|
||||
Повик за масовен сенароден протест на 9-ти Јануари за заштита на правниот поредок во Р. Македонија |
Повик за масовен сенароден протест на 9-ти Јануари за заштита на правниот поредок во Р. МакедонијаВо продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Координативното тело на македонската дијаспора-Европа, Канада и Австралија со кое повикуваат на масовен сенароден протест за опстанок и заштита на правниот поредок во Република Македонија:
Водени од вистинските европски принципи на почитување на уставот и правната држава, понесени од основните постулати и принципи за самоопределување и идентификација на секој народ од повелбата за човекови права при ООН, македонската дијаспора ширум светот , повикува на голем масовен протест пред собранието на Република Македонија, во среда на 9 јануари 2019 година. Тој ден ќе биде судбоносен за разбирање на минатото и иднината на македонскиот народ и држава. Ден кога нелегитимното собрание и влада ќе ги гласат уставните промени со цел бришење на државата Република Македонија и на македонскиот народ и нација. Дали мирно ќе ги набљудуваме часовите на политичко самоуништување или националната свест ќе ги надмине анемничните духови? Должност и чест е на секој Македонец, да го даде својот допринос во опстојувањето и заштитата на правниот поредок и држава. Сите кои се чувствуват како достојни Македонци , време е да го обележиме историскиот ден на револт и промена. Барања: 1. Распуштање на нелегитимното собрание и влада. 2. Повик до Претседателот Ѓорги Иванов да ја повлече гаранцијата дадена на Заев за формирање влада. 3. Отпочнување преговори во ООН под уставното име Република Македонија. 4. Предвремени парламентарни избори . Македонија вечна! Женева, Мелбурн , Торонто, 3 јануари 2019 година. Координативно тело на македонската дијаспора-Европа, Канада и Австралија |