Среда, 09 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
Зоран Заев го продава името без поддршка од народот

altПрес конференцијата на Костадин Костадинов

Зоран Заев го продава името без поддршка од народот. Референдумот е јасна порака од народот дека не е за промена на името и Зоран Заев и секој политичар треба да ја почитува истата.

Зоран Заев се надева дека со исполнување на агендата за промена на името ќе добие поддршка за прикривање на своите криминали, но тоа нема да се случи, сите криминали кои ги направи оваа власт ќе подлежат на одговорност, кога ќе се врати демократијата и правната држава.

Зоран Заев ја уназадува државата. Македонија тоне во корупција,според индексот на Транспаренси сме во друштво со држави како Танзанија и Колумбија, убиства ни се случуваат секој месец, а МВР никако да ги расчисти, економијата тоне, а бизнисот им оди само на олигарсите во власта.

Зоран Заев ја уназадува Македонија, доказ за тоа се и податоците од ДЗС, според кои трошоците за живот во 2018 година се зголемени за 1.5%, додека пак индексот на цените на мало е зголемен за 2.7%.

Зоран Заев ја уназадува државата, доказ за тоа се и пропустите во здравството и епидемијата со морбили, која директно е креирана од неодговорноста на власта, која како опозиција за ситни политички поени водеше кампања против вакцинирањето.

Зоран Заев ја уназадува државата, помина половина од неговиот мандат, а нема ниту еден километар од ветените 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.200 километри локални патишта.

Зоран Заев ја уназадува државата, ветуваше чист воздух веднаш по промената на власта, а нема направено ништо, повеќе пари одвојува за лубриканти, отколку за мерки против загадениот воздух.

Зоран Заев ја уназадува државата, тоа граѓаните го гледаат на секое поле, граѓаните знаат дека со СДСМ на власт државата само ќе тоне, а економијата забрзано оди кон провалија. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Црнилата мора да станат минато. Зората мора да изгрее.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.