Македонија на секое можно поле. Заради економското цунами на СДСМ, Република Македонија бележи пад на листата за водење бизнис на реномираниот „Форбс“.
Како што тоне Република Македонија во корупција така тоне и во економијата, а тоа е една од забелешките на „Форбс“ покрај немањето слобода, невладеење на правото и непочитување на законите од страна на власта. Ако во 2014 година Македонија се наоѓаше на високото 31 место, сега заради криминалната власт на Заев и СДСМ, земјава стигна дури на 68 место. Така наместо да ги привлекуваат инвеститорите тие секојдневно се повеќе и повеќе ги бркаат. Економијата е на дното, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 плата за лекарите, нема повисоки пензии, но затоа има повисоки плати за функционерите од власта. Додека власта си ги покачува платите, во исто време ги покачува даноците за граѓаните. ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка сега ќе плаќаат повисоки даноци за да може вицепремиерите да имаат повисоки плати и за да може директорите во сите јавни претпријатија да добијат заменици кои државата ќе ја чинат над 2 милиони евра годишно. Донесоа само живот за своите функционери и партиските послушници, а беда за граѓаните на Република Македонија. Овие црнила кои и ги нанесува СДСМ на Република Македонија мора веднаш да запрат. Многу скоро граѓаните ќе ги казнат Заев и СДСМ и ќе ја донесат зората во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ |