Вторник, 01 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
Македонец во Австралија гради компелкс во чест на Александар Велики

alt

Македонец во Австралија гради компелкс во чест на Александар Велики

Во Перт, Австралија нашиот иселеник од Егејска Македонија Тим Тутунџев, на десет хектари, изгради милионски комплекс, наречен “Александар Велики”. Поставил статуа во огромна димензија на Александар Македонски на коњот Букефал и кренал антички столбови за кралската палата.

Тутунџев во втората татковина – Австралија – предвидува во проектот да изгради и антички амфитетар и да постави статуа на Филип Втори. Во дел од комплексот има катче со автентична куќа од Егејска Македонија од 19 век во стара архитектура со семејна црква.

Тим Тутунџев, родум од грчкиот дел на Преспа, бил дете бегалец од времето на граѓанска војна. Првин заминал во Романија, од каде отишол по “леб” во Перт, Австралија. Таму тој прераснува во познат и успешен бизнисмен, кој е и пратеник во градското собрание на општина Перт. Тутунџев открива како и зошто го градел староантичкиот комлекс во Перт.

– Го градев, зашто ми е спомен за нашиот Велики Александар. Кога ќе доаѓаат гости, им ја кажувам македонската историја. Доаѓаат луѓе од цел свет и ги учам токму за древна Македонија, за македонската империја на Александар Македонски.

Во училиштата во Австралија не учат македонска историја. Треба да им ја пренесуваме нашата длабока историја, нашите корени кои датираат уште од пред три века пред Христа. И нашите и Австралијанаците треба да бидат запознати со потеклото на големата заедница од над 500 илјади Македонци на петтиот континент – вели тој. Почнал со градби од времето на Александар.

-Поставив споменик на Александар на славниот коњ, кренав и антички столбови, на кои се изгради и палатата на императорот. Има и други историски моменти од Древна Македонија, како споменик на битката со Персија, статуа на Филип Втори Македонски и амфитеатар. Направив и фамилијарна црква и изградив куќа како во селото Папли, Преспа, каде сум роден.

Не само Македонци, и туку и други симатизери на македонската култура и историја љубопитно го разгледуваат комплексот, помагајќи им да ја разберат и да го осознаат македонското милениумско минато драго ми е кога доаѓаат и наши од Македонија. Сите треба да се грижиме за нашата татковина -објаснува Тутунџев.

Извор: Маркукуле

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.