Среда, 02 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
Новата година започна со нов удар по џебот на граѓаните
alt

Новата година започна со нов удар по џебот на граѓаните

Зоран Заев им наметна нови давачки кои дополнително ќе влијаат на нискиот стандард. Годинава ќе плаќаат повисоки даноци земјоделците, договорците, вработените во ИТ индустријата. СДСМ спротивно на укажувањата на експертската јавност, бизнис секторот, стопанските комори, продолжи со имплементирање на погубните политики за прогресивен данок, на штета на граѓаните со цел остварување на своите лични интереси.

СДСМ удира и по најсиромашните кои среќата си ја бараат во обложувалниците или игрите на среќа. СДСМ сака да одземе дек и од малите довивки кои овие луѓе ги прават среќни.

Заев ја третира буџетската сметка како своја лична банкарска сметка која ја користи за спроведување на свои лични хирови и исплата на партиските потрчковци. Парите од зголемените даноци, парите на граѓаните ќе завршат во џебовите на новите заменици директори во јавните прептријатија назначени по партиски клуч кои ќе ја чинат државата неверојатни 2 милиони евра. Парите од зголемените даноци ќе одат за поголемите плати на вицепремиерите, повисоки за 8 илјади денари, пари со кои голем дел од македонските граѓаните преживуваат во текот на еден месец.

Помина уште една година, завиена во црнила. Година во која криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Заев на граѓаните им донесе неуспеси и порази на секое поле. Граѓаните се осиромашени и понижени, животот дојде единствено за државните и партиските фунцкионери на СДСМ кој се богатат на грбот на граѓаните. Партиските потрчковци ги полнат своите џебови благодарение на црните и кримални, тендери и грантови.

Наместо живот, власта донесе црнила. Наместо проспиретет, уназадување и неработење. После две години власта нема решение за најгорливиот проблем на граѓаните, аерозагадувањето, проблем кој одзема илјадници животи годишно.

Зората е пред нас, а таа ќе ги истера црните облаци кои надвиснаа над Македонија, дента кога Заев седна во премиерската фотелја. Зората е олицетворена во духот на народот, граѓаните кои се спремни да се спротивстават на неправдите кои ги донесе СДСМ.

Граѓаните ќе ги поразат црнилата, ќе го поразат Заев на следните избори и ќе го испратат во политичката историја.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.